Јудит Полгар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јудит Полгар
Polgar.jpg
Фотографија на Генадиј Титков
Цело име Јудит Полгар
Земја  Унгарија
Роден(а) 23 јули 1976
Будимпешта, Унгарија
Титула велемајстор (1991)
ФИДЕ-рејтинг 2689 (ноември 2013)
Врвен рејтинг 2735 (јули 2005)

Јудит Полгар (родена на 23 јули 1976 во Будимпешта) е унгарска шахистка, велемајстор, која се смета за најдобрата шахистка во историјата.[1] Во 1991, таа ја доби титулата велемајстор на 15 години и 4 месеци. Во тоа време, таа беше најмладиот шахист кој го има постигнато тоа. Моментно, таа е моментно единствената жена во најдобрите 100 шахисти на светот, а нејзиниот најдобар пласман е 8. место. Јудит Полгар, исто така е и единствената жена која имала рејтинг над 2700.

Биографија[уреди]

Јудит Полгар е родена во еврејско семејство од Будимпешта. Членови од нејзиното семејство загинале во Холокаустот.

Таа и нејзините две постари сестри, Жужа и Софија биле дел од образовниот експеримент на нивниот татко, Ласло Полгар, во обид да се докаже дека децата со напорна работа и вложен труд може да постигнат значотелен напредок во одредена област, уште од рана возраст. Тезата на Ласло била, „Гении се создаваат, а не раѓаат“. Тој, заедно со својата сопруга Клара ги обрзаувале трите ќерки дома, со шахот како специјализирана област. И покрај тоа, шахот не им се предавал со исклучок на сè друго, што било случај и со Гата Камски. Секоја од нив има диплома и зборува од четири до осум јазици. Нивниот татко исто така ги научил и на меѓународниот вештачки јазик есперанто.

Остатокот од нејзиното семејство се иселиле од Унгарија (Софија со родителите во Израел, а подоцна во Канада, а Жужа во Њу Јорк, САД), но таа останала во Унгарија, каде се омажила за познатиот ветеринар од Будимпешта, Густав Фонт, копго го запознала кога тој решил да го лекува нејзиното куче.[2]

Шаховска кариера[уреди]

Јудит Полгар, Вајк ан Зее, 2005

Полгар секогаш се натпреварува на турнирите во машка конкуренција, задавајќи си почетна цел, да стане светски првак во шах.

Јудит била подучувана од нејзината постара сестра Жужа (која станала светски првак во шах во женска конкуренција) и имала широки познавања за играта уште од рана возраст. Таа најпрвин го победила меѓународен мајстор (Долфи Дример) на 10 години,[3] а потоа и велемајстор (Владимир Ковачевиќ) на 11.[4]

Јудит Полгар станала велемајстор во декември 1991, на 15 години и 4 месеци, со ѓшто во тоа време била најмладиот шахист кој го има направено тоа. Во 1993, таа потврдила дека е меѓу најдобрите шахисти во светот со што обоезбедила учество на турнирите на кандидатите организирани од ривалските ФИДЕ и ПША.[5] [6]

Во 1994, таа го побeдила Гари Каспаров, шахистот со најголем рејтинг на сите времиња. Каспапров го променил своето мислење по одигрувањетон на решавачкиот потег и одиграл друг наместо тој. Според шаховските правила, еден шахист, кога ќе ја допре фигурата мора да игра со неа, па Каспаров бил принуден да го одигра првоодиграниот потег во таа позиција. И покрај тоа, Полгар не го пријавила ова, бидејќи како што вели таа немало сведоци, ни арбитри. Таа не била свесн дека повторното одигрување на потегот било снимено од страна на телевизиска екипа. Директорот на турнирот бил критикуван поради тоа што не одредил казна за Каспаров, кога ова му било потврдено и со видео-лентата.[7] However, she won a rapid chess game against Kasparov in 2002.

Според рејтинг листата на ФИДЕ од јануари 1996, Полгар достигнала рејтинг од 2675, со што ја заземала десеттата позиција на листата на најдобри шахисти во светот.[8] СО ова таа станала првата жена којашто некогаш била меѓу првите десет шахисти во светот.

Во 2003, Полгар оствари одличен резултатo, завршувајќи на втората позиција на турнирот од високата 19 категорија во Вајк Ан Зее, само половина поен зад Вишванатан Ананд и цел поен пред светскиот првак Владијмир Крамник.[9]

Во 2004, Полгар одредено време не играше шах, бидејќи во тоа време го роди својот син Оливер. Таа беше прогласена за неактивен шахист и не се најде на рејтинг листата на ФИДЕ, објавена во јануари 2005. Нејзината сестра Жужа повторно ја активираше, а Јудит повторно стана најдобрата шахистка во светот.[10]

Полгар се врати, токму на прстижниот шаховски турнир во Вајк ан Зее на 15 јануари 2005, остварувајќи конечен резултат 7/13. Поради овој добар резултат, таа повторно беше вратена на рејтинг листата на ФИДЕ во април 2005. Во мај истата година, таа исто така беше со поголем оценет рејтинг на турнирот во Софија, Бугарија, завршувајќи на третата позиција. Ова ѝ го донесе највисокиот рејтинг во кариерата (2735) на рејтинг листата на ФИДЕ во јули 2005, со што ја зазеде осмата позиција на истата листа.

Во септември 2005, Полгар стана првата жена која некогаш играла за светски првак. Сепак, таа имаше ретко видено разочарувачко издание, завршувајќи на последната позиција во конкуренција на осум натпреварувачи. Најџел Шорт ја критикуваше поради слабиот репертоар на отворања и се шпекулираше дека едногодишното отсуство поради проблемите со бебето имаа влијание на нејзината слаба игра по двата одлични турнири истата година. She did not play at the 2006 Linares tournament because she was pregnant again. On July 6,

Во 2006, Јудит ја роди ќерката Хана.

Во октомври 2006, Полгар оствари уште еден одличен резултат, завршувајќи на делба на првата позиција на турнирот одигран во Хогевен, Холанција.[11] Таа освои 4.5 поени од можни 6 во турнир со два круга, остварувајќи две победи против шахистот со најголем рејтинг во светот Веселин Топалов.

Во мај и јуни 2007, таа играше на турнирот на кандидатите. Таа загуби уште во првиот круг од Евгени Бареев со резултат 3,5-2,5.

Во јануари 2008, Полгар учествуваше на шаховскиот турнир во Вајк ан Зее и оствари резултат 6.0/13.

Во ноември 2008, Полгар играше на втора табла за Унгарија („машка конкуренција“) на 38. шаховска олимпијада што се одржа во Дрезден, остварувајќи резултат 3,5/8.

Илустративни партии[уреди]

Полгар- Ференц Беркеш, Будимпешта 2003

1.e4 e6 2.d4 d5 3.Nc3 Nf6 4.Bg5 dxe4 5.Nxe4 Be7 6.Bxf6 Bxf6 7.Nf3 O-O 8.Qd2 Nd7 9.O-O-O Be7 10.Bd3 b6 11.Neg5 h6 12.Bh7+ Kh8 13.Be4 hxg5 14.g4 Rb8 15.h4 g6 16.hxg5+ Kg7 17.Qf4 Bb7 18.Rh7+ Kxh7 19.Qh2+ Kg8 20.Rh1 Bxg5+ 21.Nxg5 Qxg5+ 22.f4 Qxf4+ 23.Qxf4 Bxe4 24.Qxe4 1-0

Полгар- Каспаров, Меч меѓу Русија и остатокот од светот, Москва 2002

1.e4 e5 2.Nf3 Nc6 3. Bb5 Nf6 4.O-O Nxe4 5.d4 Nd6 6.Bxc6 dxc6 7.dxe5 Nf5 8.Qxd8+ Kxd8 9.Nc3 h6 10.Rd1+ Ke8 11.h3 Be7 12.Ne2 Nh4 13.Nxh4 Bxh4 14.Be3 Bf5 15.Nd4 Bh7 16.g4 Be7 17.Kg2 h5 18.Nf5 Bf8 19.Kf3 Bg6 20.Rd2 hxg4+ 21.hxg4 Rh3+ 22.Kg2 Rh7 23.Kg3 f6 24.Bf4 Bxf5 25.gxf5 fxe5 26.Re1 Bd6 27.Bxe5 Kd7 28. c4 c5 29.Bxd6 cxd6 30.Re6 Rah8 31.Rexd6+ Kc8 32.R2d5 Rh3+ 33.Kg2 Rh2+ 34.Kf3 R2h3+ 35.Ke4 b6 36.Rc6+ Kb8 37.Rd7 Rh2 38.Ke3 Rf8 39.Rcc7 Rxf5 40.Rb7+ Kc8 41.Rdc7+ Kd8 42.Rxg7 Kc8 1-0

Литература[уреди]

  • (1992) Cathy Forbes: The Polgar Sisters: Training or Genius?. Henry Holt & Co. ISBN 0-8050-2426-3.
  • (2002) Hurst, Sarah: Curse of Kirsan: Adventures in the Chess Underworld. Russell Enterprises. ISBN 1-888690-15-1.
  • (2004) Károlyi, Tibor: Judit Polgar, the Princess of Chess. Batsford. ISBN 0-7134-8890-5
  • (2005) Susan Polgar, Paul Truong: Breaking Through : How the Polgar Sisters Changed the Game of Chess. Everyman Chess. ISBN 1-85744-381-0.
  • (2005) Jennifer Shahade, Chess Bitch: Women In The Ultimate Intellectual Sport. Siles Press. ISBN 1-890085-09-X.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]