Мајкл Адамс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мајкл Адамс
Adams Michael2 2007.JPG
Цело име Мајкл Адамс
Земја  Англија
Роден(а) 17 ноември 1971
Труро, Обединето Кралство
Титула велемајстор
ФИДЕ-рејтинг 2752
(бр. 14 на рејтинг листата на ФИДЕ во ноември 2013)
Врвен рејтинг 2761 (септември 2013)

Мајкл Адамс (роден на 17 ноември 1971 во Труро, Англија) е англиски шаховски велемајстор. Највисокиот ранг досега го постигна во периодот од октомври 2002 до окотмври 2002, кога неколку пати беше 4. шахист во светот според рејтинг листата на ФИДЕ, а неговиот најголем рејтинг е 2755 поени на рејтинг листата објавена во јули.[1]

Во текот на 1990-тите, Адамс оствари забележителни резултати на турнирите на кандидатите за светски првак во шах. Така, во 1997, 1999 и 2000 година, тој учествуваше во полуфиналето. Во 2004 година, тој играше во мечот за светски првак според ФИДЕ против Рустам Касимџанов, но загуби. Адамс има остварено и забележителни резултати, играјќи на големите тимски натпреварувања како дел од шаховската репрезентација на Англија, меѓу кои се поединечното трето место на прва табла и бронзениот медал на Шаховската олимпијада 2004, како и златниот медал на прва табла на европското првенство во 2001 година. Тој беше два пати дел од победничката репрезентација на Англија на европските првенства (1992 и 1997).

Шаховска кариера[уреди]

Рана кариера[уреди]

Во 1989 година, Адамс победил на шаховското првенство на Велика Британија, а истиот успех го постигнал и во 1997 година, кога завршил на делба на првото место, заедно со Метју Сендлер, по што повеќе не заиграл на првенството. Во овој период, тој исто така победил на првенствата на Велика Британија во брзопотезен шах во 1995, 1996 и 1999 година.

Кандидат за светски првак[уреди]

Во својата кариера, Адамс има учествувано на голем број на турнири за светски првак.

На турнирот за одредување на предизвикувачи за класичното светско првенство во 1995 година, кој се одржа во Гронинген во 1993 година, Адамс заврши на делба на првото место, заедно со Вишванатан Ананд. Со овој успех, тој обезбеди учество на турнирот на кандидатите, на кој тој го победи Сергеј Тивјаков во четвртфиналето, но загуби од Ананд во полуфиналето.

Адамс, исто така учествуваше и на турнирот на кандидатите за светското првенство во шах во 1996 година, на кој загуби уште во првиот круг, против Борис Гелфанд.

Во 1997 година, тој учествуваше на светското првенство, кое за прв пат беше голем елиминациски турнир, чиј победник требаше да одигра против актуелниот светски првак, Анатолиј Карпов. На турнирот учествуваа голем број на врвни светски шахисти, меѓу кои Адамс со победите против Тамаз Гиоргадзе, Сергеј Тивјаков, Петар Свидлер, Лоек ван Вели и Најџел Шорт обезбеди учество во завршниот круг, каде повторно се соочи со Вишванатан Ананд. Сите четири партии во мечот завршија со резултат реми, по што се одиграа брзопотезни партии, по кои резултат повторно беше изедначен, за Ананд конечно да победи во мечот, со победата во т.н. „армагедон“ партија.

На 1светското првенство во 1999, Адамс повторно обезбеди учество во полуфиналето и повторно загуби, но овој пат против Владими Акопјан.[2]

Во 2000, Адамс уште еднаш учествуваше во полуфиналето на светското првенство во шах, во коешто загуби од идниот првак Ананд.[3]

Во 2002, Адамс загуби во осминафиналето против Петар Свидлер.[4]

Најблиску до титулата, Адамс беше во 2004 година, кога по победите против Хусеин Асабри, Карен Асријан, Хишем Хамдучи, Хикару Накамура, Владимир Акопјан и Тејмур Раџабов, обезбеди учество во финалето против Рустам Касимџанов. По шесте одиграни партии со нормално мерење на времето, резултатот беше израмнет, 3-3, по што следуваа брзопотезни партии, во кои Касимџанов беше поуспешен, победувајќи со вкупен резултат 4½-3½.

Како вице-првак во 2004 година, Адамс беше поканет да учествува на светското првенство во 2005. Тој го заврши турнирот на делба на шестото место, со резултат 5½ од 14.

Во мај и јуни 2007, тој учествуваше на турнирот на кандидатите за одредување на учесниците на светското првенство истата година и уште во првиот круг се соочи против Алексеј Широв. По партиите со нормално мерење на времето, резултатот беше израмнет, 3-3, но Широв победи со 2½-0½ по брзопотезните партии.

Останати достигнувања[уреди]

Мајкл Адамс на европското првенство во Ливерпул во 2008 година

Меѓу најголемите успеси на Мајкл Адамс во 1990-тите години се вбројуваат победата во Тераса во 1991 година, делбата на првото место заедно со Камски и Карпов во Дос Херманас во 1995 година, делбата на првото место на шаховскиот турнир во Дортмунд во 1998 година, заедно со Крамник и Свидлер и победата во Дос Херманас во 1999 година.

Во август 2007, Адамс победи на петтиот меморијален турнир Хауард Стаубтин[5], остварувајќи резултат од 8½ поени од 11 партии (6 победи и 5 реми партии). При овааа победа, тој зад севбе ги остави велемајсторите Иван Соколов и Лоек ван Вели. Турнирот се одигра во Лондон, а претставува годишен турнир кој се одржува во чест на Хауард Стаунтон.[6] Пред почетокот на турнирот, на 4 август, Мајкл се ожеи со неговата долгогодишна девојка, актерката Тара МекГауран. Нивната свадба беше организирана во Таунтон, во близина на местото на нивното постојано живеалиште.[7]

Во септември 2007, Адамс беше дел од репрезентацијата на Обединетото Кралство и Кина, кој се одржа во Ливерпул. Во домашната репрезентација беше и велемајсторот и поранешен предизвикувач за светски првак Најџел Шорт. Со тоа, овој настан беше првиот по пауза од 15 години, овие двајца шахисти да заиграат на британско тло.[6] Адамс оствари резултат од 3½ поени од 6м претрпуваји еден пораз, од велемајсторот Џанг Пенсјианг. Репрезентацијата на Обединетото Кралство го загуби мечот со резултат 20-28.[8]

Од 4 до 13 април 2008, Адамс учествуваше и победи на вториот Реј Лопез Мастерс турнир, кој се одржа во Мерида, Шпанија, остварувајќи резултат 5½ од 7, завршувајќи половина поен пред Џенг Пенсјианг. The tournament was an eight player round-robin with an average rating of 2616 (FIDE category 15).[9][10] Во август 2008, тој победи по втор пат на меморијалниот турнир во чест на Хауард Стаунтон со резултат 8 од 11. По оваа победа, тој заврши на делна на второто место на четвртото поединечно европско првенство, кое се одржа во Ливерпул, остварубајќи успешност 7½ од 10, колку што имаа на истото место и Виктор Лузничка и Најџел Шорт, а веднаш зад победникот Јан Верле, ко оствари 8 од 10.

Мечот против Хидра[уреди]

Во јуни 2005, Адамс одигра меч против суперкомпјутерскиот шаховски систем Хидра. Мечот се одигра во Лондон и содржепше шест партии. За секое реми, беше предвидено Адамс да заработи 10.000 $, а за секоја победа 25.000 $.[11]

За време на мечот, Хидра се наоѓаше во Абу Даби и се состоеше од 64 компјутерски системи, со процесори од моделот Ксеон на Intel, секој со моќ 3,06 гигахерци. Конструкторите на компјутерот изјавиле дека истиот може да пресметува над 200 милиони позиции во секунда, а во завршницата може да пресметува 40 потези однапред.[12]

Адамс го загуби мечот, ремизирајќи само во втората партија. Конечниот резултат беше 5½-½ за Хидра.

Наводи[уреди]

  1. Adams, Michael (ENG) FIDE Top Chess Player
  2. World Chess Championship 1999 FIDE Knockout Matches, Mark Weeks' Chess Pages
  3. World Chess Championship 2000 FIDE Knockout Matches, Mark Weeks' Chess Pages
  4. World Chess Championship 2001-02 FIDE Knockout Matches, Mark Weeks' Chess Pages
  5. Giddins, Steve (21 август 2007), „Michael Adams wins the Staunton Memorial“, „ChessBase News“, http://chessbase.com/newsdetail.asp?newsid=4063, конс. 21 август 2007 
  6. 6,0 6,1 Top-class chess returns to England“, „Chessbase News“, 21 јули 2007, http://chessbase.com/newsdetail.asp?newsid=4000, конс. 21 август 2007 
  7. Giddins, Steve (13 август 2007), „Top Dutch and British GMs lead in Staunton Memorial“, „Chessbase News“, http://www.chessbase.com/newsdetail.asp?newsid=4045, конс. 13 август 2007 
  8. Giddings, Steve (10 септември 2007), „China beats the UK by 28-20 points“, „Chessbase News“, http://chessbase.com/newsdetail.asp?newsid=4104, конс. 26 септември 2007 
  9. Michael Adams wins Second Ruy López International in Mérida“, „ChessBase News“, 13 април 2008, http://www.chessbase.com/newsdetail.asp?newsid=4566, конс. 14 април 2008 
  10. Crowther, Mark (14 март 2008), „THE WEEK IN CHESS 701“, London Chess Center, http://www.chesscenter.com/twic/twic701.html, конс. 14 април 2008 
  11. Adams 0.5 - Hydra 5.5
  12. ZD Online News Article

Надворешни врски[уреди]