Парк Мускау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Парк Мускау
Muskauer Park / Park Mużakowski
*
Светско наследство на УНЕСКО

Neues Schloss Muskau (2011).jpg
Држава Германија и Полска
Тип културно
Критериуми i, iv
Навод 1127
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 2004  (28-мо заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Парк Мускау (германски: Muskauer Park, службено: Fürst-Pückler-Park Bad Muskau, полски: Park Mużakowski), е најголемата и една од најпознатите англиски градини во Германија и Полска.

Neisse river in Muskau Park

Неговата местоположба е во историскиот регион Горна Лужица, каде покрива 3,5 км² земја во Полска и 2,1 км² во Германија. Паркот се протега на обата брега на реката Лужичка Ниса, која ја создава границата помеѓу државите. Зоната околу паркот од 17,9 км² го опфаѓа германскиот град Бад Мускау (горнолужички: Mužakow) на запад и полскиот Ленкница (Wjeska, порано Lugknitz) на исток. Додека замокот Мускау се наоѓа западно од реката, срцето на паркот е во делумно пошумената областа на источниот брег, наречена Парк на терасите. Во 2003 повторно бил изградена пешачки мост над Ниса за да ги поврзе двата дела.

На 2 јули 2004, УНЕСКО го додал паркот на неговиот список на светско културно и природно наследство, како типичен пример за прекугранична културна соработка помеѓу Полска и Германија. Бил додаден на списокот од два критериума: за пробивање нови основи во смисла на развој на идеалниот пејзаж создаден од човекот и за неговото влијание на развојот на пејзажна архитектура како дисциплина.

Историја[уреди]

Тврдината на реката Ниса кај Мускау била првпат спомената во раниот 13-ти век, под власта на грофот Хајнрих III од Мајсен. Основач на блискиот парк бил Херман фон Пиклер-Мускау (1785-1871), автор на влијателниот Совети за пејзажното градинарство и сопственик на државното грофство Мускау од 1811. По долгите студии во Англија, во 1815 во времето кога североисточниот дел на Горна Лужица потпаднал под Прусија, тој го претставил паркот. Како времето поминувало, тој основал меѓународно училиште за пејзажен менаџмент во Бад Мускау и укажал на изградба на голем пејзажен парк, кој можел да го обиколува градот „на начин кој не е направен претходно“.

Стар замок

Работите вклучени во обновување на барокниот „Стар замок“ - всушност поранешна порта на замокот - и изградбата на готската капела, англиската куќа, неколку мостови и оранжерија дизајнирана од Фридрих Лудвиг Перзиус. Пиклер ги обновил средновековните тврдини како „Нов замок“, центарот на паркот, со мрежа на патеки кои започнувале од него и биле под влијание на идеите на Хамфри Рептон, чиј син Џон Адеј работел во Мускау од 1822 па натаму. Проширувањето продолжило до 1845, кога Пиклер поради неговите огромни долгови бил принуден да го продаде наследството. Следната година бил купен од страна на принцот Фредерик од Холандија, кој го вработил Едуард Пецолд, ученик на Пиклер и познат пејзажен градинар, да го доврши неговиот проект. По неговата смрт во 1881, бил наследен од неговата ќерка, принцезата Мари, која го продала имотот на благородничкото семејство Фон Арним.

Во текот на Битката за Берлин, двата замока биле срушени, како и сите четири моста над Ниса. Имотот на семејството Арним му бил одземен од Советската воена администрација во Германија и со воведувањето на линијата Одра-Ниса во 1945, паркот бил поделен со државната граница помеѓу Полска и Германија, со две третини на полска страна. Дури во 1960-тите, комунистичките власти полека го прифатиле наследството на принцот Пиклер. Стариот замок бил повторно изграден од администрацијата на Источна Германија во 1965-72, додека Новиот замок и мостовите сè уште се обновуваат.

По револуциите во 1989 германската и полска администрација ги здружија силите за повторен развој на паркот. Со влегувањето на Полска Шенген-зоната во 2007, посетителите можат слободно да ги посетуваат двата дела на паркот, без да поминат низ гранични контроли.

Надворешни врски[уреди]