Шаховски турнир во Дортмунд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анатолиј Карпов на турнирот во Дортмунд во 2000

Шаховскиот турнир во Дортмунд (официјално Dortmunder Sparkassen Chess Meeting), познат и како Шаховски турнир Шпаркасен е еден од најпрестижните и најсилни шаховски турнири во светот. Турнирот е супер турнир на ФИДЕ и се одржува секоја година во текот на летото. На турнирот секоја година учествуваат врвни велемајстори, па турнирот секоја година е еден од најсилните во светот, во група со шаховските турнири во Вајк ан Зее и Линарес. Покрај главниот турнир, во рамките на настанот, секоја година се организираат турнири за шахисти во сите класи и категории. Во последните неколку години, турнирот се одржува во просториите на Дортмундскиот театар.

На турнирот може да бидат поканети само најдобрите шахисти во светот (со најголем реjтинг), но исклучок од ова е покана до победникот на Аерофлот тунирот, кој секоја година се одржува во Москва, а на кој може да учествуваат шахисти со Ело рејтинг помал од 2550 поени.

Турнирот, обично се игра во Бергеров систем, при што секој учесник треба да одигра две партии (една со бели и една со црни фигури).

Историја[уреди]

Првиот турнир се одржал во 1973, како меѓународниот германско првенство, а прв победник бил Ханс-Јоаким Хехт. Но, во Дортмунд, во 1928, 1951 и 1961 се одржале три значајни турнири, кои важат за предвесници на турнирот. За некои шахисти, овој турнир бил почеток на успешна кариера, а меѓу нив се вбројуваат: За неколку од светската елита играчи, на турнирот означени почетна точка на својата кариера: Петар Леко (за прв пат учествувал во 1991) и Владимир Крамник (на турнирот во 1992 ја исполнил велемајсторската норма). Турнирот во 1992 бил најсилниот шаховски турнир којшто нкогаш бил организиран во Германија. На турнирот победил светскиот првак Гари Каспаров, иако загубил две партии (против Гата Камски и Роберт Хибнер). Во 2002, турнирот претставуваше турнир на кандидатите, на кој победникот Петар Леко го предизвика светскиот првак според ПША Владимир Крамник на меч за светски првак, кој се одржа во 2004.

Во 2005, турнирот достигна 19. категорија, што значи дека просечниот Ело рејтинг на учесниците изнесуваше 2700 поени. на турнирот, изнeнадувачки победи младиот германски велемајстор Аркадиј Најдич, којшто со 19 години е најмладиот победник на турнирот досега. Најмногу победи на турнирот воопшто има Владимир Крамник, кој бил победник 9 пати.

Во 2006, турнирот се одржа од 28 јули до 6 август, а учествуваа шест од најдобрите 10 шахисти според ранг листата на ФИДЕ во светот. На турнирот победи Владимир Крамник, а ист број на победи имаше и Петар Свидлер.

Турнирот во 2007, се одржа од 23 јуни до 1 јули. На турнирот учествуваа Ананд, Крамник, Мамедјаров, Леко, Гелфанд, Најдич, Карлсен и Алексеев. Просечниот Ело рејтинг на турнирот изнесуваше 2727 поени, па турнирот беше од 20. Победник беше Крамник со резултат 5/7.

Во 2008, учествуваа Крамник, Мамедјаров, Леко, Иванчук, Најдич, Густафсон, Непомнијашиј и Ван Вели. Турнирот се одржа од 28 јуни до 6 јули, а победник на турнирот беше Петар Леко, кој оствари резултат 4,5/7. Владимир Крамник, кој победи на турнирот во претходните две години оствари невообичаено лош резултат 3/7.

Во 2009, турнирот се одржа од 2 до 12 јули. На турнирот учествуваа Крамник, Леко, Карлсен, Јаковенко, Бакро и Најдич. на турнирот победи Крамник со резултат 6,5/10, пред Карлсен, Леко и Јаковенко со по 5,5 поени. секоја со 5,5 поени. Ова беше деветтата рекордна победа на Крамник на овој турнир.

Победници на турнирот[уреди]

Пред 1973[уреди]

Година Победник Земја
1928 Фриц Земиш  Германија
1951 Алберик О'Кели де Галвеј  Белгија
1961 Марк Таиманов СССР СССР

По 1973[уреди]

Година Победник Земја
1973 Хејки Вестеринен  Финска
1974 Виктор Чокалтеа  Романија
1975 Хејки Вестеринен  Финска
1976 Борис Спаски СССР СССР
1977 Олег Романишин СССР СССР
1978 Јан Шмејкал Чешка Чехословачка
1979 Тамаз Гиоргадзе СССР СССР
1980 Рејмонд Кин  Англија
1981 Генадиј Кузмин СССР СССР
1982 Властимил Хорт Чешка Чехословачка
1983 Јехуда Грунфелд Израел Израел
1984 Борис Спаски СССР СССР
1985 Јури Разуваев СССР СССР
1986 Золтан Рибли  Унгарија
1987 Јури Балашов СССР СССР
1988 Смбат Лпутјан СССР СССР
1989 Ефим Гелер СССР СССР
1990 Александар Чернин СССР СССР
1991 Игор Стол Чешка Чехословачка
1992 Гари Каспаров  Русија
1993 Анатолиј Карпов  Русија
1994 Јерун Пикет  Холандија
1995 Владимир Крамник  Русија
1996 Владимир Крамник  Русија
1997 Владимир Крамник  Русија
1998 Владимир Крамник  Русија
1999 Петар Леко  Унгарија
2000 Владимир Крамник  Русија
2001 Владимир Крамник  Русија
2002 Петар Леко  Унгарија
2003 Виктор Бологан  Молдавија
2004 Вишванатан Ананд Индија Индија
2005 Аркадиј Најдич  Германија
2006 Владимир Крамник  Русија
2007 Владимир Крамник  Русија
2008 Петар Леко  Унгарија
2009 Владимир Крамник  Русија
2010 Руслан Пономариов  Украина
2011 Владимир Крамник  Русија
2012 Фабијано Каруана  Италија
2013 Мајкл Адамс  Англија
2014 Фабијано Каруана  Италија

Надворешни врски[уреди]