Дортмунд
| Дортмунд | ||
| Хоризонт на Дортмунд | ||
|
|
||
| Управа | ||
| Земја | Германија | |
|---|---|---|
| Покраина | Северна Рајна-Вестфалија | |
| Адм. подрач. | Арнсберг | |
| Округ | Урбан округ | |
| Градоначалник | Улрих Зирау (SPD) | |
| Основни податоци | ||
| Површина | 280 км2 | |
| Надм. височина | 152 м | |
| Население | 580.956 (31 декември 2011)[1] | |
| - Густина | 2.075 жит/км2 | |
| Други информации | ||
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
| Рег. табл. | DO | |
| Пошт. бр. | 44001-44388 | |
| Повик. бр. | 0231, 02304 | |
| Портал | www.dortmund.de | |
| Местоположбата на град Дортмунд во рамките на округот Урбан округ | ||
| Координати | ||
Дортмунд (германски: Dortmund) е град во Германија. Се наоѓа во покраината Северна Рајна-Вестфалија, во областа Рур. Неговото население од 585.045 (во декември 2006) го прави осми најголем град во Германија и 41-ви најголем град во Европската Унија. Дел е од урбаната зона со некои 5,2 милиони (2009), тоа е најголемата урбана агломерација во Германија. Исто така, дел е од поголемиот метрополитенски регион Рајна-Рур со повеќе од 12 милиони луѓе.
Реката Рур тече јужно од градот, а малата река Емшер тече низ самиот град. Каналот Дортмунд-Емс исто така, завршува во пристаништето Дортмунд, кое е најголемото европско пристаниште поврзано со канал и го поврзува Дортмунд со Северното Море.
Дортмунд е познат како вестфалската „зелена метропола“. Околу половина од градската територија се состои од водотеци, шуми, земјоделски површини и зелени површини со огромни паркови, како што се Вестфалскиот парк и ботаничката градина Ромбергпарк. Ова е во спротивност со речиси стогодишната историја на експлоатација на јаглен и челик во рамките на градските подрачја.
Содржина |
Историја [уреди]
Мало село на местото на Дортмунд било спомнато во официјалните документи од 880 до 885 како Тротмани (Throtmanni). Откако било уништено во пожар, светиот римски император Фридрих I Барбароса повторно го изградил градот во 1152 и престојувал во него две години. Станал слободен царски град во 1220. Во текот на тој век, бил „главен град“ на Рајна, Вестфалија и Холандскиот круг на Ханзеатската лига.
По 1320, градот се појавува во пишаните докази како „Дропмунде“ и земјотресот во 1661 ја урнал crkvata Св. Риналд. Во тамките на пруската Вестфалска покраина, Дортмунд бил окружно седиште во рамките на административниот округ Арнсберг до 1875, по што станал урбан округ во рамките на округот. Во текот на индустријализацијата на Прусија, Дортмунд станал главен центар за јаглен и челик.
Под нацистичка Германија, синагогата била уништена во 1938. Исто така, болницата Аплербек во Дортмунд пренесувала ментални и/или физички хендикепирани пациенти за евтаназија на менталната болница Хадамар како дел од акција T4 (дополнителни 229 деца биле убиени во „детскиот специјалистички департман“, кој бил пренесен од Марбург во 1941). Цели на бомбардирањето во Дортмунд во текот на нафтената кампања во Втората светска војна биле Hoesch-Westfalenhütte AG, „Hoesch-Benzin GmBH“ синтетичка нафтена фабрика и Zeche Hansa - погон за јаглен;[2] и бомбардирањето уништило околу 66% од домовите во Дортмунд[3] и околу 98% од градскиот центар. Лозинката Dortmund бил пренесуван на радио за започнување на кампањата операција Барбароса во 1941 против Советскиот Сојуз.
Сојузничките сили стигнале во Дортмунд во април 1945. Американската 95-та пешадиска дивизија, го нападнала градот на 12 април 1945 против раштрканата германска одбрана. Дивизијата, со помош на блиската воздушна поддршка, напреднала низ руините на урбаната борба и го завршила завземањето на 13 април 1945.[4]
По војната, зградите како што се Reinoldikirche (Рајнолдикирхе) и Marienkirche (цркви) биле повторно изградени и биле проширени со широки паркови и градини. LWL-Industriemuseum почнал во 1969,[5] и градото, потоа, станал центар за хај-тек индустријата.
Главни знаменитости [уреди]
Културната историја може да се забележи по црквите во центарот на градот, чии кули го карактеризираат хоризонтот на Дортмунд. Reinoldikirche and the Marienkirche се камен-темелници на средновековната архитектура.
Центарот на градот на Дортмунд, сепак го задржал изгледот на средновековен град. Улиците во прстени го обележуваат поранешниот градски ѕид и Вестен-/Остенхелвег, делови од средновековниот трговски пат на солта, е сè уште главната (пешачка) улица во самиот центар на градот.
- Reinoldikirche, протестантска црква (околу 800)
- Petrikirche, протестантска црква, зграда, која потекнува од 14-от век. Позната е по огромниот резбан олтар (познат како „Златното чудо на Дортмунд“), од 1521. Има 633 врежани златни дабови фигури, кои создаваат околу 30 сцени за Велигден.
- Marienkirche, протестантска црква првично изграден во 1170-1200, но повторно изградена по Втората светска војна. Олтарот е од 1420.
- U-Tower, поранешна пиварница Дортмунд, сега музеј
- Florianturm, (телевизиска кула Флоријан)
- Westfalenstadion: фудбалски терен на Борусија Дортмунд, лиценциран до 2016 под името Сигнал Идина парк. Блиску до него се Westfalenhallen, голем центар за конвенции, место на неколку големи конвенции, саеми, натпревари во уметничко лизгање, концерт и други важни настани од 1950-тите.
- Вестфалски индустриски музеј Цолерн, точка на ERIH, Европски пат на индустриско наследство
- Хаус Боделшвинг (13-ти век), опкружен замок
- Хаус Делвиг (13-ти век), опкружен замок делумно обновен во 17-от век. Фасадата и стрмната кула и две згради во Фахверк, се оригинални.
- Хаус Роденберг (13-ти век), опкружен замок.
- Стара градска куќа, изградена во 1899 од Фридрих Кулрих.
- Воден замок Боделшвинг
- Стражарница Ромберг Парк (17-ти век), некогашна стражарница на замок. Сега е уметничка галерија.
- RWE кула (120 метри висок облакодер - највисокиот во Дортмунд)
- Оперска куќа (Дортмунд), оперска куќа изградена во 1966 на местото на старата синагога, која била уништена од нацистите во 1938.
- Голем музеј на уметноста Музеј за уметност и историја на уметноста (Дортмунд) и неодамна отворениот Музеј Оствал.
Спорт [уреди]
Дортмунд е дом на спортскиот клуб Борусија Дортмунд, кој ги има освоено УЕФА Лига на шампиони и интерконтиненталниот куп во 1997, како и УЕФА Купот на победниците против Ливерпул во 1966. Ова го прави првиот победник на Европскиот куп во Германија. Тие играат на Westfalenstadion, моментално познат како Сигнал Идуна парк. Бил изграден за Светското фудбалско првенство во 1974 и бил домаќин на некои натпревари во Светскиот куп на ФИФА во 2006, меѓу нив и победата на Италија од 2-0 над Германија во полуфиналето. Ова е најголемиот фудбалски стадион во Германија со максимален капацитет од 80.720 гледачи.[6]
Борусија Дортмунд исто така има е женски ракометен клуб, кој игра во првата Бундеслига, додека тимот во пинг-понг и кошаркарскиот тим СВД 49 Дортмунд играат во нивните покраински втори лиги.
Дортмунд е олимписката точка за Вестфалија.
Шаховскиот турнир Шпаркасен се одржува во Дортмунд од 1982.
Сообраќај [уреди]
Аеродромот во Дортмунд е од средна големина, но се развива со големо темпо. Се наоѓа 13 километри источно од центарот на градот, во близина на градот Холцвикеде.[7] Најблискиот интерконтинентален аеродром е Меѓународниот аеродром Диселдорф.
Централната железничка станица (Dortmund Hauptbahnhof) е третата најголема железничка станица за долги линии во Германија.
Пристаништето Дортмунд (Hafen) е најголемото канализирано пристаниште во Европа и 11-то речно пристаниште во Германија.
Дортмунд, исто така, е поврзан со главните европски и германски патишта. Ruhrschnellweg го следи стариот ханзеатски трговски пат и го поврзува градот со другите метрополи во областа Рур. Поврзан е со другите подалечни делови на Германија со A1 и A2, кој поминува непосредно на север и исток од градот и се сретнува со раскрсницата Каменер Кројц североисточно од Дортмунд. Заедно со A45 на запад, тие го создаваат обиколницата Дортмунд (Dortmunder Autobahnring).
За јавниот превоз, градот има голема мрежа на подземна железница и автобуси. Во април 2008, новоизградената исток-запад подземна железничка линија била отворена, завршувајќи го подземниот систем во центарот на градот и заменувајќи ги старите трамваи на површината.[8]
H-Bahn на универзитетот за технологија во Дортмунд е висечка самоносечка изградена специјално за пренесување на патници помеѓу двата универзитетски кампуси,[9]. Скоро идентичен самоносечки систем за пренесување на патници постои на аеродромот во Диселдорф.[10]
Економија [уреди]
Дортмунд историски важел за индустриска област. Дортмунд, сега е дом на голем број на средни претпријатија за инфомациска технологија,[11] и повеќето поврзани со програмата Технолошки центар Дортмунд на локалниот универзитет.[12] Градот соработува со истражувачките институти, приватните универзитети и компаниите за комерцијализација на научните иницијативи.[13]
Во 2009, Дортмунд бил карактеризиран како Врзол град во индексот за иновации на градовите, издаден од 2thinknow.[14]
Политика [уреди]
Политиката во Дортмунд главно ја водат социјалдемократите СПД. Од Втората светска војна, СПД е најголемата партија во градскиот совет (германски: Stadtrat). Со локалните избори во 2004, во него има 9 партии и избирачки групи (88 места; 1999: 82 места):
| Партија | Гласачи за партијата | Процент на гласачи | Вкупно места | Процент на места |
|---|---|---|---|---|
| Социјалдемократска партија (СПД) | 92.509 | 41,3% (-0,3) | 36 (+2) | 40,9% |
| Христијанско-демократска унија (ЦДУ) | 73.282 | 32,7% (-9,0) | 29 (-5) | 33,0% |
| Сојуз '90/Зелени (Grüne) | 25.635 | 11,5% (+2,6) | 10 (+2) | 11,4% |
| Слободна демократска партија (ФДП) | 8.591 | 3,8% (+2,0) | 3 (+2) | 3,4% |
| Германска народна унија (ДВУ) | 6.880 | 3,1% (+1,1) | 3 (+1) | 3,4% |
| Граѓанска листа (Bürgerliste) | 6.874 | 3,1% (+0,5) | 3 (+1) | 3,4% |
| Левица-Отворена листа (ПДС-ОЛ) | 6.346 | 2,8% (+2,8) | 2 (+2) | 2,3% |
| Лев сојуз Дортмунд (Linkes Bündnis Dortmund) | 1.751 | 0,8% (-0,2) | 1 (=) | 1,1% |
| Закон и ред Партија (Офанзива D) | 1.669 | 0,7% (+0,7) | 1 (+1) | 1,1% |
| Градски зелени (Stadtgrüne) | 265 | 0,1% (+0,1) | 0 (=) | 0,0% |
| Вкупно | 223.802 | 100.0% | 88 (+6) | 100.0% |
Од мај 2010, градоначалник на Дортмунд е Улрих Зирау (СПД). Тој ја водел коалицијата на СПД и Зелените.
Култура [уреди]
Градот има долга традиција на музика и театар. Оркестарот бил основан во 1887 и сега е нарекуван Дортмундска филхармонија. Првата оперска куќа била изградена во 1904, но била уништена во Втората светска војна и отворена повторно во 1966 како Оперска куќа Дортмунд. Управуван е од театарот во Дортмунд заедно со другите локации, меѓу нив (од 2002) и концертната сала Дортмунд. Градот е имењак на пивото Дортмунд и е дом на Пиварницата Дортмунд.
Меѓународни односи [уреди]
Ростов на Дон, Русија[15]
Амјен, Франција, од 1960[15]
Лидс, Обединето Кралство, од 1969[15][16]
Бафало, САД, од 1977[15]
Нетања, Израел, од 1981[15]
Нови Сад, Србија, од 1982[15]
Си'ан, Кина, од 1992[15]
Катманду, Непал
Наводи [уреди]
- ↑ „Населеност на местата“. „Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија“. 31 декември 2011. http://www.it.nrw.de/statistik/a/daten/amtlichebevoelkerungszahlen/index.html. (германски)
- ↑ „Историски центар Хаген: Хроника 1945“ (на германски). http://www.historisches-centrum.de/index.php?id=418. проверено на 2009-06-03.
- ↑ A. Шилт, „Општествената историја на СР Германија до 1989/90, Минхен: Олденбург, 2007
- ↑ Стентон, Шелби, Втора светска војна Битки: Енциклопедиски наводи на американската војска, 1939-1946, Stackpole Books, стр. 171.
- ↑ „LWL-Industriemuseum“. http://www.lwl.org/LWL/Kultur/wim/portal/profil/englisch/. проверено на 2009-06-03.
- ↑ „Факти & Куриозитети“. „Сигнал Идуна парк официјална веб страница“. http://www.signal-iduna-park.de/Content/Das_Stadion/Fakten_Kurioses/index.php?Z_highmain=7&Z_highsub=2&Z_highsubsub=0&PHPSESSID=83c9745cb0b4c8b508a46a600a5525e2. проверено на 10 февруари 2011.
- ↑ „Пристигнување со кола - Аеродром Дортмунд“. http://www.dortmund-airport.de/24.html?&L=1. проверено на 2009-06-03.
- ↑ „Нов У-Бан тунел: Без трамвај во градот Дортмунд“. Оливер Фолмерих. 2008-04-25. http://www.ruhrnachrichten.de/nachrichten/nrw/art1544,243917. проверено на 2008-08-28.
- ↑ „Х-железница - Рута“. http://www.h-bahn.info/en/index.php. проверено на 2009-06-03.
- ↑ „Х-железница - Небесен воз Диселдорф“. http://www.h-bahn.info/en/skytrain.php. проверено на 2009-06-03.
- ↑ „Нов Дортмунд - простор за промена“Град Дортмунд - Агенција за економски развој на град Дортмунд http://www.wirtschaftsfoerderung-dortmund.de/en/standort/. проверено на 2010-07-30
- ↑ „Нов Дортмунд - простор за промена“Град Дортмунд - Агенција за економски развој на град Дортмунд http://www.wirtschaftsfoerderung-dortmund.de/en/standort/branchen/index.jsp. проверено на 2010-07-30
- ↑ „Нов Дортмунд - простор за промена“. Град Дортмунд - Агенција за економски развој на град Дортмунд. http://www.wirtschaftsfoerderung-dortmund.de/en/standort/wissenschaft.jsp. проверено на 2010-07-30.
- ↑ „2thinknow Иновациски глобален индекс Глобал 256“. http://www.innovation-cities.com/2thinknow-innovation-cities-global-256-index/. проверено на 2010-07-30.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 15,5 15,6 15,7 „Список на збратимени градови во областа Рур“. © 2009 Twins2010.com. http://www.twins2010.com/fileadmin/user_upload/pic/Dokumente/List_of_Twin_Towns_01.pdf?PHPSESSID=2edd34819db21e450d3bb625549ce4fd. проверено на 2009-10-28.[мртва врска]
- ↑ „Партнерство Лидс-Дортмунд“. Leeds.gov.uk. http://www.leeds.gov.uk/Advice_and_benefits/Tourism_and_travel/Town_twinning/Leeds__Dortmund_partnership.aspx. проверено на 2008-10-14.
Надворешни врски [уреди]
| Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Дортмунд“. |
Податотеки поврзани со Дортмунд на Заедничката Ризница
![]() |
Минстер | Хам, Билефелд | ![]() |
|
| Есен, Дуизбург | Падерборн, Касел | |||
| Диселдорф, Леверкузен, Келн, Бон | Зиген, Франкфурт |
|
|||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||
