Борн на Дарс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Борн
Грб на Борн
Борн на Дарс се наоѓа во Германија
Борн на Дарс
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Риген
Месна заед. Дарс/Фишланд
Градоначалник Герд Шармберг
Основни податоци
Површина 62,50 км2
Надм. височина 3 м
Население 1.101 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 18 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NVP
Пошт. бр. 18375
Повик. бр. 038234
Портал http://www.darss-fischland.de/
Местоположбата на Борн во рамките на округот Западна Померанија-Риген
Карта
Координати 54°23′09″ СГШ 12°31′36″ ИГД / 

Борн на Дарс (германски: Born auf dem Darß) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Таа е дел од полуостровот Дарс, на кој исто така се наоѓаат селата Преров и Вик. Борн се наоѓа на јужниот брег на полуостровот Дарс на крајбрежната лагуна (долногермански: Bodden), помеѓу Вик и балтичкото приморско одморалиште Аренсхоп.

Пејзаж[уреди]

Дарс е дел од полуостровот Фишланд-Дарс-Цингст. Полуостровот е дел од Националниот парк Западнопомерански лагуни. Околината на Борн е позната како место за одмор за десетици илјади жерави и гуски. Туризмот веќе подолго време е извор на приход и се зголемувал по повторното обединување на Германија, но Дарс е далеку од закрчено туристичко место.

Историја[уреди]

Со векови, Борн припаѓал на Војводството Померанија и станал шведски по Триесетгодишната војна. По Вестфалскиот мир во 1648, Борн станал дел од Шведска Померанија до 1815, кога Шведска ја предала Померанија на Прусија. Поголем дел од жителите биле рибари.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]