Темпо (шах)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Темпо е поим кој во шахот се употребува како мера за факторот време. Во отворањето е најважно да се овозможи брз развој и мобилизација на фигурите на најсоодветните полиња. Во случај, кога едниот противник, овие цели ги има постигнато побрзо, тогаш се вели дека тој „освоил темпо“, а за неговиот противник се вели дека „загубил темпо“. Постојат отворања (гамбити), во кои едната страна нуди жртва, со цел да добие темпо.

Добиеното темпо може да се изрази на различен начин:

  • напад на кралот;
  • освојување на простор (видете: Просторна предност);
  • материјална предност;
  • позициона предност.

Толкување[уреди]

Поимот, во шаховската теорија може да се протолкува со две основни значења: ритам на игра и потег.

Како ритам на игра, темпото може да биде изразено со поголемо количество на време или со помало, што зависи од карактерот на позицијата. Најчесто, темпото е изразено со поголемо количество на време („бавно темпо“) во позициите со позициски карактер, во кој главно освоеното темпо води до материјална предност. Темпото, кое трае пократко („брзо темпо“) се јавува во позициите со кобинациски карактер, во кои целта на белиот е со „ненадеен удар“, најчесто жртва или принуден потег да го принуди противникот на наредните неколку потези, матирајќи го противничкиот крал или освојувајќи решаваќка предност.

Второто толкување на поимот е едноставно како потег. Како потег, темпото е еден од основните концепти на шаховската тактика и како такво, тоа може да освои или загуби. Според ова толкување, темпото е од исклучително значење во завршницата.

Шаховска тактика[уреди]

Освојување на темпо[уреди]

Chess zhor 26.png
Chess zver 26.png
Chess rdl44.png Chess ndd44.png Chess bdl44.png Chess d44.png Chess kdl44.png Chess bdd44.png Chess ndl44.png Chess rdd44.png
Chess pdd44.png Chess pdl44.png Chess pdd44.png Chess l44.png Chess pdd44.png Chess pdl44.png Chess pdd44.png Chess pdl44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess qdl44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess pll44.png Chess pld44.png Chess pll44.png Chess pld44.png Chess l44.png Chess pld44.png Chess pll44.png Chess pld44.png
Chess rld44.png Chess nll44.png Chess bld44.png Chess qll44.png Chess kld44.png Chess bll44.png Chess nld44.png Chess rll44.png
Chess zver 26.png
Chess zhor 26.png
Скандинавска одбрана, позицијата по 1. e4 d5 2.exd5 Dxd5.

Темпо може да се добие, на пример, со развој на фигура и истовремено објавување на шах. Но, овде треба да се внимава, бидејќи доколку шахот биде покриен со пешак, тогаш ваквиот агресивен развој на фигура може да има контраефект и наместо да се добие, може лесно да се загуби темпо.

Главно, развојот а фигури со освојување на темпо е посакувано нешто во шахот. Обично, предноста од темпо, води и до преземање на иницијативата. За шахистот кој ја има иницијативата на своја страна се вели дека е во можност да го ограничи противникот во неговите потези, односно да го принуди на секој потег да одговара, одигрувајќи изнудени потези. Шахистот, кој ја има иницијативата има поголем избор на потезии може да влијае на насоката во која се движи развојот на партијата. Сепак, освојувањето на темпо и преземањето на иницијативата, со сите изгледи за напад, може да биде безвредно, доколку материјалната предност на противникот е премногу голема (на пример цел топ). Сепак, има ситуации, во кои со освојување на значајно темпо води до форсирана победа и со поголема материјална негатива.

Во Скандинавска одбрана, по 1. e4 d5 2.exd5 Dxd5, ако белиот одигра 3. Sc3, напаѓајќи ја црната дама, принудувајќи ја да отстапи, тој освојува темпо. Слична позиција настанува во Централното отворање, каде по 1.е4 e5 2. d4 exd4 3.Dxd4, црниот е во можност да освои темпо со потегот 3...Sc6, напаѓајќи ја белата дама која е принудена да отстапи.

Загуба на темпо[уреди]

Chess zhor 26.png
Chess zver 26.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess kdd44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess ndd44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess kld44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess rld44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess zver 26.png
Chess zhor 26.png
Во оваа позиција двата крала се во опозиција, а белиот е на потег. Тој игра 1.Tb8+ (триаголен маневар), па на еди9нственото 1...Ne8, има можност со било кој потег по осмата хоризонтала, да загуби темпо, но и да го стави противникот во цугцванг (на пр. 2.Тd8 и црниот го губи коњот).

Загубата на темпо настанува во позиции, во кои едниот противник е принуден да потроши дополнително време, играјќи една иста фигура. Ова е вообичаено за отворањата, во кои како загуба на темпо се смета повеќекратното движење на една фигура. Загубата на темпо за едната страна, всушност претставува освојување на темпо за другата страна. Загубата на темпо е особено опасно во отворените отворања (позиции) и во завршницата.

Во средишницата, загубата на темпо може да биде клучно за исходот од партијата. Во оваа фаза од развојот на партијата, преземањето на иницијативната, често има одлучувачки размери, па затоа потребна е особено внимателна игра и позиционирање на фигурите, со што би се избегнала загубата од темпо и би се задржала врамнотеженоста во партијата.

Сепак, во шаховската практика, а и низ многу партии, загубата на темпо се покажала како нужност за победа. Ова е случај во некои ситуации во завршницата, кога едната страна има материјална предност и ја има иницијативата на своја страна, па со цел да ја зголеми својата предност до решавачки размери, тој со загубата од темпо, го остава противникот во цугцванг, при што овој има само еден можен потег на располагање.

Во современата шаховска теорија, во играта во отворањата се допушта загубата на темпо (повеќекратно играње со една фигура), доколку тоа овозможува контрола на некој значаен пункт или ја загрозува структурата на противникот. Но, загубата на темпо е покарактеристична за играта во завршницата, кога во одредени позиции е неопходна за победа. Така, кога во завршницата, двата крала се во опозиција, страната која е на потег е во полоша ситуација, бидејќи едноставно„мора да игра“. Затоа, во вакви ситуации се јавува потребата од т.н. триаголен маневар, со цел со загуба на темпо да се врати позицијата, со таа разлика што противникот ќе биде на потег (ваквата загуба на темпо е можна со кралот, дамата, топот и ловецот; со коњот не може да се загуби темпо на овој начин). Ова е можно само во ситуации, кога едната страна има материјална предност.

Видете исто така[уреди]

Литература[уреди]

  • The Oxford Companion to Chess (второ издание), David Hooper, Kenneth Whyld, Oxford University Press, 1992, ISBN 0-19-866164-9
  • How to Play Chess Endings, Karsten Müller, Pajeken Wolfgang, Gambit Publications, 2008, ISBN 978-1-904600-86-2, 0486211703
  • Шахматы : Энциклопедический словарь. Москва : Советская энциклопедия, 1990. стр. 398, ISBN 5-85270-005-3
  • Szachy od A do Z (втор том), Władysław Litmanowicz, J.Giżycki, Warszawa 1987, стр. 1230