Вирцбуршки дворец

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Задната фасада на Вирцбуршкиот дворец
Предната фасада на дворецот

Вирцбуршкиот дворец (гер. Würzburger Residenz) е дворец во Вирцбург, Германија. Тој е дело на тогашниот водечки барокен архитект Балтазар Нојман, по нарачка на кнезот-епископ на Вирцбург, Јохан Филип Франц фон Шенборн и неговиот брат Фридрих Карл фон Шенборн во 1720 г. и бил завршен во 1744 г. Фреските во внатрешноста ги насликал венецијанскиот сликар Џовани Батиста Тјеполо со помош на неговиот син Доменико. Најспектакуларни ентериери се скалиштето, капелата и големиот салон. Наполеон Бонапарт дворецот го нарекол „најубавиот свештенички дом во Европа“.

Дворецот бил многу оштетен во Втората Светска војна, и неговата реставрација е во прогрес уште од 1945.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Neuschwanstein.jpg