Моерс
| Моерс | |
| Мерскиот замок | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Северна Рајна-Вестфалија |
| Адм. подрач. | Диселдорф |
| Округ | Везел |
| Градски единици | 3 |
| Градоначалник | Норберт Балхаус (SPD) |
| Основни податоци | |
| Површина | 67,68 км2 |
| Надм. височина | 23 м |
| Население | 105.102 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 1.553 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | WES |
| Пошт. бр. | 47441 - 47447 |
| Повик. бр. | 0 28 41 |
| Портал | moers.de |
| Местоположбата на градот Моерс во рамките на округот Везел | |
| Координати | |
Моерс или Мерс (герм. Moers, застарено: Mörs; архаично хол. Murse, Murs или Meurs) е град во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија, сместен на левиот брег на реката Рајна. Припаѓа на округот Везел. Ова е најголемиот град во Германија што не е урбано подрачје и нема такви должности.
Содржина |
Историја [уреди]
Мерс за прв пат се споменува во 1186 г. како Војводство Мерс - независно кнежевство во рамките на Светата Римска империја.
За време на Осумдесетгодишната војна градот наизменично потпаѓа под шпанска и холандска власт, поради близината на Горната четврт на војводството Гелдерн. По војната градот му припаднал на Мориц Орански. Потоа бил одделен од Холандската Република и присоединет кон Горен Гелдерн (под шпанска власт).
По смртта на Вилијам III Орански во 1702, Мерс му припаднал на кралот на Прусија. Тогаш се истерани сите холандски војници и службеници.
Во 1795 г. Мерс е припоен кон Франција. Со Виенскиот конгрес во 1815 градот ѝ се враќа на Прусија, а во 1871 станува дел од Германско царство.
За време на II светска војна во Мерс се произведувала синтетичка нафта за воени потреби. По војната производствените капацитети биле делумно затворени[2].
Збратимени градови [уреди]
Мерс е збратимен со следниве места:
1966
Мезон-Алфор
1974
Бапом
1980
Ноузли (Мерсисајд)
1987
Рамла
1989
Ла Тринидад
1990
Зелов (Бранденбург)
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Населеност на местата“. „Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија“. 31 декември 2011. http://www.it.nrw.de/statistik/a/daten/amtlichebevoelkerungszahlen/index.html. (германски)
- ↑ Протоколни договори - Мерс (англиски)
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Моерс“ |
- Страница на градот (германски)
- Туристичко-културен водич низ Мерс (англиски)
|
|||||||

