Опозиција (шах)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портал  · Историја
Основи

Фигури  · Табла  · Правила
Стратегија  · Тактика  · Запис

Теорија

Отворање  · Средишница
Завршница  · Мат
Пешачка структура  · Принуден потег
Темпо  · Опозиција

Натпреварувања

Олимпијада
Вајк ан Зее  · Линарес  · М-Тел Мастерс
Дортмунд  · Нанѓинг

Организации

ФИДЕ  · ПША

Списоци

Поими  · Книги  · Партии
Отворања  · Силни турнири

Опозиција е поим кој во шахот означува ситуација, која се јавува кога двата крала се наоѓаат на иста линија, ист ред или иста дијагонала и меѓу нив има само едно празно поле. Во ваква ситуација за страната која не е на потег се вели дека „ја има опозицијата“[1]. Тоа е посебен вид на цугцванг и најчесто се јавува во завршниците, во кои на таблата има само пешаци[2]. Страната, која при опозиција е на потег се смета дека е во полоша позиција, бидејќи на противникот му остава можност да заземе многу значајни полиња или да одигра нова опозиција. Сепак, опозицијата не е најдоброто решение во одредени ситуации, иако претставува силно оружје во завршницата.

Потребно е да се правин разлика меѓу поимите директна опозиција, дијагонална опозиција и далечна опозиција. Далечната опозиција не го задоволува условот, меѓу двата крала да има само едно поле, за разлика од претходните две.

Директна опозиција[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
e7 црн крал
e5 бел крал
e4 бел пешак
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Директна опозиција. Доколку црниот е на потег, белиот победува, но доколку белиот е на потег, партијата ќе заврши реми.

Директна опозиција е ситуација во која и двата крала се наоѓаат на иста линија, а меѓусебно се оддалечени со само едно празно поле. Доколу и двата крала се наоѓаат на иста хоризонтала, а меѓу нив има само едно празно поле, тогаш станува збор за хоризонтална опозиција, а доколку се наоѓаат на иста вертикала, а меѓу нив има само едно поле, тогаш станува збор за вертикална опозиција.

Директната опозиција е честа појава во завршницата и има директно влијание врз исходот од партијата. Во ситуација, кога има опозиција, се смета дека, „оној кој е на потег е во полоша позиција“. На дијаграмот е дадена позиција во завршницата, во која белиот има материјална предност од еден пешак, а неговиот и црниот крал се во опозиција. Исходот од оваа партија ќе зависи од тоа кој е на потег. Доколку тоа е белиот, партијата ќе заврши реми, а доколку тоа е црниот, тогаш белиот ја има опозицијата и ќе извојува победа[3] (видете: Завршница со крал и пешак против крал).

Сепак, постојат позиции во завршницата, во кои се исклучува правилото, тој којшто е на потег е во полоша позиција, односно со т.н. триаголен маневар, посилната страна успева да победи.

Најчесто кога се мисли на опозиција се мисли на директна опозиција, иако како што веќе беше наведено, поимот опозиција е поширок поим.

Дијагонална опозиција[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
e8 црн крал
e7 црн пешак
c6 бел крал
e6 бел пешак
d5 бел пешак
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Дијагонална опозиција. Белиот е на потег, но поради неговата близина до противничкиот пешак и ограниченоста на црниот крал, овде не важи правилото, страната којашто е ан потег е во полоша позиција. Белиот победува после 1.Кс7.

Ситуацијата во која и двата крала се наоѓаат на иста дијагонала, а меѓу нив има само едно празно поле се нарекува дијагонална опозиција. Дијагоналната опозиција, понекогаш може да се трансформира во директна опозиција.

Во најголем број случаи, при дијагонална позиција, важи истото правило како и при директна опозиција, односно „страната што е на потег е во полоша позиција“. Тоа е и логично, бидејќи од дијагоналната може да настане директната опозиција. Сепак, при овој вид на опозиција постојат исклучоци, а еден таков пример е прикажан на дијаграмот.

Во позицијата на дијаграмот, белиот има материјална предност во завршницата, но се наоѓа во опозиција и е на потег. Но, сепак поставеноста на фигурите и ограниченоста на црниот крал му овозможуваат да победи:

1.Kс7 Kf8, црниот е пред принуден потег, па ова е единственото решение.
2.Kd8!

Со овој потег, белиот „ја има опозицијата“ и го принудува црниот крал да го напушти својот пешак, по што завршната реализација за белиот е лесна.

Далечна опозиција[уреди | уреди извор]

од Капабланка
abcdefgh
8
e8 црн крал
b5 црн пешак
h5 црн пешак
b4 бел пешак
h4 бел пешак
e2 црн крст
e1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Белиот објавува далечна опозиција по 1. Ke2

Далечна опозиција има во оние ситуации, кога и двата крала се наоѓаат на иста линија, но меѓу нив има повеќе од едно „празно“ поле. Далечната опозиција по низа од неколку потези се претвора во директна опозиција, при што важи правилото: „страната која е на потег е во полоша позиција“.

Позицијата на дијаграмот ја проучувал третиот официјален светски првак во шах, Хосе Раул Капабланка. Во оваа, симетрична позиција, на потег е белиот[4]:

1.Ке2 (белиот ја има далечната опозиција) ...Ке7
2.Ке3 Ке6
3.Ке4 (белиот ја има и директната опозиција)

Во оваа позиција со опозиција, црниот е на потег, со што му овозможува на белиот заземање на едно до значајните полиња d5 или f5, по што белиот ќе биде поблиску до еден од црните пешаци и би ја добил партијата.

Сепак, ако се разгледа убаво оваа композиција, на секоја далечна опозиција на белиот, црниот исто така возвраќаше со далечна опозиција. Во вакви или слични ситуации, постои правило кое го надополнува правилото на предност при опозиција:

„Во услови на далечна опозиција, доколку меѓу двата крала има парен број на полиња, тогаш оној кој е на потег ја има опозицијата.“

Во овој случај, во почетната позиција има 6 полиња меѓу белиот и црниот крал, па белиот кој е на потег ја има опозицијата.

Намера[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
b6 црн круг
e6 црн крал
c5 црн круг
c4 бел пешак
d4 бел крал
e4 црн крст
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Бе3лиот крал треба да одигра 1.Кс5, па 2.Кb6, по што ќе победи. Објавувањето на опозиција со 1.Ке4? носи реми.

Познатиот руски велемајстор, Јури Авербах укажува дека опозицијата е средство за крајот, а крајот е пробивање до клучното поле. Тоа може да поле пред пешак, што му овозможува на кралот да го предводи пешакот до промоција или критична зона, што овозможува освојување на противничкиот блокиран пешак. Во позицијата на дијаграмот, белиот има можност да му објави опозиција на црниот крал или да својот крал да го смести пред својот пешак. Потегот 1.Кс5 води до победа, а по потегот 1.Ке4?, иако белиот ја има опозицијата, партијата ќе заврши реми.

Очигледно е дека опозицијата претставува силно оружје во завршницата, но сепак не и пресудно за исходот од партијата. Во многу позиции, има посилни потези отколку потезите со кои се објавува опозиција.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Starting Out: Pawn Endings, Glenn Flear, Everyman Chess, 2004, стр.24 ISBN 1-85744-362-4
  2. Improve Your Endgame Play, Glenn Flear, Everyman Chess, 2000, стр.60, ISBN 1-85744-246-6
  3. Starting Out: Pawn Endings, Glenn Flear, Everyman Chess, 2004, стр.23 ISBN 1-85744-362-4
  4. Chess Fundamentals (целосна преглед и осовременување на делото на Капабланка), Nick de Firmian, Random House, 2006, ISBN 0-8129-3681-7

Литература[уреди | уреди извор]