Орхус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орхус
Воздушен поглед на центарот на Орхус и јужното пристаниште
Орхус се наоѓа во Данска
Орхус
Местоположба во Данска
Координати: 56°09′ СГШ 10°13′ ИГД / 
Држава  Данска
Регион Средна Данска
Општина Општина Орхус
Површина
 • Урбана 91 км2
 • Пошир. 9.997 км2
 •  468 км2
Население (2011[1])
 • Урбано 252.107 жит.
 • Пошир. 1.245.046 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
Портал http://www.aarhus.dk

Орхус (дански: Aarhus; шведски: Århus) е втор град по големина во Данска и најголем во копнениот дел на државата, на полуостровот Јитланд. Па затоа и градот се нарекува „престолнината на Јитланд“. Градот е најголем град на покраината Средна Данска, каде со околните населби ja сочинуваат Општина Орхус. Орхус е главно и многу важно стопанско, културно и политичко средиште на Данска со високоценетиот Универзитет Орхус.

Природни услови[уреди]

Орхус се наоѓа во Средна Данска. Од главниот град, Копенхаген, одалечен е само 300 км западно.

Релјеф[уреди]

Орхус се наоѓа на источниот брег на данскиот полуостров Јитланд. Градот е сместен на дното на истоимениот Орхуски Залив. Подрачјето на градот е доста ридесто, за условите на Данска, а во близина на градот се наоѓаат и највисоките планини во државата. Па според тоа, надморската височина на градот оди од 0 до 60 м.

Клима[уреди]

Климата во Орхус е умереноконтинентална под влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Вода[уреди]

Орхус се развил како морски центар на дното на истоимениот Орхуски Залив, кој претставува дел од Категат, еден од поголемите заливи на Северното Море. Поголемиот дел од градското крајбрежје денес претставува еден од поголемите центри во Данска.

Историја[уреди]

Првите траги на населеност на денешниот град Орхус се јавуваат околу 75-та година. Епископијата на самото место е основана во 951. година, што претставува важен настан за населбата. Наскоро, тука се јавил значаен град, кој поради својата поволна местоположба станал значајно трговиште во следните неколку векови.

Во 17. век се доселила и привредната криза, а подоцна, окупација на градот од страна на Шведска. Ова многу го нарушило угледот на градот. Новиот подем Орхус го дожиевал во втората половина на 19. век, кога доаѓа до индустријализација, па затоа дошло и до нагло нарастување на бројот на населението.

И покрај петгодишната окупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, Орхус и неговото население не претрпеле премногу страдања.

Население[уреди]

Денес Орхус има околу 250.000 жители во градските граници, што е 3,5 пати повеќе од претходниот век. Градот заедно со околните населени места има вкупно 310.000 жители. Метрополитенското подрачје има околу 1,2 милиони жители.[2][3][4]

Етнички состав[уреди]

Населението на Орхус до пред неколку децении било претежно населено со етнички Данци. Меѓутоа, бројните доселеници од странските држави го измениле составот на населението. Така денес во Орхус има над 11% население родено во странство, а тоа е повеќе од просекот на државата.

Стопанство[уреди]

Стопанството на Орхус посебно се наслонува на големиот градски центар, еден од најголемите во Европа и најголем во Данска. Опкружувањето на Орхус е многу развиено земјоделско подрачје, па во градот и околината е развиена прехрамбена индустрија. Позната е и градската пиварница „Церес.“

Знаменитостите на градот[уреди]

Орхус има сочувано старо градско јадро во скандинавски дух, со неколку плоштади, многу цркви и многу палати и градски градби. Од нив најпознати се:

  • Орхускиот соборен храм, најдолгата црква во Данска
  • Градската куќа, современа градба на архитектот Арне Јакобенс
  • Градско читалиште
  • Главната градба на Орхускиот универзитет
  • Градскиот театар
  • Музеј на уметноста

Една од најголемите турискички карактеристики е Стариот град (дан. Den Gamle By), кој имено не е стар дел на градот, туку збир од стари згради направени по пример на зградите од данската историја, кои се наоѓаат ширум земјата.

Старото градско јадро на Орхус
Градското пристаниште

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]