Францбург

Координати: 54°10′N 12°52′E / 54.167° СГШ; 12.867° ИГД / 54.167; 12.867
Од Википедија — слободната енциклопедија
Францбург
Главниот плоштад на Францбург
Главниот плоштад на Францбург
Главниот плоштад на Францбург
Грб на Францбург
Францбург во рамките на Германија
Францбург
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Риген
Месна заед. Францбург-Рихтенберг
Градоначалник Јоханес Рудолф
Основни податоци
Површина 15,19 км2
Надм. височина 20 м
Население 1.364 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 90 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NVP
Пошт. бр. 18461
Повик. бр. 038322
Портал www.amt-franzburg-richtenberg.de
Местоположба на градот Францбург во рамките на округот Западна Померанија-Риген
Карта
Карта
Координати 54°10′N 12°52′E / 54.167° СГШ; 12.867° ИГД / 54.167; 12.867

Францбург (германски: Franzburg) — град во округот Западна Померанија-Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 20 километри југозападно од Штралзунд. Пред протестантската Реформација, тука се наоѓало седиштето на манастирот Нојенкамп. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Францбург-Рихтенберг.

Манастир Нојенкамп[уреди | уреди извор]

Дворската црква (Schloßkirche), единствен остаток на манастирот Нојенкамп

При средновековното покрстување на Померанија и германското доселување, принцот Визлав I ги доделил средишните делови на шумите на копното на неговото Кнежевство Риген, тогаш данско, на цистерцијанските монаси од манастирот Камп во Долна Саксонија, кои го изградиле манастирот Нојенкамп на 8 ноември 1231. Монасите изградиле црква, која со нејзините 80 метри и ширина од 15 метри и висина на сводот од 25 метри, била тогаш најголема црква во цела Померанија. Поседите на манастирот значајно се зголемувале, па 50 години по основањето на манастирот, неговата територија излегла на брегот. Шумите биле исечени и биле основани бројни села со германско население. Во 1325, последниот принц на Риген умрел без наследник и Нојенкамп и остатокот на кнежевството потпаднале под Војводството Померанија. Манастирот растел до секуларизацијата во 1535, по реформацијата и прифаќањето на лутеранството од померанското благородништво во 1534.[2]

Францбург[уреди | уреди извор]

Францбург на карта на Ајлхард Лубинус на Померанија, 1618

По секуларизацијата, новиот сопственик, војводата Богислав XIII, повторно го изградиле манастирот како негова војводска палата, додека на земјиштето на поранешниот манастир изградил град. Го планирал градот по шаблонот на Венецијанската Република, населувајќи го градот со благородници, занаетчии, трговци и уметници, кои требало да му се спротивстават на соседниот ханзеатски Штралзунд. Како последица на овие цели, на градот не му било доделена околната земја, бидејќи не сакал жителите да се занимаваат со земјоделство. Така се насочил на ткајачите во градот и изградил ковачница. Го именувал градот по таткото на неговата сопруга, Франц. Црквата на манастирот била запалена во 1561, само најјужниот дел останал и сè уште постои. Меѓутоа, кога Богислав го наследил Штетин во 1603, загубил интерес за Францбург и градот никогаш не ја достигнал својата предвидена големина и статус.[2]

Почетокот на Триесетгодишната војна во Војводството Померанија била обележана со капитулирањето на Францбург, кое обезбедило окупација на целото војводство. Подоцна, градот бил целосно уништен.[3] Францбург ги загубил своите ткајачки работилници и ковачницата.[2] Еден век подоцна, во 1728, Францбург бил повторно населен.[3]

Меѓутоа, останал административно седиште на околниот округ Францбург(-Барт), додека седиштето не било преселено во Барт по Првата светска војна.[2]

Денес, Францбург е град во округот Западна Померанија-Риген.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Fr. Drescher, Der Kreis Franzburg-Barth, Kreisausschuß des Kreises Franzburg-Barth, Carl Klock, Barth 1932/33, edited reprint: G. Thomas, Штралзунд, 1992. стр. 33-35
  3. 3,0 3,1 Тим, Андреас; Бук, Ридигер (уред.). „Францбург“ (германски). Покраинско канцеларство на Мекленбург-Западна Померанија. Архивирано од изворникот на 2009-01-01. Посетено на 2009-08-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]