Унштрут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Унштрут
Unstrut
Unstrut Bruecke Weischuetz.jpg
Мост над Унштрут во Вајшиц
Место Тирингија, Саксонија-Анхалт; Германија
Должина 192 км
Извор Кај Кеферхаузен во Ајхсфелд
51°18′58.42″ СГШ 10°16′34.68″ ИГД / 51.31623, 10.2763
Висина на изворот 400 м
Утока Гросјена кај Наумбург во Зале
51°10′33.01″ СГШ 11°48′06.91″ ИГД / 51.175838, 11.80192
Висина на утоката околу 102dep1
Слив Елба
Одлив Зале → Елба → Северно Море
Слив 6.364,2 км² [1]
Истек
со Лауха мерило[2]
Рекордно низок:     4,6 м³/С (во 29.06.1960)
Просечен низок:    10,7 м³/с
Просечен среден:   30,4 м³/с
Просечен висок: 105 м³/с
Рекордно висок:   363 м³/с (во 12.02.1946)
Десни притоки Луне, Фелхтаер Бах, Зебах, Зутбах, Орлбах, Залца, Тона, Гера, Граме, Лоса, Унштрут-Лоса, Бибербах, Хаселбах[1]
Леви притоки Нотер, Шамбах, Зексише Хелбе, Хелбе, Шварцбургер Хелбе, Випер, Флутграбен, Золграбен, Клајне Хелме, Хелме, Шмонер Бах[1]
Помали градови Милхаузен, Земерда, Наумбург
Паланки Дингелштет, Бад Лангензалца, Артерн, Рослебен, Небра, Фрајбург
Пловност Наумбург-Фрајбург

Унштрут (германски: Unstrut) е река во Германија и е лева притока на Зале. Потекнува од северна Тирингија близу Дингелштет (западно од Кеферхаузен во областа Ајхсфелд) и неговото сливно подрачје е во тирингиската долина. Излегува од долината низ Тирингиската Врата западно од Хелдрунген и во нејзиниот долен тек, тече низ Саксонија-Анхалт пред да се влее во Зале близу Наумбург. Вкупната должина на Унштрут е 192 километри. Градови долж Унштрут се Милхаузен, Земерда, Бад Франкенхаузен, Артерн, Рослебен и Фрајбург. Притоки на Унштрут се Гера, Випер, Хелме и Лоса.

Заедно со Зале, Уншрут го формира винскиот регион Зале-Унштрут. Добро познатиот бренд на пенливо вино, „Rotkäppchen“ („Црвенкапа“) се произведува во подрумите на Фрајбург.

Име[уреди]

Штреду на старо високогермански означува мочуришна шума, un- е префикс за интензивирање на значењето, така областа Унштрут е многу мочуришна област. Во 575, реката била наречена Onestrudis, во 7-от век Unestrude, во 994 Vnstruod.

Историја[уреди]

Во 531, според Decem Libri на Гргур Турски, решавачката битка помеѓу Франконија и Тирингија се одиграла долж Унштрут, што довело до уништување и анектирање на раното средновековнот тирингиско кралство од Франкија. Во 933, германскиот крал Хајнрих I се борел, по десет години примирје, против унгарската армија во битката кај Ријаде, место близу Унштрут, но кое сега е непознато. Неговата победа довела до период на мир, додека Унгарците не се вратиле во 955 и не биле поразени повторно. Едно од неговите омилени места бил Мемлебен на Унштрут, каде т.н. Пфалц, palatium или villa regia бил изграден. Умрел таму во 936 и неговиот син Ото I, во 973. Манастирот бил изграден таму во следните години, станувајќи еден од важните во Германското царство за кратко време. Остатоците сè уште може да се видат; точната локација на palatium не е повеќе позната.

Поради неговиот мочуришен карактер, Унштрут не бил пловен за бродови долго време. Конечно, во годините 1790-1794, реката била направена пловна по наредба на изборниот кнез на Саксонија. Станала важна врска за испорека; особено биле пренесувани песок и вар. Од 1889, кога долж реката била изградена железничката пруга, Unstrutbahn, важноста на речната рута била многу намалена. Регионот Унштрут е област од 300 хектари, една од најмалите вински областа, но сосема добро позната.

Знаменитости[уреди]

  • историскиот град Милхаузен
  • руинираниот замок Венделштајн
  • руинираниот манастир Мемлебен
  • замокот Нојенбург кај Фрајбург

Извори[уреди]

  • Херман Греслер: Führer durch das Unstruttal von Artern bis Naumburg für Vergangenheit und Gegenwart, bearbeitete Ausgabe des Originaldrucks von 1904, Dingsda-Verlag Freyburg, 2. Auflage 1995, ISBN 3-928498-04-5
  • Christel Foerster, Christian Kupfer: Unteres Unstruttal, Greifenverlag 1992, ISBN 3-7352-0295-0
  • Fritz Kühnlenz: Städte und Burgen an der Unstrut, Greifenverlag, 1. Auflage 1962 oder Sondereinband - Verlagshaus Thüringen 1999, ISBN 3896831216
  • Christian Kupfer, Michael Pantenius: Die Weinstraße an Saale und Unstrut - Kulturlandschaft in Mitteldeutschland, Mitteldeutscher Verlag 1997, ISBN 3932776011
  • novum castrum. Schriftenreihe des Vereins zur Rettung und Erhaltung der Neuenburg e.V.
  • Saale-Unstrut-Jahrbuch des Saale-Unstrutvereins für Kulturgeschichte und naturkunde e. V. Druckhaus Naumburg. Erscheint jährlich seit 1996
  • Andreas Schmölling, Klaus Schmölling: 200 Jahre Schiffbare Unstrut 1795-1995, Heimatverein Artern 1995
  • Th. Sommer, G. Hesse: Hydrogeologie einer anthropogen überprägten Flusslandschaft - das Unstruttal zwischen Quelle und Sömmerda (Thüringer Becken) in: Jber. Mitt. Oberrhein. Geol. Ver., Neue Folge 84, Stuttgart 2002
  • Sagen der Unstrut-Finne-Region. Bearbeitet von Frank Boblenz (Sömmerdaer Heimatheft; Sonderheft 1). Sömmerda 1999.
  • Unstrut Sagenbuch. Die schönsten Sagen von der Quelle bis zur Mündung. Herausgegeben von Harald Rockstuhl. Bad Langensalza 2007. ISBN 978-3-938997-81-9

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Thüringer Landesanstalt für Umwelt (Hrsg.): Gebiets- und Gewässerkennzahlen (Verzeichnis und Karte). Jena 1998.
  2. Pegel: Laucha Auf: hochwasservorhersage.sachsen-anhalt.de