Пинг-понг

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Пинг-понг
Пинг-понг натпревар
Пинг-понг натпревар
Број на играчи 2 или 4
Се игра до: 21 поени
Димензии: 2,7 м x 1,5 м
Димензии на мрежа: 1,5m x 15,25cm
Вид на спорт: рекетен спорт
Сличен е на: тенис, бадминтон
При случај на реми се игра: додека еден играч не води
со 2 поени предност

Тенис на табла (уште познат и како пинг-понг и тенис на маса) претставува спорт во кој двајца или четворица играчи удараат малечко, шупливо пластично топче со помош на дрвени палки, насочувајќи го еден кон друг. Оваа игра е слична со тенисот на трева, со таа разлика што се игра на површината на една маса со мрежа на средината. Целта е да се удри топчето така што тоа ќе се префрли мрежата и ќе отскокне на противничката страна од масата на начин кој ќе го спречи противникот да стигне до него и да го врати кон противникот.

Измислена во Англија во почетокот на 20 век, играта наскоро се проширила низ целиот свет. Од средината на 1950 година, овој спорт станува доминантен во источно-азиските земји. Од 1988 год. е прогласен за олимиски спорт во конкуренција за мажи и за жени.

[уреди] Еден звук - едно име

Во почетокот тенисот за на маса на англиски се викал table tennis. Пред огромниот успех што ќе го достигне овој спорт, две конкурентски претпријатија почнуваат да ја произведуваат неопходната опрема за играње: рекети, топчиња и маси. Едното своите производи ги продава под името Пинг-понг, а другото под името Ваф-ваф. Од двете марки победува она чие име е Пинг-понг, бидејќи подобро го имитира звукот при отскокнувањето на топчето во контакт со рекетот или масата

[уреди] Поен, сет, партија

Пинг-понгот се игра на правоаголна маса со димензии 2,7 x 1,5 м на 76 cm височина. Повржината на масата, секогаш со темнозелена боја, може да биде дрвена или пластична. Масата е поделена на ндва дела, со трансверзална мрежа, висока 15,25 cм. Краевите се нацртани со бели линии., кои ја ограничуваат површината каде што може топчето да скокне во текот на играта. Цел на играта е да се добијат првите 21 поени, што значи и добивање на сетот. За да се освои партијата, играчите мора да освојат три од петте предвидени сета. На почетокот на, партијата, пингпонгарот, кој со влечење ждрепка станува првиот сервер, почнува со удирање на топчето со рекетот од позицијата што се се наоѓа пред основната линија. Топчето мора првин да отскокне еднаш во полето на серверот, да помине над мрежата и да го допре полето на противникот.