Шверин (германски: Schwerin) е главен град и втор најголем град во северната германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Населението, на крајот на 2009 било 95.041 жител.
Историја [уреди]
Шверин е опкружен од повеќе живописни езера. Најголемото од тие езера, Шверинско Езеро, има површина од 60 км². Во средината на овие езера порано имало ободритска населба (датира од 11-от век). Областа била наречена Zuarin и името Шверин е изведено од тоа име. Во 1160, Хенрик Лавот ги поразил Ободритите и го заробил Шверин. Градот потоа биле проширен во моќен регионален центар. Замокот бил изграден и проширен низ вековите, на таа страна. Тој наводно е прогонуван од мали и ѓаволски духови, наречени Петерменхен.
Во 1358, Шверин стана дел од Војводството Мекленбург, со што станал и седиште на Војводството оттогаш. Околу 1500, почнала изградбата на Шверинскиот замок; тој бил местото каде што војводите престојувале. По поделбата на Мекленбург (1621), Шверин станал главен град на Војводството Мекленбург-Шверин. Помеѓу 1765 и 1837, градот Лудвигслуст служел како главен град, додека Шверин не бил повратен.
Во средината на 1800-тите, многу жители од Шверин се преселиле во Соединетите Американски Држави, повеќето кон Милвоки. Денес, Милвоки и Шверин се збратимени градови.
По 1918 и за време на ноемвриската револуција, што резултирало со падот на сите германски монархии, Големиот војвода абдицирал. Потоа, Шверин станал главен град на Слободната држава Мекленбург-Западна Померанија.
На крајот на Втората светска војна, на 2 мај 1945, Шверин бил заземен од американските трупи. Бил вратен на Британците на 1 јуни 1945 и по еден месец, на 1 јули 1945, бил предаден на советските сили, бидејќи американските и британските сили се вратиле назад до претходно договорените окупациски зони. Шверин, потоа, бил во руската окупациска зона, која станала дел од Германската Демократска Република (ГДР). Првично, тој бил главен град на државата Мекленбург, на која во тоа време ѝ биле приклучени западните делови на Померанија (Западна Померанија). Откако покраините биле распуштени во ГДР, во 1952, Шверин бил главен град на округот Шверин (Bezirk Schwerin).
По повторното обединување во 1990, поранешната покраина Мекленбург-Западна Померанија била повторна создадена како една од Bundesländer. Росток бил сериозен кандидат за покраински главе град, но одлуката сепак била во корист на Шверин.
Сообраќај [уреди]
Градските автобуси и трамваи се водени (управувани) од страна на НВС (Nahverkehr Schwerin).[2]
Главната железничка станица Шверин е поврзана со железничките линии Лудвигслуст-Визмар, Хагенов Ланд-Шверин и Бад Клајнен-Росток.
Главни знаменитости [уреди]
- Обележје на градот е Шверинскиот замок, кој се наоѓа на остров во езерото со исто име (Шверинско Езеро). Тој бил, со векови, резиденција на војводите од Мекленбург, а денес е седиште на Ландтагот (покраински парламент).
- Шверинска катедрала, градена во 1260–1416 во стил на циглична готика.
- Плоштадот Alter Garten (Старата градина), опкружен со згради како што е 18-вековната Altes Palais (стара палата), неокласичниот Staatliches Museum Schwerin (Покраински Музеј на уметноста), граден во 1877–1882 и Staatstheater (Градскиот театар), подигнат во 1886.
- Градската куќа (18-ти век)
- Шелфкирхе (Свети Никола, првично изградена во 1238, но повторно изградена во 1713, по уништувањето од бура)
- Телевизиска кула Шверин-Ципендорф
Панорамски поглед на историскиот центар на градот.
- Покраински музеј Шверин (Музеј на уметноста во Шверин) сместува забележителна колекција на холандски слики од 16-от век на холандските уметнички школи и германската уметност од средновековните и ренесансните мајстори, до денешен ден. Исто така, постои и исклучителна збирка на грчки вазни, во светски рамки важната збирка на слики на Жан Баптист Одри, извонредна збирка на скулптури на Худон, германски судски слики од 18-от век и работи со такви современи уметници како Макс Либерман, Франц Штук, Марсел Дукамп итн. Градичкиот кабинет сместува богата колекција на холандски и германски цртежи и графики (Јан ван Гојен, Дирер, Кранах, Рембранд, Меријан, итн.) и во светски најдобрата збирка на обоени графики од времето на ГДР.
- Technische Museum (Техничкиот музеј), сместен во поранешната Marstall (Кралска штала).
Криминал [уреди]
Според официјалниот крими извештај во 2007 за Германија, Шверин е единствениот германски град со стапка на криминал од над 17.000 кривични дела сторени на 100.000 жители;[3], па така е на местото број 1 на списокот на германските најопасни градови. Поголемите градови, како што се Берлин, Франкфурт на Мајна или Бремен, сите имаат стапка на криминал од 14.000 до 16.000 вкупни сторени кривични дела на 100.000 луѓе. Меѓутоа, Шверин е единствениот град во Германија, каде што возењето со автобус (или трамвај) без билет и лична карта се смета за кривично дело, што доведува до големо зголемување на бројките за стапката на криминал. [4]
Галерија [уреди]
-
-
-
-
-
-
Поранешна електрична централа
-
-
Надворешни врски [уреди]
|
|
|
| Главни градови на површинските покраини |
|
|
| Градови-држави1 |
|
|
| Главни градови на поранешни покраини |
|
|
|
1 За разлика од моно-градовите држави Берлин и Хамбург, Покраината Бремен ја сочинуваат два града, па така покраината и главниот град не се еднакви.
|
|
|
|
|
| Урбани окрузи |
|
|
|
| Рурални окрузи |
|
|