Зелин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зелин
Крајбрежна патека во Зелин
Крајбрежна патека во Зелин
Грб на Зелин
Зелин се наоѓа во Германија
Зелин
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Риген
Месна заед. Менхгут-Границ
Градоначалник Рајнхард Литке (Selliner Wählergemeinschaft)
Основни податоци
Површина 14,33 км2
Надм. височина 30 м
Население 2.439 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 170 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RÜG
Пошт. бр. 18586
Повик. бр. 038303
Портал www.sellin.de
Местоположбата на Зелин во рамките на округот Западна Померанија-Риген
Карта
Координати 54°23′00″ СГШ 13°41′30″ ИГД / 

Зелин (германски: Sellin) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Риген во Балтичкото Море.

Историја[уреди]

Вила Винета (1902), особена бањска архитектура на германскиот балтички брег
Бањскиот град Зелин од воздух, со крајбрежната патека Зелин која навлегува во Балтичкото Море

Првите споменувања на Зелин потекнуваат од 1295. Од 1880, па натаму, градот брзо стекнувал значајност како балтички бањски град. По Револуцијата во 1989, селото било во голема мерка обновено и осовремено. Во 1992 била повторна изградена крајбрежната патека и била официјално отворена на 2 април 1998.

Култура и знаменитости[уреди]

Вилхелмштрасе (Wilhelmstraße), со нејзините убави куќи од периодот на бањска архитектура (премин на XIX во XX век), води до стрмниот брег, до 30 метри височина, каде се наоѓаат скали и лифт до Крајбрежната патека Зелин или шеталиштето на Јужната плажа (Südstrand).

Зелин има најдолга крајбрежна патека на Риген: 394 метри. Од 1991, историскиот центар бил многу обновен како дел од програмата за урбан развој.

Други знаменитости се Галерија Хартвих (Galerie Hartwich) во старата противпожарна станица, Килибарниот музеј и црквата. Килибарниот музеј бил основан во 1999 и е единствен таков на Риген.

Шварцското Езеро во Границ исто така припаѓа на општината и е одредено како строго заштитен резерват.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]