Кил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кил
Воздушен поглед на градот
Воздушен поглед на градот
Грб на Кил
Кил се наоѓа во Германија
Кил
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Урбан округ
Градски единици 18 окрузи
Градоначалник Улф Кемпфер (СПД)
Владејачки партии СПД / Зелени
Основни податоци
Површина 118,60 км2
Надм. височина 5 м
Население 241.533 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 2.037 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. KI
Пошт. бр. 24103–24159
Повик. бр. 0431
Портал www.kiel.de
Местоположба на градот Кил во Шлезвиг-Холштајн
Местоположба на градот Кил во Шлезвиг-Холштајн
Координати 54°19′31″ СГШ 10°08′26″ ИГД / 

Кил (германски: Kiel) — главен и најнаселен град во северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн, со население од 240.832 жители (2014 г.).

Кил е приближно 90 километри северно од Хамбург. Поради неговата географска положба во северниот дел на Германија, во југоисточниот дел на полуостровот Јитланд и на југозападниот брег на Балтичкото Море, Кил станал еден од главните поморски центри на Германија. На пример, градот е познат по големиот број настани во меѓународното едрење, вклучувајќи ја и годишната Килска недела, што е најголемиот настан во едрење во светот. Олимписките натпревари во едрење на Летните олимписки игри во 1936 и во 1972 биле одржани во Кил.[2]

Кил, исто така, е еден од традиционалните домови на балтичката флота на германската морнарица и продолжува да биде голем технолошки бродоградбен центар. Во Кил се наоѓа Институтот за поморски науки Лајбниц (IFM-GEOMAR) на Килскиот универзитет. Кил е важен поморски сообраќаен центар, благодарејќи на неговата положба на Килскиот Фјорд и на најпрометниот вештачки воден пат во светот, Килскиот Канал. Голем број на патнички фериботи сообраќаат до Шведска, Норвешка и други земји оттука. Покрај тоа, денес пристаништето Кил е важно пристаниште за тргнување на бродовите за крстарење низ Балтичкото Море.

Во 2005 година, БДП-то по глава на жител во Кил бил 35.618 , над германскиот национален просек и 159% од просекот на Европската Унија.[3]

Во рамките на Германија и делови од Европа, градот е познат по неговиот водечки ракометен клуб, Кил. Градот е дом на Килскиот универзитет (основан во 1665 година).

Географија[уреди]

Градот се создал во облик на потковица долж природното пристаниште на Килскиот Фјорд, кој го прави едно од најважните морски пристаниште на Балтичкото Море. Најсеверниот дел на Кил, Шилкзе, се наоѓа на отворено море. Низ Кил поминува вододелницата помеѓу Северното и Балтичкото Море. Реката Ајдер, која се влива во Северното Море, поминува низ градот како и Швентине, која се влива на крајот на Килскиот Канал. Околината на Кил е создадена од морени, а во источниот дел се наоѓа областа Холштајнска Швајцарија.

Соседни општини[уреди]

Следниве општини се граничат со градот Кил (подредени од североисток надесно, на источниот брег на Килскиот Фјорд):

Округ Плен: Менкеберг и Шенкирхен (Шрефенборн), град Швентинентал (до 29 февруари 2008 г. слободните општини Клаусдорф и Рајсдорф) како и Понсдорф, Хонигзе и Бокзе (сите во Прец-Ланд)

Округ Рендсбург-Екернферде: Флинтбек (Флинтбек), Молфзе и Милкендорф (Молфзе), Мелсдорф и Отендорф (Ахтервер), Кронсхаген (слободна општина), Нојвитенбек и Фелм (Денишер Волд), Алтенхолц (слободна општина), Денишенхаген и Штранде (Денишенхаген)

Градски единици[уреди]

Денес, градот Кил е поделен на 30 делови. Главно една или повеќе градски единици образуваат една од вкупно 18. градски окрузи со кои управува окружен совет.

Градските окрузи со единиците и нивните службени броеви:


  • Мите („Центар“)
    • 1. Алтштат („Стар град“)
    • 2. Форштат
    • 3. Ексерцирплац1
    • 4. Дамперхоф
    • 11. Зидфридхоф1
  • Равенсберг/Брунсвик/Дистернброк
    • 5. Брунсвик
    • 6. Дистернброк
    • 7. Блихерплац
    • 9. Равенсберг
  • Вик
    • 8. Вик1
  • Шрефентајх/Хаселдиксдам
    • 3. Ексерцирплац1
    • 10. Шрефентајх
    • 11. Зидфридхоф1
    • 15. Хаселдиксдам
  • Гарден
    • 11. Зидфридхоф1
    • 12. Гарден-Ост
    • 13. Гарден-Зид и Кронсбург1
  • Хасзе/Вибург
    • 11. Зидфридхоф1
    • 13. Гарден-Зид и Кронсбург1
    • 14. Хасзе1
  • Елербек/Велингдорф
    • 16. Елербек
    • 17. Велингдорф
  • Холтенау
    • 18. Холтенау1
  • Прис-Фридрихсорт
    • 18. Холтенау1
    • 19. Прис
    • 20. Фридрихсорт
  • Нојмилен-Дитрихсдорф/Опендорф
    • 21. Нојмилен-Дитрихсдорф
(со населба Опендорф)
  • Елмшенхаген/Крог
    • 22. Елмшенхаген (со Крог)
  • Зухсдорф
    • 8. Вик1
    • 23. Зухсдорф1
  • Штенбек-Пројенсдорф
    • 8. Вик1
    • 23. Зухсдорф1
  • Шилкзе
    • 24. Шилкзе
  • Метенхоф
    • 25. Метенхоф
  • Русзе/Хамер
    • 14. Хасзе1
    • 26. Русзе
  • Мајмерсдорф/Морзе
    • 27. Мајмерсдорф
    • 28. Морзе
  • Велзе/Кронсбург/Рене
    • 13. Гарден-Зид и Кронсбург1
    • 29. Велзе
    • 30. Рене
  • 1 Означува дека градската единица е поделена на повеќе градски окрузи.

Клима[уреди]

Кил се одликува со умерена клима. Летото вообичаено е свежо (околу 17°C), а зимата под влијание на морето и за неговата северна положба дури и топла (околу 2°C). Големи врнежи се случуваат во јули (околу 90 мм по месец). Просечната годишна температура изнесува околу 9°C.

Клима на Кил
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 4,5 5,2 7,7 11,5 16,2 18,8 21,3 21,3 17,3 12,6 7,1 4,8 12,4
Просечна минимална (°C) 0,0 0,4 1,5 3,8 7,1 10,2 12,8 12,6 10,4 6,5 2,5 0,4 5,7
Просечно кол. врнежи (мм) 72,0 50,3 61,6 42,4 45,5 70,5 87,8 71,6 74,2 72,7 56,8 76,6 782
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 12,4 11,6 11,5 8,7 7,9 11,5 11,4 10,2 11,1 11,1 10,5 11,8 129,7
Влага (%) 87 84 81 77 74 74 76 78 81 85 68 87 79,3
Сончеви часови (дневно) 1,2 2,1 3,4 5,5 7,4 7,6 7,1 7,1 4,9 3,3 1,7 1,1 4,4
Извор: Временски период 1971–2000; wetterkontor.de

Историја[уреди]

Среден век[уреди]

Килскиот Фјорд бил првпат населен од Норманите или Викинзите, кои сакале да ја колонизираат земјата, која тие ја ограбиле и и по многу години се населиле во германските села. Ова е забележано од географијата и архитектурата на фјордот. Кил, првично бил основан во 1233 година како Холстенстат том Киле (Holstenstadt tom Kyle) од грофот Адолф IV, а ги добил градските права во 1242 година од постариот син на Адолф, Јохан I фон Шауенбург.[4]

Кил, главниот град на Шлезвиг-Холштајн, бил член на Ханзата од 1284 година, додека не бил протеран во 1518 година година поради сместување на пирати. Во 1431 година, Килер Умшлаг (Kieler Umschlag; саем) бил првпат одржан, кој станал средишен пазар на добра и пари во Шлезвиг-Холшајн, додека не почнал да ја губи значајноста од 1850 година па натаму, поради тоа бил одржан за последен пат во 1900 година, додека неодамна повторно не бил обновен.

Современи времиња[уреди]

Килскиот универзитет бил основан на 29 септември 1665 година, од Кристијан Алберт, војвода на Холштајн-Готорп. Голем број на важни научници, меѓу нив Теодор Момзен и Макс Планк, студирале или предавале тука.

Пристаништето и Килскиот Фјорд.
Ботаничката градина во текот на зимата.

Од 1773 до 1864 година, градот припаѓал на кралот на Данска. Меѓутоа, бидејќи кралот владеел со Холштајн како феуд на Светото римско царство само преку личен сојуз, градот не бил припоен како дел од Данска соодветно. Така, Кил припаѓал на Германија, но бил управуван од данскиот крал. Дури и кога Царството бил распуштено во 1806 година, данскиот крал продолжил да владее со Кил, само преку неговата позиција како Војвода од Холштајн. Кога Шлезвиг и Холштајн се спротивставиле против Данска во 1848 година (Прва шлезвишка војна), Кил станал главен град на Шлезвиг-Холштајн до данската победа во 1852 година.

Во текот на Втората шлезвишка војна во 1864 година, Кил и остатокот од Шлезвиг и Холштајн бил освоен од Германската Конфедерација сојузник на Австриското царство и Кралството Прусија. По војната, Кил бил кратко администриран од Австријците и Прусите, но Австро-пруската војна во 1866 година довела до припојување на Кил кон Прусија во 1867 година. На 24 март 1865 година, кралот Вилхелм I Германски ја основал пруската флота на Балтичкото Море во Кил, наместо во Данциг (денешен Гдањск).

Кога Вилхелм I Пруски станал цар Вилхелм I на Германското царство во 1871 година, ги одредил Кил и Вилхелмсхафен како „царски воени пристаништа“ (Reichskrieghäfen). Престижниот Килски јахт-клуб бил основан во 1887 година со принцот Хајнрих Пруски како негов патрон. Царот Вилхелм II станал негов комодор во 1891 година.

Порати неговата нова улога како главна германска поморска база, Кил брзо се зголемил по површина во следниве години, од 18.770 во 1864 година на околу 200.000 во 1910 година. Многу од стариот градски центар и другата околина биле изедначени и повторно развиени за да обезбедат место за поголем град.

Кил бил местото на бунтот на морнарите, што бил предизвикан од Германската револуција на крајот на 1918 година. Непосредно пред крајот на Првата светска војна, на германската флота стационирана во Кил ѝ било наредено да се испрати во последната голема битка со британската кралска морнарица. Морнарите, кои го сметале тоа како самоубиствена мисија и која нема да има влијание врз исходот од војната, одлучиле дека нема што да загубат и одбиле да го напуштат пристаништето. Дејствијата на морнарите и недостигот на одговор од владата за нив, поткрепени со зголемените критички ставови за царот, предизвикале револуција, која, пак, довела со напуштање на монархијата и основање на Вајмарската Република.

Во текот на Втората светска војна, Кил останал една од најголемите поморски бази и бродоградбени центри на Германскиот Рајх. Исто така, постоеле и кампови за принудна работна сила за локалната индустрија.[5] Поради неговиот статус како морско пристаниште и производството на подморница, Кил бил тешко бомбардиран од сојузниците во текот на Втората светска војна. Бомбардирањето уништило 80% од преостанатиот стар град, 72% од централните станбени области и 83% од индустриската област.[6] Во текот на РАФ-бомбардирањето на 23/24 јули 1944 година, бомбардерите на Луфтвафе се обиделе да интервенираат со измислена (т.н. патка) сила, наместо главните сили да го напаѓаат Кил,[7] и така немало вода три дена, возовите и автобусите не возеле осум дена и немало достапно гас за готвење три недели.[8] Градот, неговото пристаниште, Каналот и неговите научници, биле запленети од британските Т-сили под водство на Тони Хиберт непосредно по германското предавање на западните Сојузници; ги запреле и пристапиле до Данска не паѓајќи под советска власт, и покрај тоа што биле надвор од стоп-линијата, која била договорена.

Како сите други тешко бомбардирани германски градови, градот бил обновен по војната. Во 1946 година, Кил бил именуван за седиште на владата на Шлезвиг-Холштајн и официјално станал покраински главен град во 1972 година.

Кил е повторно важен поморски центар на Германија, со бродоградбата, изградбата на подморници и дом на една од трите водечки институции на полето на морски науки во Европа ИФМ-Геомар. Редовните траекти до Скандинавија и Русија, како и најголемиот настан за едрење во светот познат како Килска недела (Kieler Woche) и Килска Регата. Kieler Umschlag е друг фестивал, кој се одвива од 1975 година. Кил, исто така, е дом на големиот услужен сектор и голем број на истражувачки институции, меѓу нив и Килскиот универзитет, кој е најстариот, најголемиот и најпрестижниот универзитет во покраината.

Религии[уреди]

Христијанство[уреди]

Црквата Св. Никола на Стариот плоштад е најстарата зачувана градба во градот.

Денес, населението на Кил 48% се изјаснува за евангелисти и 7% католици. Вкупно постојат 23 евангелистички општини и 3 католички парохии.

Населението на градот Кил на почетокот припаѓало на Архиепископијата Бремен, а оттаму на Епископијата Шлезвиг. Од 1526 година се вовела Реформацијата. Во 1534 година католиците морале да се откажат од единствената парохиска црква во градот (постои уште една црква). Четири години претходно бил затворен францисканскиот манастир во Кил. Потоа, Кил долго време бил преовладувачки протестантски град, кој припаѓал на Евангелистичко-лутеранската црква на Шлезвиг-Холштајн. Денес, лутеранските црковни општини на градот припаѓаат на — доколку не се членови на Самостојната евангелистичко-лутеранската црква или на Данската црква во Јужен Шлезвиг (во Кил-Холтенау) — црковниот округ Алтхолштајн во рамките на Евангелистичко-лутеранската црква на Северна Германија.

Во 1891 година била изградена првата католичка парохиска црква по Реформацијата. Црковните општини на Кил припаѓаат на некогаш постојниот Апостолски викаријат на Северна Германија. Католичките општини во Кил и околината припаѓаат на Хамбуршката архиепископија.

Од евангелистичките слободни цркви во Кил постојат баптистите (од 1872 г.), Евангелистичко-методистичката црква, Слободната евангелистичка општина, адвентистите и други општини.

Други христијански општини и црковни заедници во Кил се Апостолската заедница, Јеховини сведоци, Новаапостолска црква, Црквата на Исус Христос Светиот (мормони) и оние поттикнати од антропозофија.

Јудаизам[уреди]

Постоењето на еврејски општини во средниот век и раното ново време не е потврдено. Оттаму, историјата на Евреите во Кил се претпоставува дека започнува релативно доцна, кон крајот на XVII век. Благодарение на политиката на кралот Кристијан VII, Килскиот совет донесува одлука дека Евреите можат да се населуваат во Кил. Во 1782 година поранешното кафуле на Универзитетот станала првата еврејска градба во градот (денес градбата не постои), а до 1869 година се преселиле во во поголема трикатна синагога (еден дел од приземјето е останат денес како руина). Оваа синагога набрзо станала премала, па така општината во 1910 година се преселила во поголема новоградба близу паркот Шрефен.

Во 1933 година, општината имала околу 600 членови. Оваа последна синагога ќе биде уништена во Кристилната ноќ. Поради националсоцијализмот голем дел од Евреите во градот заминале и отишле во егзил или пак биле депортирани во концентрациските логори и убиени. Поради незначителниот број на Евреи по крајот на Втората светска војна, администрацијата за Евреите во Шлезвиг-Холштајн во 1968 година се пренела на еврејската општина во Хамбург.

Со паѓањето на Источниот блок и подоцнежното доселување на источноевропските Евреи во Германија, состојбата на еврејските општини се променила. Во 1995 година, во Кил била основана еврејска општина, а во 1997 година била одржана првата богослужба по уништувањето на еврејската општина.

Денес во градот живеат околу 550 Евреи и се одржуваат постојани богослужби од почетокот на 2004 година во новата еврејска општина.

Ислам[уреди]

Бројот на муслимански општини од првата основана општина во 1978 година е во постојат пораст и сега изнесува десет. Во летото 2004 година била изградена првата џамија како верски објект — џамијата Хабиб ((„Џамија на пријателите“). Најголем дел од џамиите се наоѓаат во Гарден, каде бројот на жители со доселеничко потекло изнесува 43,6%[9] (особено од Турција и арапските земји), што е натпросечно високо.

Главни знаменитости[уреди]

Скулптурата Светиот борец (Geistkämpfer) пред дворот на црквата Св. Никола од Ернст Барлах
Оперска куќа Кил (Opernhaus Kiel) и Градското собрание (Kieler Rathaus).
Историските бродови се дел од годишната Килска недела, која е најголемиот настан за едрење во светот.

Најстарата зграда во градот е црквата Свети Никола (Nikolaikirche) од XIII век, која има скулптура од Ернст Барлах пред нејзе, наречена Духовен борец (Geistkämpfer).

Кил е најголемиот град во Шлезвиг-Холштајн и затоа шопинг-областа во Кил е главната атракција; се планираат подобрувања и обновувања во следните години. Улицата Холстенштрасе (Holstenstrasse) во Кил е една од најдолгите шопинг-улици во Германија. Градското собрание, кое е изградено во 1911 година, има оперативен лифт со отворени кабини, а дизајнот на неговата кула била врз основа на една од Венеција. Плоштадот пред Градското собрание се граничи со езерото и Оперската куќа. Има голем број на езера и паркови во градското јадро. Постојат две ботанички градини, Стара и Нова ботаничка градина.

Бидејќи, Кил се наоѓа во близина на морето, плажите на север од Кил, како што се Кил-Штранде, Кил-Шилкзе, Мелтенорт и Лабо се исто така популарни места за посета во пролет и лето.

Килската недела, исто така позната и како Килска регата, е најголемиот настан во едрење во светот и се одржува во последната недела секој јуни. Многу илјадници бродови од сите видови земаат дел од парадата. Килската недела е, исто така, и фестивал, Volksfest и саем како и поморски настан.

Постојат голем број на спортски сали во Кил, особено Арена Шпаркасен (порано позната како Сала Балтичко Море или Ostseehalle), која е дом на еден од најуспешните ракометни клубови во светот и повеќекратен германски првак, ТХВ Кил. Моментално не постои фудбалски клуб во Бундеслигата од Кил, но Холштајн Кил игра на стадионот Холштајн. Има голем број на клубови за едрење и пловење во живописни места.

Кил, исто така, има голем број на музеи, вклучувајќи и зоолошки, геолошки, историски, на современа уметност, индустриски и воен музеј. Познат е Градскиот музеј (Stadtmuseum) во Варлебергер Хоф, кој е во зачувана архитектура од XVI век и историски соби со насликани штуко-тавани, покажува урбани и културни експонати од XIX и XX век.[10] Особено интересна е историјата на карневалите во Кил.[10] Во Лабо се наоѓа морски споменик, како и подморница од Втората светска војна, кои се популарни туристички локации.

Економија[уреди]

Холстенштрасе е една од најдолгите шопинг-улици во Германија.

Економијата во Кил, главно е застапена со услужниот сектор, сообраќајната и поморската индустрија. Кил, исто така, е и едно од главните пристаништа на Германската морнарица и е водечки центар на германската воена и цивилна бродоградба. Кил е дом на Ховалтсверке, бродоградилиште основано во 1838 година, познато по неговата изградба на подморници. HDW ја изградил првата германска подморница Брандтаухер во 1850 година и денес е дел од ТисенКруп морски системи, водечката група на бродоградилишта.

Во 2005 година, БДП по глава на жител бил 35.618 евра, што е далеку над националниот просек на Германија и 159% од просекот на Европската Унија.[3]

2005 EUROSTAT[11] Номинален БДП
по глава на жител
Wappen Kiel.svg Кил 35.618
 Шлезвиг-Холштајн 24.250 €
 Германија 27.219 €
 Европска Унија 22.400 €

Окрузи[уреди]

Езеро Шревентајх (Schreventeich), кое е опкружено од парк и е блиску до центарот, го дели името со една од населбите во Кил.

Градските окрузи Дистернброк, Шревентајх, Равенсберг и Блихерплац се популарни места за живеење со многу згради од XIX век, вили и сообраќајници со три ленти. Владините канцеларии, министерствата и парламентот на покраината Шлезвиг-Холштајн се исто така сместени во овие окрузи, особено во Дистернброк. За разлика од штетите во централните делови на градот од тешките бомбардирања во текот на Втората светска војна, многу од станбените области не биле сериозно оштетени. Оттука, посовремениот средишен дел на Кил и поисторискиот станбен дел на Кил стојат во архитектонски контраст еден со друг.

Постојат планови за големо подобрување и напори за градење на центарот, овозможувајќи подобри тротоари, подобар пристап и поглед на водат и генерално попривлечно да стане местото. Меѓутоа, овие планови сè уште треба да се спроведат во следните години.

Сообраќај[уреди]

Кил се наоѓа во близина на важниот паневропски автопат, А7, кој ја поврзува северна Европа со централна и јужна Европа.

Кил има главна железничка станица со возови до Хамбург, Либек, Фленсбург и до Хузум.

Кил е важно пристаниште за патничкиот и товарниот сообраќај од Германија до Скандинавија, Балтичките држави и Русија. Патнички фериботи сообраќаат од и до Гетеборг во Шведска (13½ часови, дневно), Осло во Норвешка (19½ часови, дневно) и Клаипеда во Литванија (21 час, 6 пати неделно). Товарните бродови сообраќаат од и до Санкт Петербург во Русија (двапати неделно) и Калининград во Русија (еднаш неделно).

Најблискиот меѓународен аеродром е Хамбуршкиот аеродром, кој се наоѓа приближно 90 километри јужно од Кил.

Познати личности[уреди]

Макс Планк (1858–1947), физичар
Карл Фридрих фон Вајцзекер (1912–2007), физичар и филозоф

Меѓународни односи[уреди]

Кил е збратимен со следниве градови:[12]

Наводи[уреди]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн на 31 декември 2013“. „Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн“. 25 јули 2013. http://www.statistik-nord.de/uploads/tx_standocuments/A_I_2_vj134_Zensus_SH.xlsx.  (германски)
  2. „Општи информации“. „Килска недела“. архивирано од оригиналот на 30 декември 2005. http://web.archive.org/web/20051230071223/http://www.kieler-woche.de/eng/Media_English/general_inf_dates_and_events.htm. конс. 13 март 2006. 
  3. 3,0 3,1 БДП по глава на жители во евра 2005
  4. „Кратка историја на Кил“. „Кил - портрет на градот“. Град Кил. http://www.kiel.de/Aemter_01_bis_20/05/City_history/1history.htm. конс. 1 јули 2007. 
  5. Виктор, Едвард. „Азбучен список на кампови, подкампови и други кампови“. http://www.edwardvictor.com/Holocaust/List%20of%20Camps.htm. конс. 25 јули 2008. 
  6. „Морнарицата го промени лицето на Кил“. „Кил — портрет на градот“. Град Кил. http://www.kiel.de/Aemter_01_bis_20/05/City_history/2history.htm. конс. 25 јули 2008. 
  7. Џонс, Р. В. (1978). „Најтајната војна: Британската научна интелигенција 1939-1945“. Лондон: Хамиш Хамилтон. стр. 466. ISBN 0 241 89746 7. 
  8. Дневник на кампањата: јули 44, Кралските воздушни сили 60-та команда. 4 мај 2007
  9. Состојба: 31 декември 2008 година Шаблон:Webarchiv
  10. 10,0 10,1 „Килски Градски музеј Варлебергер Хоф“, веб страница на Кил, на германски
  11. „Регионален БДП по глава на жители во ЕУ 27“ (PDF). Евростат. http://epp.eurostat.ec.europa.eu/pls/portal/docs/PAGE/PGP_PRD_CAT_PREREL/PGE_CAT_PREREL_YEAR_2008/PGE_CAT_PREREL_YEAR_2008_MONTH_02/1-12022008-EN-AP.PDF. конс. 19 август 2008. 
  12. www.kiel.de Збратимени градови на Кил (на германски)

Надворешни врски[уреди]

  • Commons-logo.svg Кил на Ризницата ?