Рур (река)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рур

Рур во Есен-Кетвиг.
Извор Зауерланд
Утока Рајна
51°27′03″ СГШ 6°43′22″ ИГД / 
Земји во сливот Германија
Должина 217 km
Надм. вис. на изворот 674 m
Прос. истек 79 m³/s
Сливно подрачје 4,485 km²
Сливот на Рур

Рур — средно голема река во западна Германија (Северна Рајна-Вестфалија), десна притока (источна страна) на Рајна.

Опис[уреди]

Изворот на Рур е во близина на градот Винтерберг во планинската област Зауерланд, на надморска височина од околу 670 метри. Се влива во реката Долна Рајна на надморска височина од 17 метри во градската средина на Дујсбург. Нејзината вкупна должина е 218 километри, нејзиниот просечен истек е 79 m³/s (кубни метри во секунда) кај Милхајм во близина на нејзиното устие. Така, нејзиниот истек е, на пример, споредлив со реката Емс во Северна Германија или реката Темза во Обединетото Кралство.

Градови[уреди]

Најпрвин, Рур поминува низ градовите Мешеде, Арнсберг, Викеде, Френденберг, Холцвикеде, Изерлон и Шверте.

Потоа, реката ја обележува јужната граница на областа Рур, минувајќи ги Хаген, Дортмунд, Хердеке, Ветер, Витен, Бохум, Хатинген, Есен, Милхајм и Дујсбург.

Областа Рур била главната индустриска област во текот на раните 1900-ти. Поголемиот број фабрики биле сместени тука. Окупацијата на Рур во 1920-тите од француските сили предизвикал ненасилен отпор; производството на фабриката престанало. Како резултат на тоа, хиперинфлационата криза станала уште полоша.

Езера[уреди]

Постојат пет вештачки езера на реката, често користени за рекреативни цели:

  • Хенгстојзе помеѓу Дортмунд и Хаген; површина од 1,36 км², висина на браната од 4,5 м
  • Харкортзе помеѓу Хаген Хердеке и Вертер; површина од 1,37 км², висина на браната од 7,8 м
  • Езеро Кемнадер помеѓу Витен и Бохум; површина од 1,25 км², висина на браната од 2 м
  • Балденојзе во Есен-Верден; површина од 2,64 км², висина на браната од 8,5 м
  • Езеро Кетвигер во Есен-Кетвиг; површина од 0,55 км², висина на браната од 6 м

Соседниот индустриски регион ја прифатил неговото име од оваа река.

Рур се користи за подготовка на водата за пиење и е од добар квалитет, факт кој содржи определена лингвистичка иронија, бидејќи зборот „Ruhr“ означува дизентерија на германски. Нејзините речни брегови се карактеризираат со големи отворени простори и паркови, кои се користат за рекреација.

Долината на Рур во близина на Бохум во текот на поплава

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]