Шаховски турнир во Вајк ан Зее

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Шаховскиот турнир во Вајк ан Зее е е ден од најсилните шаховски турнири. Се одржува секоја година, најчесто во јануари, од 1937 (со исклучок во 1945, кога не е одржан). До 1967, турнирот се одржувал во градот Бевервијк, Холандија, а од наредната 1968 во Вајк ан Зее.

Од 1946 година, турнирот официјално се именувал како „Турнир Хоговенс“ (холандски: Hoogovenstoernooi) по името на компанијата-спонзор, холандскиот металуршки концерн „Хоговенс“. Во 1999 година, компанијата се обедини со компанијата British Steel, при што се создаде новата компанија Corus Group, па со оглед на тоа што новосоздадената компанија продолжи да го поддржува турнирот, турнирот се нарекуваше „Турнир Корус“ (англиски: Corus Chess). Во 2011 година, турнирот повторно го промени официјалното име во „Турнир Тата стил“ по името на индиската компанија Tata Steel, која во 2007 година ја презеде групацијата Corus. Сепак, многумина неофицијално турнирот го нарекуваат според името на градот во кој се одржува.

На турнирот нучествувале многу познати шахисти, а од 1938 како победници се јавиле многу големи имиња во светот на шахот, како: Макс Еве, Бент Ларсен, Тигран Петросјан, Паул Керес, Ефим Гелер, Лајош Портиш, Борис Спаски, Михаил Ботвиник, Михаил Таљ, Виктор Корчној, Јан Тиман, Анатолиј Карпов, Владимикр Крамник, Гари Каспаров, Вишванартан Ананд и Веселин Топалов. Всушност, од светските шампиони по Втората светска војна, на оваа листа ги нема само имињата на Василиј Смислов и Боби Фишер. Во 2001, на турнирот учествуваа 9 од најдобрите 10 шахисти во светот.

Вишванатан Ананд е единствениот шахист којшто победил 5 пати. Ананд исто така го поседува и рекордот на одиграни партии на турнирот без пораз (70 — од 1998–до 2004). Макс Еве, Лајош Портиш и Виктор Корчној победиле на турнирот по 4 пати.

Содржина

[уреди] Историја на турнирот

[уреди] Хоговенс Бевервијк

Првите неколку турнири биле мали, со 4 натпреварувачи во 1938, кои биле Холанѓани..

Првите 5 турнири биле исти, а турнирот се одржувал во почетокот на јануари.

Во 1943 и 1944, на турнирот учествувале 8 шахисти. Во 1945, турнирот не се одржал поради Втората светска војна. Првиот меѓународен турнир се одржал во 1946. Бројот на натпреварувачи изнесувал 10. На турнирот биле поканети Алберик ОќКели де Галвај (Белгија) и Госта Столц (Шведска), кои им се пруидружиле на осуммината холандски шахисти. На турнирот настапувале 10 шахисти, сѐ до 1953, кога бројот пораснал на 12, а исто така бил одржан и турнир во женска конкуренција. Во 1954, бројот на натпреварувачи се вратил на 10, но моќта на шахистите буила неспорно поголема. Во 1963, учествувале 18 шахисти, а во 1964 16. Турнирот станал најсилниот шаховски турнир во светот.

Турнирот во 1946 бил еден од првите европски шаховски турнири по Втората светска војна. Храната претставувала проблем во Европа, па на турнирот се организирала причест на која се служела чорба од грашок. Ваквата причест продолжила и во наредните години, а останала традиција и по преместувањето на местото на настанот од Бевервијк во Вајк ан Зее.

[уреди] Победници на турнирот

[уреди] „Турнир Хоговенс“ Бевервијк

Година Победник Земја
1938 Фиип Бакер Знаме на Холандија Холандија
1939 Николас Кортлевер Знаме на Холандија Холандија
1940 Макс Еве Знаме на Холандија Холандија
1941 Артур Вејнанс Знаме на Холандија Холандија
1942 Макс Еве Знаме на Холандија Холандија
1943 Арнолд ван ден Хук Знаме на Холандија Холандија
1944 Тео ван Схелтига Знаме на Холандија Холандија
1946 Алберик О'Кели де Галвеј Знаме на Белгија Белгија
1947 Тео ван Схелтига Знаме на Холандија Холандија
1948 Лудевијк Принс Знаме на Холандија Холандија
1949 Савели Тартаковер Знаме на Франција Франција
1950 Јан Хејн Донер Знаме на Данска Данска
1951 Херман Пилник Знаме на Аргентина Аргентина
1952 Макс Еве Знаме на Холандија Холандија
1953 Николас Росолимо Знаме на Франција Франција
1954 Ханс Боувмеестер
Васја Пирц
Знаме на Холандија Холандија
СФРЈ СФР Југославија
1955 Борислав Милиќ СФРЈ СФР Југославија
1956 Гидеон Шталберг Знаме на Шведска Шведска
1957 Александар Матановиќ СФРЈ СФР Југославија
1958 Макс Еве
Јан Хејн Донер
Знаме на Холандија Холандија
Знаме на Холандија Холандија
1959 Фридрик Олафсон Знаме на Исланд Исланд
1960 Бент Ларсен
Тигран Петросјан
Знаме на Данска Данска
СССР СССР
1961 Бент Ларсен
Борислав Ивков
Знаме на Данска Данска
СФРЈ СФР Југославија
1962 Петар Трифуновиќ СФРЈ СФР Југославија
1963 Јан Хејн Донер Знаме на Холандија Холандија
1964 Паул керес
Иво Неѕ
СССР СССР
СССР СССР
1965 Ефим Гелер
Лајош Портиш
СССР СССР
Знаме на Унгарија Унгарија
1966 Лав Полугаевски СССР СССР
1967 Борис Спаски СССР СССР

[уреди] „Турнир Хоговенс“ Вајк ан Зее

Година Победник Земја
1968 Виктор Корчној СССР СССР
1969 Михаил Ботвиник
Ефим Гелер
СССР СССР
СССР СССР
1970 Марк Таиманов СССР СССР
1971 Виктор Корчној СССР СССР
1972 Лајош портиш Знаме на Унгарија Унгарија
1973 Михаи Таљ СССР СССР
1974 Волтер Браун Flag of the United States.svg САД
1975 Лајош Портиш Знаме на Унгарија Унгарија
1976 Љубомир Љубоевиќ
Фридрик Олафсон
СФРЈ СФР Југославија
Знаме на Исланд Исланд
1977 Ефим Гелер
Генадиј Сосонко
СССР СССР
Знаме на Холандија Холандија
1978 Лајош Портиш Знаме на Унгарија Унгарија
1979 Лав Полугаевски СССР СССР
1980 Волтер Браун
Јасер Сеираван
Flag of the United States.svg САД
Flag of the United States.svg САД
1981 Генадиј Сосонко
Јан Тиман
Знаме на Холандија Холандија
Знаме на Холандија Холандија
1982 Џон Нан
Јури Балашов
Обединето Кралство Обединето Кралство
СССР СССР
1983 Улф Андерсон Знаме на Шведска Шведска
1984 Александар Бељавски
Виктор Корчној
СССР СССР
Знаме на Швајцарија Швајцарија
1985 Јан Тиман Знаме на Холандија Холандија
1986 Најџел Шорт Обединето Кралство Обединето Кралство
1987 Најџел Шорт
Виктор Корчној
Обединето Кралство Обединето Кралство
Знаме на Швајцарија Швајцарија
1988 Анатолиј Карпов СССР СССР
1989 Вишванатан Ананд
Предраг Николиќ
Золтан Рибли
Ѓула Сакс
Индија Индија
СФРЈ СФР Југославија
Знаме на Унгарија Унгарија
Знаме на Унгарија Унгарија
1990 Џон Нан Обединето Кралство Обединето Кралство
1991 Џон Нан Обединето Кралство Обединето Кралство
1992 Валериј Салов
Борис Гелфанд
Знаме на Русија Русија
Знаме на Белорусија Белорусија
1993 Анатолиј Карпов Знаме на Русија Русија
1994 Предраг Николиќ Знаме на Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
1995 Алексеј Дреев Знаме на Русија Русија
1996 Василиј Иванчук Знаме на Украина Украина
1997 Валериј Салов Знаме на Русија Русија
1998 Владимир Крамник
Вишванартан Ананд
Знаме на Русија Русија
Индија Индија
1999 Гари Каспаров Знаме на Русија Русија

[уреди] „Турнир Корус“ Вајк ан Зее

Година Победник Земја
2000 Гари Каспаров Знаме на Русија Русија
2001 Гари Каспаров Знаме на Русија Русија
2002 Евгени Бареев Знаме на Русија Русија
2003 Вишванатан Ананд Индија Индија
2004 Вишванатан Ананд Индија Индија
2005 Петар Леко Знаме на Унгарија Унгарија
2006 Веселин Топалов
Вишванатан Ананд
Знаме на Бугарија Бугарија
Индија Индија
2007 Веселин Топалов
Левон Аронјан
Тејмур Раџабов
Знаме на Бугарија Бугарија
Знаме на Ерменија Ерменија
Знаме на Азербејџан Азербејџан
2008 Магнус Карлсен
Левон Аронјан
Знаме на Норвешка Норвешка
Знаме на Ерменија Ерменија
2009 Сергеј Карјакин Знаме на Украина Украина
2010 Магнус Карлсен Знаме на Норвешка Норвешка

[уреди] „Турнир Тата стил“ Вајк ан Зее

Година Победник Земја
2011 Хикару Накамура Flag of the United States.svg САД
2012 Левон Аронјан Знаме на Ерменија Ерменија

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици