Милхаузен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Милхаузен
Стариот град на Милхаузен
Стариот град на Милхаузен
Грб на Милхаузен
Милхаузен се наоѓа во Германија
Милхаузен
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Унштрут-Хајних
Градоначалник Јоханес Брунс (SPD)
Основни податоци
Површина 86,34 км2
Надм. височина 216 м
Население 33.007 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 382 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. UH
Пошт. бр. 99974
Повик. бр. 03601
Портал www.muehlhausen.de
Местоположбата на градот Милхаузен во рамките на округот Унштрут-Хајних
Карта
Координати 51°13′00″ СГШ 10°27′00″ ИГД / 

Милхаузен (германски: Mühlhausen); службено Милхаузен/Тирингија) е град во сојузната покраината Тирингија, Германија. Тој е административен центар на округот Унштрут-Хајних и е сместен на реката Унштрут.

Мариенкирхе во Милхаузен

Историја[уреди]

Милхаузен бил утврден во 925, а прв пат е документиран во 967 како отонско село. Неговата рана важност се гледа по користите кои ги добил од кралот Хајнрих Птичарот (876–936) и од царското собрание одржано тука во 1135. Неговиот период на слава бил од 13 до 15 век.

Во текот на Реформацијата, Милхаузен станал едно од главните седишта на Анабаптистите. Радикалниот реформатор Томас Минцер проповедал во Црквата Света Богородица во 1525, а подоцна бил заробен во близина на градот и погубен во градот.

Јохан Себастијан Бах бил оргулист во црквата Диви Бласи од 1707-1708.[2] Помеѓу делата кои Бах ги компонирал додека живеел во градот е празничната кантата Gott ist mein König за изборот на новиот совет во 1708.

Внатрешните борби и оштетувањата во текот на Триесетгодишната (1618–1648) и Седумгодишната војна (1756–1763) ја намалиле важноста на Милхаузен. Во 1802 ја загубил независноста и преминал во посед на Прусија. Во 1807 бил припоен на Кралството Вестфалија, но во 1815 повторно станал дел од пруската покраина Саксонија.

Од 1944 до март 1945 се наоѓал женски камп за принудна работа надвор од градот (дел од кампот Бухенвалд). Жените биле депортирани во април 1945 во Берген Белзен.

Главни знаменитости[уреди]

Градски единици[уреди]

Градот Милхаузен се состои од пет единици (окрузи):

  • Милхаузен
  • Фелхта
  • Гермар
  • Залфелд
  • Виндеберг

Познати луѓе[уреди]

Меѓународни односи[уреди]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Милхаузен е збратимен со:

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]