М-Тел Мастерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

М-Тел Мастерс е супервелемајсторски шаховски турнир, кој се одржува секоја година, почнувајќи од 2005 во Софија, Бугарија. Генерален спонзор на турнирот е најголемата телекомуникациска мрежа во Бугарија, компанијата Мобилтел (М-Тел), по која и турнирот го добил своето име. Според правилата, секој од шесте учесници игра по две партии со секој остант противник, со што турнирот добива карактер на Бергеров систем. Местото на одржување е хоетлот со 5 ѕвезди Гранд Хотел Софија.

Турнири[уреди]

М-Тел Мастерс 2005[уреди]

Првиот турнир се одржа од 11 до 22 мај 2005 како дел од прославата на десетгодишнината од постоењето на компанијата во Бугарија. На турнирот учествуваа шахистите од самиот врв: Вишванатан Ананд, Веселин Топалов, Владимир Крамник, Мајкл Адамс, Јудит Полгар и Руслан Пономариов. Турнирот во 2005 беше класифициран во 20. категорија според ФИДЕ и според просечниот Ело рејтинг беше најсилниот шаховски турнир во 2005 со просечен рејтинг од 2744 поени. На турнирот победи Веселин Топалов, а наградата му беше врачена од страна на претседателот на Бугарија Георги Прванов.

Место Учесник Поени
1 Flag of Bulgaria.svg Веселин Топалов
2 Flag of India.svg Вишванатан Ананд
3 Flag of Ukraine.svg Руслан Пономариов 5
3 Flag of Hungary.svg Јудит Полгар 5
5 Flag of Russia.svg Владимир Крамник 4
5 Flag of the United Kingdom.svg Мајкл Адамс 4

М-Тел Мастерс 2006[уреди]

Во 2006, турнирот се одржа од 10 до 21 мај, а на него учествуваа Веселин Топалов, Вишванатан Ананд, Руслан Пономариов, Петар Свидлер, Етјен Бакро и Гата Камски. Бразилскиот писател Паоло Коељо го одигра првиот потег на турнирот, којшто официјално беше отворен од претседателот на Бугарија, Георги Прванов.

Топалов победи на турнирот по втор пат, по одличното враќање по слабите почетни партии. Тој победи во последните 4 партии, со што оствари резултат од 6½ поени што беше доволно за победа. Во претпоследниот круг, тој го победи главниот конкурент Гата Камски.

Место Учесник Поени
1 Flag of Bulgaria.svg Веселин Топалов
2 Flag of the United States.svg Гата Камски 6
3 Flag of India.svg Вишванатан Ананд
4 Flag of Russia.svg Петар Свидлер 5
5 Flag of France.svg Етјен Бакро
5 Flag of Ukraine.svg Руслан Пономариов

М-Тел Мастерс 2007[уреди]

М-Тел Мастерс турнирот во 2007 се одржа од 9 до 20 мај, а учество земаа Топалов, Ливиу-Дитер Нисипеану, Шахријар Мамедјаров, Гата Камски, Мајкл Адам и Кришнан Сасикиријан. Топалов победи на турнирот по трет последователен пат, победувајќи го во последниот круг дотогашниот водечки на табелата Сасикиријан.

Место Учесник 1 2 3 4 5 6 Поени
1 Flag of Bulgaria.svg Веселин Топалов * * 1 1 0 ½ ½ ½ 0 1 ½ ½
2 Flag of India.svg Кришнан Сасикиријан 0 0 * * ½ 1 1 0 ½ ½ ½ 1 5
3 Flag of Azerbaijan.svg Шахријар Мамедјаров 1 ½ ½ 0 * * 1 0 ½ ½ ½ ½ 5
4 Flag of the United States.svg Гата Камски ½ ½ 0 1 0 1 * * ½ ½ ½ ½ 5
5 Flag of Romania.svg Ливиу-Дитер Нисипеану ½ ½ ½ ½ ½ ½ ½ ½ * * 0 1 5
6 Flag of the United Kingdom.svg Мајкл Адамс ½ ½ ½ ½ ½ 0 ½ ½ 1 0 * *

М-Тел Мастерс 2008[уреди]

Во 2008, М-Тел Мастерс турнирот се одржа од 8 до 18 мај. Василиј Иванчук убедливо на турнирот. Тој победи во првите 5 партии, а на турнирот остана непшоразен, остварувајќи позитивен резултат против сите останати шахисти. Победникот на претходните 3 турнири Веселин Топалов заврши втор.

Место Учесник 1 2 3 4 5 6 Поени
1 Flag of Ukraine.svg Василиј Иванчук * * 1 ½ 1 ½ 1 1 1 ½ 1 ½ 8
2 Flag of Bulgaria.svg Веселин Топалов 0 ½ * * ½ ½ 1 1 1 0 1 1
3 Flag of Azerbaijan.svg Тејмур Раџабов 0 ½ ½ ½ * * ½ ½ ½ 1 ½ 1
4 Flag of Bulgaria.svg Иван Чепаринов 0 0 0 0 ½ ½ * * 1 1 ½ ½ 4
5 Flag of the People's Republic of China.svg Бу Сјанџи 0 ½ 0 1 ½ 0 0 0 * * ½ ½ 3
6 Flag of Armenia.svg Левон Аронјан 0 ½ 0 0 ½ 0 ½ ½ ½ ½ * * 3

М-Тел Мастерс 2009[уреди]

Турнирот во 2009, се одржа од 12 до 23 мај. Покрај редовниот учесник Веселин Топалов, останати учесници се: Магнус Карлсен, Василиј Иванчук, Алексеј Широв, Ванг Јуе и Линиер Домигез.

Место Учесник 1 2 3 4 5 6 Поени
1 Flag of Spain.svg Алексеј Широв * * ½ 1 ½ ½ ½ ½ ½ ½ 1 1
2 Flag of Norway.svg Магнус Карлсен ½ 0 * * 1 ½ ½ 1 ½ 1 ½ ½ 6
3 Flag of Bulgaria.svg Веселин Топалов ½ ½ 0 ½ * * 1 ½ ½ ½ 1 1 6
4 Flag of the People's Republic of China.svg Ванг Јуе ½ ½ ½ 0 0 ½ * * ½ ½ 1 ½
5 Flag of Cuba.svg Линиер Домингез ½ ½ ½ 0 ½ ½ ½ ½ * * ½ 0 4
6 Flag of Ukraine.svg Василиј Иванчук 0 0 ½ ½ 0 0 0 ½ ½ 1 * * 3

Надворешни врски[уреди]