Северна Рајна-Вестфалија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Покраински грб (Landeswappen)

Coat of arms of North Rhine-Westfalia.svg

Покраинско цивилно знаме (Landesflagge)

Flag of North Rhine-Westphalia.svg

Покраинско службено знаме
(Landesdienstflagge)

Flag of North Rhine-Westphalia (state).svg

Статистика
Главен град: Диселдорф
Површина: 34,084.13 км²[1]
Жители: 18,075,400(2004)[2]
Густина на население: 530 жит/км²
БДП: 463 милијарди (2002)
Веб-сајт: http://www.nrw.de/
ISO 3166-2: DE-NW
Политика
Премиер: Ханнелоре Крафт (СПД)
Владеачки партии: СПД/Зелени коалиција
Карта

Germany Laender Nordrhein-Westfalen.png

Северна Рајна-Вестфалија (германски: Nordrhein-Westfalen, или скратено: NRW) е - по население и стопанство - најголемата сојузна покраина во Германија. Покраината има преку 18 милиони жители, придонесува со 22% од германскиот бруто домашен приозвод и зафаќа површина од 34,083 км². Северна Рајна-Вестфалија се наоѓа во западниот дел на Германија и се граничи со Белгија и Холандија.

Главен град е Диселдорф, а други поголеми градови се Келн, Есен, Дортмунд, Дујсбург, Билефелд, Бон и Минстер.

Географија[уреди]

Во средиштето на покраината се наоѓа метрополитенска регион Рајна-Рур, каде се наоѓаат градовите Келн, Диселдорф и Бон, како и рурскиот индустриски комплекс. Рурската област се состои, меѓу другите, од градовите Есен, Дортмунд, Дуисбург, Бохум и Гелзенкирхен.

Покраината покрива растојание од 291 км север-југ и 266 км исток-запад.

Вкупната должина на границите ѝ е 1,645 км. Следниве земји и покраини се граничат со неа:[3]

За многу луѓе Северна Рајна-Вестфалија е синоним за индустриска област. Но најголемиот дел од покраината се состои од шуми и полиња. Јужните делови од Тојтобургшката шума се наоѓаат североисточно. На северозапад, Северна Рајна-Вестфалија помалку зафаќа и од Ајфел, кој се наоѓа на границата помеѓу Белгија и Рајнската област-Палатинат. Југоистокот е ретко населен. Тоа се областите Зауерланд и Зигерланд. Северозападните области на покраината се дел од Северноевропските низини.

Најважните реки кои макар делумно течат низ Северна Рајна-Вестфалија се: Рајна, Рур, Емс, Липе и Везер. Реката Падер, која тече низ градот Падерборн, се смета за најкратката река во Германија.

Видете исто така: Листа на места во Северна Рајна-Вестфалија.

Покраината се состои од 5 владини окрузи (Regierungsbezirke), поделени на 31 округ (Kreise) и 23 урбани окрузи (kreisfreie Städte). Вкупно, Северна Рајна-Вестфалија има 396 општини (1997), вклучувајќи ги оние кои се општини сами за себе.

Окрузи во Северна Рајна-Вестфалија:

North rhine w map.jpg

  1. Ахен
  2. Боркен
  3. Коесфелд
  4. Дирен
  5. Енепа-Рур
  6. Рајнско-ерфтски округ
  7. Ојскирхен
  8. Гитерслох
  9. Хајнсберг
  10. Херфорд
  11. Хохзауерланд
  1. Хекстер
  2. Клеве
  3. Липе
  4. Меркски округ
  5. Метман
  6. Минден-Либеке
  7. Рајнски округ Нојс
  8. Обербергски округ
  9. Олпе
  10. Падерборн
  1. Реклингхаузен
  2. Рајнско-бергски округ
  3. Рајна-Зиг
  4. Зиген-Витгенштајн
  5. Зоест
  6. Штајнфурт
  7. Уна
  8. Вирсен
  9. Варендорф
  10. Везел

Слободни градови кои не му припаѓаат на ниеден округ:

  1. Ахен
  2. Билефелд
  3. Бохум
  4. Бон
  5. Ботроп
  6. Келн
  7. Дортмунд
  8. Дујсбург
  1. Диселдорф
  2. Есен
  3. Гелзенкирхен
  4. Хаген
  5. Хам
  6. Херне
  7. Крефелд
  8. Леверкузен
  1. Менхенгладбах
  2. Милхајм
  3. Минстер
  4. Оберјхаузен
  5. Ремшајд
  6. Золинген
  7. Вупертал
Дујсбуршкото езеро Мазурен во индустрискиот регион Рур

Петте административни региони кои им припаѓаат на, еден од двата Landschaftsverbände:

Историја[уреди]

Августусбургшкиот дворец во Брил, Северна Рајна-Вестфалија.

Покраината Северна Рајна-Вестфалија била основана од британската воена администрација во 1946. Првобитно оваа се состоела од Вестфалија и северните делови од Рајнската област, поранешни територии на Прусија. Во 1947 поранешната покраина Липе била припоена кон Северна Рајна-Вестфалија, така сочинувајќи ги денешните покраински граници.

Знаме[уреди]

Знамето на Северна Рајна-Вестфалија е зелено-бело-црвено со комбинираните грбови на пруската Рајнска провинција (лела линија пред зелена позадина), Вестфалија (белиот коњ) и Липе (црвената роза).

Според една легенда коњот во вестфалискиот грб е коњот кој саксонскиот водач Видукинд го јавал по неговото крштевање. Други пак сметаат дека коњот е поврзан со Хајнрих Лавот.

Листа на премиери на Северна Рајна-Вестфалија[уреди]

Ова се премиерите (германски: Ministerpräsident) на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалја:

  1. 1946 - 1947: Рудлф Амелунксен (Центристичка Партија)
  2. 1947 - 1956: Карл Арнолд (ХДС)
  3. 1956 - 1958: Фриц Штајнхоф (СДП)
  4. 1958 - 1966: Франц Мејерс (ХДС)
  5. 1966 - 1978: Хајнц Кин (СДП)
  6. 1978 - 1998: Јоханес Рау (СДП)
  7. 1998 - 2002: Вофганг Клемент (СДП)
  8. 2002 - 2005: Пиер Штајнбрик (СДП)
  9. 2005 - 2009: Јирген Ритгерс (ХДС)

Белешки и наводи[уреди]

  1. Statistisches Jahrbuch NRW 2005, 47. Jahrgang, Landesamt für Datenverarbeitung und Statistik Nordrhein-Westfalen, p. 22
  2. Statistisches Jahrbuch NRW 2005, 47. Jahrgang, Landesamt für Datenverarbeitung und Statistik Nordrhein-Westfalen
  3. Length of borders taken from Statistisches Jahrbuch NRW 2005, 47. Jahrgang, Landesamt für Datenverarbeitung und Statistik Nordrhein-Westfalen, p. 22

Надворешни врски[уреди]



Германското знаме Сојузни покраини во Германија Германскиот грб

Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн


Знамето на Северна Рајна-Вестфалија
Градови и окрузи во германската сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија (СРВ)
Знамето на Германија

Градови

Ахен | Бершки Гладбах | Билефелд | Бон | Ботроп | Бохум | Вупертал | Гелзенкирхен | Диселдорф | Дортмунд | Дујсбург | Есен | Золинген | Изерлон | Келн | Крефелд | Леверкузен | Менхенгладбах | Милхајм | Минстер | Оберхаузен | Ремшајд | Хаген | Хам | Херне

Окрузи

Ахен | Боркен | Варендорф | Весел | Вирсен | Гитерслох | Дирен | Енепа-Рур | Зиген-Витгенштајн | Зоест | Клеве | Коесфелд | Липе | Меркски округ | Метман | Минден-Либеке | Обербергски округ | Ојскирхен | Олпе | Падерборн | Рајнски округ Нојс | Рајнско-бергски округ | Рајнско-ерфтски округ | Реклингхаузен Рајнско-зигшки округ | Уна | Хајнсберг | Херфорд | Хохзауерланд | Хекстер | Штајнфурт