Западна Померанија-Риген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Западна Померанија-Риген
Landkreis Vorpommern-Rügen
—  Округ  —

Грб
Земја  Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Адм. цент. Штралзунд
Површина
 • Вкупна 3.188 км2
Население (31 декември 2013)[1]
 • Вкупно 223.109 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. VR, GMN, NVP, RDG, RÜG
Штралзунд: HST
Портал www.lk-vr.de

Западна Померанија-Риген (германски: Vorpommern-Rügen) — округ (Kreis) во северниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничи со (од запад надесно) Балтичкото Море и окрузите Западна Померанија-Грајфсвалд, Мекленбуршка Езерска Област и Росток. Седиштето на округот е ханзеатскиот град Штралзунд.[2]

Западна Померанија-Риген се карактеризира со разновидна крајбрежна пејзажна линија, тргнувајќи од многуте лагуни, плажи и гребени, дел од нив заштитени во националните паркови Западнопомерански лагуни и Јазмунд. Областа е исто така многу популарно одредиште за домашните и меѓународните туристи, вклучувајќи го Риген, најголемиот остров во Германија, островот Хидензе, полуостровот Фишланд-Дарс-Цингст и соседниот град Барт со Аеродромот Штралзунд Барт, пристаништето Засниц и Штралзунд, кој претставува светско културно наследство на УНЕСКО.

Едрење покрај гребените во Националниот парк Јазмунд, на островот Риген. Округот Западна Померанија-Риген е еден од најпопуларните места за домашните и меѓународните туристи во Германија, благодарение на неговата уникатна заштитена природа, добрата инфраструктура, популарната бањска архитектура, историските градови и пространите плажи на бреговите на Балтичкото Море.

Историја[уреди]

Округот бил основан со спојување на поранешните окрузи Северна Западна Померанија и Риген и поранешниот слободен град Штралзунд, како дел од локалната административна реформа во септември 2011.[2] Името на округот било одлучено на референдум на 4 септември 2011.[3] Проектното име за округот било Северна Западна Померанија.

Градови и општини[уреди]

Слободни градови Слободни општини
  1. Гримен
  2. Марлов
  3. Путбус
  4. Засниц
  5. Штралзунд
  1. Бинц
  2. Зидерхолц
  3. Цингст
Општински заедници
  1. Алтенплен1
  2. Грос Мордорф
  3. Клаусдорф
  4. Крамерхоф
  5. Прец
  6. Прон
  1. Барт1, 2
  2. Дивиц-Шполдерсхаген
  3. Фулендорф
  4. Карнин
  5. Кенц-Кистров
  6. Лебниц
  7. Лидерсхаген
  8. Прухтен
  9. Зал
  10. Тринвилерсхаген
  1. Берген на Риген1, 2
  2. Бушвиц
  3. Гарц2
  4. Густов
  5. Лицов
  6. Пархтиц
  7. Пациг
  8. Позериц
  9. Ралсвик
  10. Рапин
  11. Зелен
  1. Аренсхоп
  2. Борн на Дарс1
  3. Дирхаген
  4. Преров
  5. Вик на Дарс
  6. Вустров
  1. Францбург1, 2
  2. Глевиц
  3. Гремерсдорф-Бухолц
  4. Милинхаген-Ебелиц
  5. Папенхаген
  6. Рихтенберг2
  7. Шплитсдорф
  8. Фелгаст
  9. Вајтенхаген
  10. Вендиш Багендорф
  1. Елменхорст
  2. Зундхаген1
  3. Витенхаген
  1. Бабе1
  2. Гагер
  3. Герен
  4. Ланкен-Границ
  5. Миделхаген
  6. Зелин
  7. Тисов
  8. Цирков
  1. Грос Кордсхаген
  2. Јакобсдорф
  3. Кумеров
  4. Лисов
  5. Ној Бартелсхаген
  6. Нипарс1
  7. Пантелиц
  8. Штајнхаген
  9. Вендорф
  10. Царендорф
  1. Алтенкирхен
  2. Бреге
  3. Дранске
  4. Глове
  5. Ломе
  6. Путгартен
  7. Загард1
  8. Вик
  1. Бад Зилце2
  2. Детмансдорф
  3. Дајелсдорф
  4. Дрехов
  5. Ајксен
  6. Грамендорф
  7. Гранзебит
  8. Хуголдсдорф
  9. Линдхолц
  10. Трибзес1, 2
  1. Аренсхаген-Дасков
  2. Рибниц-Дамгартен1, 2
  3. Шлемин
  4. Землов
  1. Алтефер
  2. Дрешвиц
  3. Гингст
  4. Хидензе
  5. Клис
  6. Нојенкирхен
  7. Рамбин
  8. Замтенс1
  9. Шапроде
  10. Трент
  11. Уманц
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди]