Килски Канал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на патеката на каналот

Килскиот Канал (германски: Nord-Ostsee-Kanal, NOK), познат како Канал на царот Вилхелм („Kaiser-Wilhelm-Kanal“) до 1948, е канал долг 98 километри во германската покраина Шлезвиг-Холштајн.

Каналот ги поврзува Северното Море кај Брунсбител и Балтичкото Море кај Кил-Холтенау. Доколку се користи Килскиот Канал наместо кружењето околу полуостровот Јитланд, патот просечно е скратен за околу 460 km. Каналот не само што штеди време, туку исто така се избегнуваат и можните опасни бури на отворено море. Според страницата на Каналот, тој претставува најпрометен вештачки канал во светот; над 43.000 пловила минале низ него во 2007, исклучувајќи ги малите бротчиња.[1]

И покрај двата морски влеза, Килскиот Канал е поврзан, кај Олденбител, со пловната река Ајдер со краткиот Канал Гизелау.[2]

Наводи[уреди]

  1. Официјална страница на Килскиот Канал
  2. Sheffield, Barry (1995). „Inland Waterways of Germany“. St Ives: Imray Laurie Norie & Wilson. ISBN 0-85288-283-1. 

Надворешни врски[уреди]