Ројтлинген
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ројтлинген е град во Баден-Виртемберг, југозападна Германија. Тој е седиште на истоимената Ројтлингенска Област. Во септември, 2004 година, градот имал 109,939 жители. Ројтлинген има универзитет за применети науки, основан во 1855, првобитно како ткајачко училиште.
Ројтлинген се наоѓа 48° 29' 34 на север и 9° 12' 45 на исток. Тој лежи 380 m над морската површина. Се простира до Швапската Јура, а тоа е и причината што понекогаш се нарекува и Поратата на Швапската Јура (на германски: Das Tor zur Schwäbischen Alb).
| Оваа статија место во Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
