Шверински замок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воздушен поглед на замокот и неговата положба на остров во Шверинското Езеро.
Шверинскиот замок и неговите градини, од јужната страна

Шверински замок (германски: Schweriner Schloss) — замок сместен во градот Шверин, главен град на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на остров во главното средишно езеро во градот, Шверинското Езеро.

Со векови, замокот бил дом на војводите и големите војводи на Мекленбург и подоцнежното Мекленбург-Шверин. Моментално во него се наоѓа седиштето на покраинскиот парламент.

Сметан е за едно од најважните дела на романтистичкиот историзам во Европа. Во овој ранг, го добила прекарот Нојшванштајн на Северот“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Координати: 53°37′27″N 11°25′08″E / 53.62417° СГШ; 11.41889° ИГД / 53.62417; 11.41889