Цирков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цирков
Црква во Цирков
Црква во Цирков
Цирков се наоѓа во Германија
Цирков
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Риген
Месна заед. Менхгут-Границ
Градоначалник Гундула Кнебе
Основни податоци
Површина 25,62 км2
Надм. височина 25 м
Население 651 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 25 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RÜG
Пошт. бр. 18528
Повик. бр. 038301, 038393
Портал www.amt-moenchgut.de
Местоположбата на Цирков во рамките на округот Западна Померанија-Риген
Карта
Координати 54°23′00″ СГШ 13°32′00″ ИГД / 

Цирков (германски: Zirkow) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Риген во Балтичкото Море.

Географија[уреди]

Цирков се наоѓа во биосферниот резерват Југоисточен Риген помеѓу малиот град Путбус и балтичкото одморалиште Бинц. На североисток се граничи со Шмахтерското Езеро близу Бинц.

Општински единици[уреди]

Во рамките на општината Цирков се наоѓаат следниве села: Алт Зилиц, Далквиц, Нистелиц, Пантов, Шмахт, Зерамс и Фирвиц.

Историја[уреди]

Селото Цирков било прв пат споменато во 1495. Името на местото доаѓа од словенскиот збор сираков, кој означува „место на сирак“.

До 1326, областа била дел од Кнежевството Риген, а потоа на Војводството Померанија.

До Вестфалскиот мир во 1648 Риген, а со тоа и Цирков, биле под шведска власт. Во 1815, селото заедно со Западна Померанија, потпаднале под пруската Покраина Померанија.

Во 1818, Цирков станал дел од округот Риген и останал таму сè до 2011, освен малиот период од 1952 до 1955 кога бил дел од округот Путбус. Во 2011 станал дел од новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.

Знаменитости[уреди]

  • Тулната црква со основа од првата половина на XV век
  • Историскиот центар на селото со заштитени фахверк куќи
  • Природен резерват Шмахтерско Езеро
  • Ридот Ригенска девица (Rügener Jungfrau)

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]