Гарц (Риген)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гарц (Риген)
Родната куќа на Ернст Мориц Арнт во Гарц
Родната куќа на Ернст Мориц Арнт во Гарц
Грб на Гарц (Риген)
Гарц (Риген) се наоѓа во Германија
Гарц (Риген)
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Риген
Месна заед. Берген на Риген
Градоначалник Клаус Мајснер
Основни податоци
Површина 65,44 км2
Надм. височина 15 м
Население 2.222 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 34 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RÜG
Пошт. бр. 18574
Повик. бр. 03838, 038304, 038307
Местоположбата на градот Гарц (Риген) во рамките на округот Западна Померанија-Риген
Карта
Координати 54°19′00″ СГШ 13°21′00″ ИГД / 

Гарц (германски: Garz) — град во округот Западна Померанија-Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Градот се наоѓа на најголемиот остров во Германија, Риген. Административно е дел од општинската заедница Берген на Риген.

Географија[уреди]

Гарц се наоѓа во јужниот дел на островот Риген, околу 5 километри од брего. Околната област се состои од ниски нерамномерни ридови, а највисока точка е Каноненберг (Kanonenberg) со 34 метри надморска височина. Гарц се наоѓа на 22 километри од Штралзунд на копното и 12 километри од поранешното окружно седиште Берген на Риген.

Кон Гарц припаѓаат следниве единици: Битенгаст, Думзевиц, Фосберг, Фројденберг, Глевиц, Гецлафсхаген, Грабов, Грос Шориц, Карниц, Клајн Штубен, Книпов, Колдевиц, Ковал, Лозентиц, Малцин, Полтенбуш, Попелвиц, Розенгартен, Шабернак, Зилмениц, Свине, Тангниц, Венторф, Цикер и Цудар.[2]

Историја[уреди]

Потекло на името[уреди]

Каренц, Керентија или Кореница биле имиња дадени на словенскиот замок, за кој имало тешки борби во 1168 и 1234 и во едно време, за градот се мислело дека е поранешната резиденција Кореница, но денес тоа се чини неверојатно.

Во 1327, градските печат го носел името Херц во Руја (Chertz in Ruya). Меѓутоа, името „Гарц“, веројатно доаѓа од словенскиот збор gardec или gard и означува „утврдено место“ или „мал замок“. Претходник на Гарц е веројатно градот Рујендал (Ruyendal).

Рана историја[уреди]

Кон крајот на првиот милениум, жителите на Риген биле источногерманското племе Руги, кои од VII век биле следени од Рујаните, западнословенско племе. Во XI и XII век, тука постоел словенски замок со бедем и населба како кралска резиденција. Доброзачуваниот ѕид од тврдината бил сметан од историчарите во XIX и XX век како дел од легендарната резиденција Кореница. Меѓутоа, неодамнешните меѓудисциплинарни истражувања во 2004 и 2005 покажале дека бургот кај Венц (помеѓу Гингст и Трент на бреговите на Нојендорфер Вик) е поверојатно да било административното седиште и храмот Кореница. Вториот бил предаден без борба на 16 јуни 1168, еден ден по освојувањето на Јаромарсбург на ’ртот Аркона, од данскиот крал Валдемар I и неговиот командант Абсалон од Роскилде, по извршените преговори.[3][4]

Во 1168, христијанските Данци ја уништиле тврдината во Гарц, како и храмот на Световид во тврдината на Аркона. Германските доселеници пристигнувале од 1240 и селото Гарц се развило.

Во 1316, Гарц добил градски права од ригенскиот принц Вицлав III и бил прв пат споменат во 1316 и 1319. Поради тоа се смета за најстар град на островот. Градската црква од XIV век, Св. Петар, првично припаѓала на данската бискупија Роскилде.

Во 1325, Риген, вклучувајќи го Гарц, потпаднале под Померанија. Во 1478, Риген бил споен со Померанија и по Триесетгодишната војна во 1648 со Вестфалскиот мир Гарц потпаднал под Шведска. Сè до 1815, како последица на Виенскиот конгрес Гарц не станал пруски град.

Околу 1648, црковната кула била уништена во бура и заменета со денешната кула. Во 1765 голем пожар уништил многу домови. Старите градски куќи, поголем дел од нив насочени со нивната поголема страна паралелно со патот, биле изградени потоа.

Поново време[уреди]

Во 1930, истражувачот на дијабетес, Герхарт Кач, го основал првиот центар во Германија за клиничко и социомедицинско лечење на дијабетичарите во Гарц. Откако институцијата се преселила во Карлсбург во Западна Померанија, оддел на Институтот Карлсбург останал во Гарц.

Од 1991, центарот на Гарц бил во голема мера обновен како дел од планот за урбан развој. Близу Гарц се наоѓа предавател на германскиот телеком од 1993.

Администрација[уреди]

Од 1818 до 1952, Гарц припаѓал на округот Риген (Kreis Rügen, од 1939, Landkreis Rügen), од 1952 до 1955 на округот Путбус, од 1956 повторно на Риген (Kreis Rügen, од 1990 Landkreis), и од 2011 на округот Западна Померанија-Риген.

На 1 јануари 2001 Грос Шориц[5] бил припоен кон градот Гарц. На 13 јуни 2004, Цудар, истоимениот полуостров, бил приклучен кон градот.[6] Во јануари 2005, Карниц бил исто така припоен кон Гарц.

Култура и знаменитости[уреди]

  • Евангелистичката градска црква Св. Петар била изградена во средината на XIV век во готски стил користејќи тули. Била доградувана во XV и XVI век. Околу 1648 кулата била уништена во бура и заменета со денешната кула.
  • Родната куќа на Ернст Мориц Арнт во селото Грос Шориц.
  • Словенскиот бург, чии три храмови биле уништени во 1168, е еден од најдобро зачуваните во Германија.
  • Постарите градски куќи, главно при тротоарите на улиците, потекнуваат од периодот по големиот градски пожар во 1765.
  • Во близина на Гарц, германскиот телеком поседува предавател од 1993. Антената е висока 190 метри и е главен предавател за областа на Риген и Штралзунд.
  • Музејот Ернст Мориц Арнт е посветен на авторот Ернст Мориц Арнт.

Познати луѓе[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2013“. „Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија“. 23 Септември 2014. http://service.mvnet.de/statmv/daten_stam_berichte/e-bibointerth01/bevoelkerung--haushalte--familien--flaeche/a-i__/a123__/2013/daten/a123-2013-22.xls.  (германски)
  2. Hauptsatzung §2
  3. Kratzke, Reimann, Ruchhöft: Garz und Rugendahl auf Rügen im Mittelalter. In: Baltische Studien 2004 – Pommersche Jahrbücher für Landesgeschichte. Neue Folge Bd. 90, Verlag Ludwig, Kiel 2005, pp. 25–52, ISBN 3-937719-02-4
  4. Sven Wichert: Beobachtungen zu Karentia auf Rügen im Mittelalter. In: Baltische Studien 2005 – Pommersche Jahrbücher für Landesgeschichte. Neue Folge Bd. 91, Verlag Ludwig, Kiel 2006, pp. 31–38, ISBN 3-937719-35-0
  5. StBA: Änderungen bei den Gemeinden Deutschlands, siehe 2001
  6. StBA: Änderungen bei den Gemeinden Deutschlands, siehe 2004

Надворешни врски[уреди]