Бад Лангензалца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бад Лангензалца
Стариот град на Бад Лангензалца
Стариот град на Бад Лангензалца
Грб на Бад Лангензалца
Бад Лангензалца се наоѓа во Германија
Бад Лангензалца
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Унштрут-Хајних
Градоначалник Бернхард Шенау (FDP)
Основни податоци
Површина 123,11 км2
Надм. височина 202 м
Население 17.683 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 144 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. UH
Пошт. бр. 99941–99947
Повик. бр. 03603
Портал www.bad-langensalza.de
Местоположбата на градот Бад Лангензалца во рамките на округот Унштрут-Хајних
Карта
Координати 51°06′29″ СГШ 10°38′48″ ИГД / 

Бад Лангензалца (германски: Bad Langensalza; до 1956: Лангензалца) е град во округот Унштрут-Хајних, во Тирингија, Германија.

Историја[уреди]

Прв пат бил споменат околу 932 година, како село со име „Салцаха“. Името на градот било променето во Лангензалца околу 1578, а „Бад“ (или „бања“) било додадено на името на градот во 1956.

Во 1075, Лангензалца бил дел од битката за Лангензалца, во која императорот Хајнрих IV ги победил бунтовните Саксонси и Туринги.

Градот бил ограбен и оштетен од пожарите во текот на Триесетгодишната војна (околу 1632). Пожарите повторно уништиле големи делови на градот во 1711, вклучувајќи го целосното уништување на градското собрание. Тоа повторно било изградено помеѓу 1742-1752.

Војната повторно влијаела на градот во текот на 1756-1763, кога се случувала Седумгодишната војна; во близина градот се случила битка во февруари 1761. Во 1815, Лангензалца станала дел од пруската покраина Саксонија. Во 1866 повторно се случила битка во близина на градот помеѓу Прусија и Хановер во текот на Австро-пруската војна.[2]

Американските трупи го окупирале градот во 1945.

Главни знаменитости[уреди]

Лангензалца поседува сликовити руини на средновековен замок и во негова близина се наоѓаат сулфурна бања.

Сулфурните бањи се откриени во 1811 и биле отворени на јавноста како лековити бања во 1812. Новите бањи биле отворени во 1928. Изворите на солена и минерална вода биле откриени во 1996, што овозможило отворање на нови лековити објекти.

Бад Лангензалца поседува ботаничка градина („Botanischer Garten in Bad Langensalza“), која била отворена во 2002 и исто така се граничи со Националниот парк Хајних, основан во 1999.

Меѓународни односи[уреди]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Бад Лангензалца е збратимен со:

Луѓе[уреди]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]