Категат
Категат (дан. Kattegat, швед. Kattegatt) е морска површина и мореуз помеѓу полуостровот Јитланд и островското подрачје на Данска на запад и југ и покраините Вестерјетланд, Сканија, Халанд и Бохуслен во Шведска на исток. Во него се слива Балтичкото Море преку протокот Ересунд и данските протоци. Категат е продолжение на Скагерак и може да се смета за залив на Балтичкото или на Северното Море, иако во Скандинавија не се смета за ниедно од наведените.
Содржина |
Географија [уреди]
Според спогодбата од 1932 потпишана од Данска, Норвешка и Шведска, северната граница помеѓу Категат и Скагерак се наоѓа на најсеверниот дел на ‘ртот Скаген (на Јитланд), а јужната граница кон Ересунд е на врвот на полуостровот Кулен во Сканија.[1]
Во Категат се влева реката Јета (кај Гетеборг), заедно со Лаган, Нисан, Етран и Вискан од покраината Халанд во Шведска и реката Гудено од Јитланд во Данска.
Поважни острови во Категат се Самсе, Лесе и Анхолт.
Околу Категат постојат неколку забележителни крајбрежни подрачја како природниот резерват Кулаберг во Сканија (со ретки видови и значајно карпесто крајбрежје), гратчето Меле (со живописно пристаниште и поглед) и ‘ртот Скаген на северниот крај на Данска.
Граници [уреди]
Според Меѓународната хидрографска организација, Категат (збирно определено како „Категат, Ересунд и Големиот и Малиот Појас“) ги има следниве граници:[2]
На север. Линија од Скаген и островчето Патерностер ( ), а оттаму на северозапад преку песочните насипи до островот Шерн.
На југ. Границите на Балтичкото Море во појасите (Голем и Мал Појас) и протокот Ересунд:
* Во Малиот Појас. Линија од Фалшефт ( ) до Вејснес Неке ( ).
* Во Големиот Појас. Линија од Гулстав (јужниот крај на островот Лагеланд) до Капел Кирке ( ) на островот Лоланд.
* Во Ересунд. Линија од светилникот на Стевнс ( ) до ‘ртот Фалстербу ( ).
Поврзано [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Категат“ |
Наводи [уреди]
- ↑ Спогодба бр. 3210 - Договори во Лигата на народите, Низа 199, 1933 (англиски)
- ↑ „Граници на океаните и морињата, III изд.“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. проверено на 6 февруари 2010. (англиски)