Клајпеда

Координати: 55°42′40″N 21°07′50″E / 55.71111° СГШ; 21.13056° ИГД / 55.71111; 21.13056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Клајпеда
Градска општина
Поглед на Клајпеда
Знаме на КлајпедаГрб на Клајпеда
Прекар(и): Уостамиестис (Uostamiestis; „пристаништен град“)
Местоположба на Клајпеда
Местоположба на Клајпеда
Координати: 55°42′40″N 21°07′50″E / 55.71111° СГШ; 21.13056° ИГД / 55.71111; 21.13056
Држава Литванија
Етнографски регионМала Литванија
ОкругКлајпедски
ОпштинаГрадска општина Клајпеда
Првпат споменат1252
Доделени градски права1254
Површина
 • Вкупна110 км2 (40 ми2)
Надм. вис.&1000000000000002100000021 м
Население (2014)
 • Вкупно157,350[1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски број91100-96226
Повик. бр.(+370) 46
Мреж. местоklaipeda.lt

Клајпеда (литвански: Klaipėda; германски: Memel) — најголем приморски град и најголемо пристаниште во Литванија сместен на устието на реката Дане, која се влева во Балтичкото Море. Претставува трет најголем град во Литванија и е административно седиште на истоимениот округ.

Градот има сложена историја, делумно поради огромното регионално значење на пристаништето, кое не замрзнува во текот на зимата. Бил контролиран од Тевтонските витези, Војводството Прусија, Кралството Прусија, Германското Царство, земјите на Антантата веднаш по Првата светска војна, Литванија како последица на буната во 1923 и Третиот Рајх по германскиот ултиматум до Литванија во 1939. Градот бил припоен кон Литванија во текот на нејзиното основање како советска социјалистичка република и останал во Литванија и по нејзиното повторно основање како независна држава.

Бројот на население опаднало од 207.100 во 1992 на 157.350 во 2014. Во близина на градот се наоѓаат популарни приморски одморалиште, градот Нида на југ на Курскиот Провлак и Паланга на север.

Спорт[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]