Гримен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гримен
Црква Св. Богородица
Црква Св. Богородица
Грб на Гримен
Гримен се наоѓа во Германија
Гримен
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Риген
Градски единици 12
Градоначалник Бено Ристер (CDU)
Основни податоци
Површина 50,29 км2
Надм. височина 9 м
Население 9.969 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 198 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NVP
Пошт. бр. 18507
Повик. бр. 038326
Портал www.grimmen.de
Местоположбата на градот Гримен во рамките на округот Западна Померанија-Риген
Карта
Координати 54°06′36″ СГШ 13°02′29″ ИГД / 

Гримен (германски: Grimmen) — град во округот Западна Померанија-Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Географија[уреди]

Гримен се наоѓа во јужниот дел на округот Западна Померанија-Риген, претходно припаѓајќи на округот Северна Западна Померанија, на кого бил и административно седиште. Градот се наоѓа на бреговите на реката Требел, околу 30 километри јужно од Штралзунд и 30 километри западно од Грајфсвалд. Градот е поврзан со железницата Штралзунд-Нојштрелиц-Берлин и со автопатот А20. Во близина на градот се наоѓаат општинската заедница Францбург-Рихтенберг на запад, општинската заедница Милцов на север и општината Зидерхолц на југоисток.

Градски единици[уреди]

Покрај градот Гримен, во рамките на административните граници спаѓаат и следниве единици:

  • Апелсхоф
  • Герлахсру
  • Греленберг
  • Грос Лемхаген
  • Хајдебринк
  • Хоенварт
  • Хоенвиден
  • Јесин
  • Клајн Лемхаген
  • Штолтенхаген
  • Фитлип

Соседни општини[уреди]

Општини со кои се граничи градот се (запишано надесно започнувајќи од север): Витенхаген, Вилмсхаген, Зидерхолц, Вендиш Багендорф, Шплитсдорф и Папенхаген.

Историја[уреди]

Гримен бил основан во текот на источното населување на Германците, кога околу 1.250 трговци и занаетчии од Долна Саксонија, Вестфалија и Долна Рајна се населиле на местото, кое потоа станало дел од Кнежевството Риген. Првиот документ во кој се споменува Гримен е од 1267. Во 1287, извештај напоменува дека фогтот Бертхолд го преземал градот, а воедно се споменува дека Гримен веќе ги добил градските права претходно. Официјалниот документ е изгубен, па така не се знае точниот датум кога градот се стекнал со градските права. Според тоа, 700-годишнината на градот била прославена во 1987. Од 1325, Гримен припаѓал на Војводството Померанија.

Во текот на Триесетгодишната војна, градот бил ограбен неколку пати. По војната, Гримен станал дел од Шведска Померанија. Од 1695 до 1697, градоначалникот Јоханес Флитнер немилосрдно ги казнувал обвинетите вештерки; најмалку седум од нив биле убиени. Во 1797, голем пожар го уништил скоро целиот град. Во 1800, шведскиот крал Густав IV Адолф го посетил Гримен и престојувал во т.н. кралска куќа. По Виенскиот конгрес во 1815, Шведска Померанија со Гримен станале дел од пруската Покраина Померанија. Административната реформа од 1816 го направила градот, административно седиште на округот.

На крајот на Втората светска војна, Гримен се предал на Црвената армија без борба во април 1945. Во 1960-тите се изградиле бројни нови фактори и земјоделски претпријатија, што предизвикало силен раст на градот. Откако комунистичкиот режим во Источна Германија паднал во 1989, старите градби во градот биле обновени. По реформата на окрузите во 1994, Гримен станал административно седиште на округот Северна Западна Померанија, додека од 2011 Гримен е дел од новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.

Демографија[уреди]

Година Жители
1600 1.000
1712 850
1800 1.840
1900 3.616
1946 8.298
1990 14.242
1993 13.376
2000 11.585
2006 11.032
2008 10.655
2009 10.419
2010 10.399

Меѓународни односи[уреди]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Збратимени градови[уреди]

Знаменитористи[уреди]

Градби[уреди]

Најстара градба во градот е Црквата Св. Богородица, изградена во 1267. Од старите бедеми и ѕидини, останати се три порти изградени во готски стил од тули:

  • Воденичката порта (Mühlentor, изградена ~1320)
  • Штралзундска порта (Stralsunder Tor, изградена ~1320)
  • Грајфсвалдска порта (Greifswalder Tor, изградена помеѓу 1350 и 1400).

Други знаменитости се Градското собрание, изградено во готски стил од тули околу 1400 година, и Водената кула, изградена во 1933.

Зоолошка градина[уреди]

Зоолошката градина во Гримен поседува повеќе од 250 животни од 50 различни видови. Зоолошката градина е отворена во 1957 година и исто така поседува голема разновидност на растенија и изобилува со зелени зони.

Луѓе[уреди]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]