Штралзунд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Штралзунд
Панорама на Штралзунд
Панорама на Штралзунд
Грб на Штралзунд
Штралзунд се наоѓа во Германија
Штралзунд
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Форпомерн-Риген
Градоначалник Александар Бадров (ЦДУ)
Основни податоци
Површина 39 км2
Надм. височина 13 м
Население 57.862 (31 декември 2011)[1]
 - Густина 1.484 жит/км2
Основано 1234
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HST
Пошт. бр. 18435, 18437, 18439
Повик. бр. 03831
Портал www.stralsund.de
Местоположбата на град Штралзунд во рамките на округот Форпомерн-Риген
Карта
Координати 54°18′00″ СГШ 13°05′00″ ИГД / 

Штралзунд (германски: Stralsund) е град во Мекленбург-Западна Померанија, Германија, се наоѓа на јужниот брег од Штрелазунд (проток во Балтичкото Море, кој го раздвојува островот Риген од копното).[2] Два моста (Rügendamm и од октомври 2007 новиот Мост Риген) и неколку фериботски линии го поврзуваат Штралзунд со пристаништата во Риген.[2] Поранешниот слободен град, е главен град на новиот округ Форпомерн-Риген од септември 2011 со новата реформа на окрузите.

Главните индустрии на Штралзунд се бродоградба, рибарство и со растечки степен, туризам.

Содржина

Историја [уреди]

Во средновековието, областа во Штралзунд била дел од западнословенското Кнежество Риген, кое било дел од кралството Данска од 1168. Во тоа време, островот Денхолм и рибарското село, на местото на подоцнежниот град, биле именувана Strale / Stralow, полапски за „стрела“ (стрелата е сè зачувана во градскиот грб).

Во текот на германското источно населување, многу германски доселеници, благородници и трговци биле повикани во кнежеството и всушност ја населиле населбата Strale. Трговците од другите држави како и локалното население биле привлечени во областа и сочинувале една третина од градското население. Данската морнарица била користена на островот. Кога населбата пораснала во градска големина, принцот Визлав I од Риген му обезбедил на законот на Либек на „нашиот град Штралов“ во 1234. Во 1240, кога принцот му дал дополнително земјиште на градот, тој го нарекол Штралезунд.

Успехот на населбата го предизвикал моќниот Слободен град Либек, кој го опожарил Штралзунд во 1249. Потоа, градот бил обновен со масивни градски ѕидини имајќи 11 градски порти и 30 караули. Neustadt, градот како предградие, било споено кон Штралзунд во 1361. Schadegard, близнак-град на Штралзунд исто така го основал Визлав I во близина, но не било обезбеден со германски закон, служел како кнежевско упориште и ограден како тврдина. Тој бил уништен и урнат во 1269 под притисок на граѓаните на Штралзунд.

Во 1293, Штралзунд станал член на Ханза.[2] Вкупно 300 бродови пловеле под знамето на Штралзунд на Балтичкото Море во 14-от век. Во 1325, кнежеството Риген станало дел од војводството Померанија, Штралзунд меѓутоа одржал значителна независност.

Во 17-от век, Штралзунд станал театар во Триесетгодишната војна. Во битката кај Штралзунд, градот бил под опсада од Албрехт фон Валенштајн, откако советот одбил да ја прифати капитулацијата на Францбург.[3] Штралзунд давал отпор со данска и шведска поддршка.[3] Шведскиот гарнизон во Штралзунд бил првиот на германската почва во историјата.[3] Со договорот од Штетин (1630), градот станал еден од двата главни шведски тврдини во војводството Померанија, покрај Штетин (сега Шчеќин).[4]

По војната, Вестфалскиот мир (1648) и договорот од Штетин (1653) станал дел од Штралзунд од Шведска Померанија. Загубен од Бранденбург во битката кај Штралзунд (1678), бил повратен на Шведска со Сенжерменскиот мир. Во големата северна војна во 1715 Карл XII од Шведска ја предводел одбраната на Штралзунд против обединетите европски армии. Штралзунд останал под шведска контрола до битката кај Штралзунд (1807), која бил поделен од трупите на Наполеон. Обземен од трупите (фрајкори) на Фердинанд фон Шил во 1809, бил повторно повратен од Французите, откако Шил загинал во битката. Со виенскиот конгрес (1815), Штралзунд станал дел од пруската провинција Померанија и седиште на административниот округ, кој личел на поранешната Шведска Померанија.

Од 1949, до германското реобединување во 1990, Штралзунд бил дел од Германската Демократска Република.

Историските центри на Штралзунд и Визмар*
Светско наследство на УНЕСКО

Штралзунд: Стариот плоштад со градското собрание и Николајкирхе
Држава Германија
Тип културно
Критериуми ii, iv
Навод 1067
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 2002  (26-то заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Главни знаменитости [уреди]

  • Историскиот центар во брик-готика е светско културно наследство на УНЕСКО.
  • Срцето на стариот град е стариот плоштад (Alter Markt), со готското градско собрание (13-ти век). Позади градското собрание се наоѓа, импозантната Nikolaikirche (Црква Свети Никола), изградена во 1270-1360. Плоштадот е опкружен од куќи од различни периоди, вклучувајќи ја готската Wulflamhaus (благородничка куќа од 14-ти век, денес ресторан) и барокната Commandantenhaus, седиште на шведската команда.
  • Jakobikirche (Црква Свети Јакоб), изградена во средината на 14-от век. Била уништена неколку пати, н.п. од Валенштајн и во Втората светска војна.
  • Marienkirche (Црква Света Богородица), изградена во 1383-1473 во готски стил, е најголемата црква во Штралзунд и од 1625—1647 била највисока градба во светот. Нејзината осмоаголна кула (104 метри висока) нуди величествен поглед на Штралзунд и соседните острови Риген и Хидензе.
  • Katharinenkloster (Манастир Света Катарина), изграден во 15-от век, вдомува два музеи: историски музеј и океанографиски музеј. Стариот рефлекториј на манастирот е еден од најспектакуларните готски внатрешности во Германија.
  • Johanniskloster (Францискански манастир, 1254), е една од најстарите градби во градот.
  • Штралзунд е пристаниште на регистарот за поранешната германска кралска морнарица и бродовите „Gorch Fock“ 1. Сега е пловечки музеј.
  • Штралзунд има неколку музеи посветени на морскиот живот и човечкото присуство во морето. Најголемиот е Германски океанографски музеј и новиот Оцеанеум. Има исто така и Наутинеум. Има и морски музеј, кој ја содржи историјата на германската морнарица. Се наоѓа на островот Денхолм, во поранешната историска поморска база. Овој музеј е седиште на еден од последниот останати ГДР торпедо-бродови.

Сообраќај [уреди]

Штралзунд е поврзан со автопатот A20 (кон Берлин и Хамбург), преку B96n двоен автопат. Други главни патишта се B105 (почнувајќи во центарот на градот и продолжува кон Росток) и B96 (главен пат кон Риген) и B194 до Гримен.

Главната железничка станица Штралзунд е на линијата до Берлин, Росток, Ангерминде и Берген.

За воздушен сообраќај, патниците вообичаено патуваат преку Аеродром Росток-Лаге со врски од Минхен.

Градските автобуси се водени од SWS (Stadtwerke Stralsund).

Меѓународни односи [уреди]

Штралзунд е збратимен со:

Галерија [уреди]

Познати жители [уреди]

Наводи [уреди]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2011“. „Статистички годишник на Мекленбург-Западна Померанија“. 10 Октомври 2012. http://service.mvnet.de/statmv/daten_stam_berichte/e-bibointerth01/bevoelkerung--haushalte--familien--flaeche/a-i__/a123__/2011/daten/a123-2011-22.xls.  (германски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Britannica Online Encyclopedia, "Stralsund" (city), 2007, webpage: EB-Stralsund.
  3. 3,0 3,1 3,2
    1. пренасочување Шаблон:Наведена книга
  4. Langer, Herbert (2003). „Die Anfänge des Garnisionswesens in Pommern“. Asmus, Ivo; Droste, Heiko; Olesen, Jens E. (на German). „Gemeinsame Bekannte: Schweden und Deutschland in der Frühen Neuzeit“. Berlin-Hamburg-Münster: LIT Verlag. стр. 397. ISBN 3825871509. http://www.google.de/books?id=nI9dItT816kC&pg=PA397. 
  5. „Malmö stads vänortssamarbete“ (на шведски). © 2004-2009 Malmö stad, 205 80 Malmö, Organisationsnummer: 212000-1124. http://www.malmo.se/faktaommalmopolitik/internationelltsamarbete/vanortssamarbetet.4.33aee30d103b8f15916800032874.html. проверено на 2009-06-27. 

Надворешни врски [уреди]