Келнска катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Келнска катедрала

Поглед на Келнската катедрала од југоисток
Рекордна висина
Највисока во светот од 1880 до 1884[I]
Претходна Руенска катедрала
Повисока Улмска катедрала
Општи информации
Координати 50°56′28.68″ СГШ 6°57′28.8″ ИГД / 50.9413, 6.958
Изградбата започнала 1248
Завршена 1880
Висина
Јарбол 157,4 m (516 ft)
Келнска катедрала*
Светско наследство на УНЕСКО

Kölner Dom vom KölnTriangle.jpg
Држава Германија
Тип културно
Критериуми i, ii, iv
Навод 292
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 1996  (XX заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Келнска катедрала (германски: Kölner Dom, службено Hohe Domkirche St. Peter und Maria, македонски: Висока катедрала на Светите Петар и Богородица) — римокатоличка црква во Келн, Германија. Седиште е на Келнскиот архиепископ (моментално кардиналот Јоаким Мајснер) и е под управа на администрацијата на католичката Келнска архиепископија. Позната е како споменик на христијанството, на германскиот католицизам особено, на готската архитектура и на продолжување на верата и упорноста на луѓето во градот во кој се наоѓа. Таа е посветена на Свети Петар и Пресвета Богородица. Катедралата е светско културно наследство, еден од најдобрите архитектонски споменици во Германија и најпознатата знаменитост на Келн, опишана од УНЕСКО како „исклучителна работа на човечкиот креативен гениј“.[1] Таа е германската најпосетена знаменитост, привлекувајќи просечно над 20.000 луѓе во денот.[2]

Изградбата на Келнската катедрала започнала во 1248 г. и траела, со прекини, до целосното завршување во 1880 г. Долга е 144,5 м долга, висока е 86,5 м, а кулите достигнуваат висина од 157 м.[3] Катедралата е една од најголемите цркви во светот и најголемата готска црква во Северна Европа. Четири години, 1880-84, таа била највисоката градба во светот, до завршувањето на Вашингтоновиот споменик. Ги има вторите највисоки црковни куполи, единствено помали од единствената купола на Улмската катедрала, завршени 10 години подоцна во 1890. Поради нејзините огромни двојни куполи ја има најголемата фасада на една црква во светот. Хорот на катедралата, мерен помеѓу столбовите, исто така ја држи разликата на најголемиот сооднос на висина-ширина на некоја средновековна црква (3,6:1), надминувајќи ја дури и катедрала во Бове, која има малку повисок свод.[4]

Средновековните градители на Келн планирале голема градба како куќа на реликвијарор на Светите три крала и да се вклопува како место на богослужба за царот на Светото римско царство. И покрај тоа што е оставена недовршена за време на средновековниот период, Келнската катедрала на крајот станала единствено „ремек-дело на исклучителната внатрешна вредност“ и „моќно сведоштво на силата и упорноста на христијанското верување во средновековна и современа Европа“.[1]

Историја[уреди]

Дел од олтарот на Светите три крала од Штефан Лохнер.

Античко време[уреди]

Кога сегашната Келнска катедрала била започната во 1248, местото била зафатено со неколку претходни градби, најраната од нив можеби била складиште за жито, најверојатно наследена од римски храма изграден од Меркуриус Августус. Од четвртиот век, местото било зафатено со христијански згради, вклучувајќи и квадратна градба позната како „најстарата катедрала“ и нарачана од Матернус, првиот Келнски архиепископ. Крстилницата од 6-от век се наоѓала на источниот крај на Катедралата. Крстилницата била уништена за изградба на старата катедрала во 9-от век. Сега, единствено руините на крстилницата останале.[5] Втората црква, т.н. „Стара катедрала“, била завршена во 818. Оваа изгорела на 10 април 1248 година.

Почеток на средниот век[уреди]

Недовршена катедрала, 1856 со древен кран на јужната кула.

Во 1164, Келнскиот архиепископ Рајналд фон Дасел се стекнува со моштите на Светите три крала, кои биле земени од базиликата Санто Еусторџио, Милано, Италија од светиот римски император, Фридрих I Барбароса. (Делови од моштите подоцна биле вратени во Милано.) Моштите имаат големо верско значење и можат да се сметаат за големиот број на аџиите од целиот христијански свет. Важно е за свештенството дека тие се добро заштитени. Загубата на старата петокорабна катедрала предизвика изработување на програма за изградба во новиот стил на готската архитектура, особено забележлив на француската катедрала од Амјен.

Камен-темелникот бил поставен на 15 август 1248 од архиепископот Конрад фон Хохштаден. Источниот крак бил завршен под водство на мајсторот Герхард, бил осветен во 1322 и запечатена со привремен ѕид, така што може да биде во употреба. Во средината на 14-от век работата на западниот крај заврши под водство на мајсторот Михаил. Оваа работа запрела во 1473, оставајќи ја јужната кула до камбанариско ниво и крунисана со голем кран, кој бил наменет да остане на местото и да биде знаменитост на небото на Келн, повеќе од 400 години.[6]

Некои работи продолжија со прекини на градбата на наосот помеѓу западниот крај и источниот крак, но во текот на 16-от век овие работи прекинале.[7]

Завршената катедрала во 1911.

Завршувањето во 19-от век[уреди]

Со замената на романтичниот ентузијазам за Средниот век и поттикнати од среќното откривање на првичниот план за фасадат, било одлучено со дозвола на протестантскиот пруски суд, да се доврши катедралата. Тоа било постигнато со граѓанскиот напор; Здружението за катедралата], основано во 1842, собрале две третини од огромните трошоци (над 1 милијарди долари во денешни пари), додека пруската држава ги испорача останатата една третина. Државата го виде тоа како начин да ги подобри нејзините врски со големиот број на католички субјекти уште од 1815.

Работите продолжиле во 1842 по првичниот дизајн на преживеаните средновековни планови и нацрти, но користење на повеќе современи градежни техники, вклучувајќи ги железните носачи на покривот. Наосот бил завршен и кулите биле додадени. Ѕвоната биле поставени во 1870-тите.

Завршувањето на германската најголема катедрала било прославено како национален празник на 14 август 1880, 632 години откако изградбата почнала.[8] На прославата присуствувал и императорот Вилхелм I.

Втора светска војна и повоената историја[уреди]

Катедралата претрпела седумдесет удари при воздушните напади во текот на Втората светска војна. Но, не се урнала и останала да стои над инаку срамнетиот град. Големите двојни куполи биле користени како лесно препознатливи навигациски знаменитости при сојузничките бомбардирања длабоко во Германија во доцните години на војната, што можеби е и причина поради што катедралата не е уништена. Американските војници во јуни 1945 година ја користеле катедралата како опсег на пукање.[9]

Американски војни и уништен Пантер (тенк), 4 април 1945.

Поправките на зградата биле завршени во 1956. Во основата на северозападната кула, итна поправка била извршена во 1944 со тули од лош квалитет земени од соседните воени руини, видливи до 2005, како потсетник на Војната, но тогаш било одлучено да се реконструира овој дел, според својот првобитен изград. Дополнување на тулите може да се види на сликата од десно.

Некои поправки и одржувања постојано се вршат на некои делови од зградата, која скоро никогаш целосно не е ослободена од скелиња, бидејќи ветерето, дождот и загадувањето полека ги јадат камењата. Dombauhütte, која била формирана со цел да се изгради и поправа катедралата, било кажано да се вработат најдобрите мајстори на камења во Рајнската област. Тоа е позната шега во Келн, во која водачот на Dombauhütte, Dombaumeister (мајсторот градител на катедралата), треба да е Католик и ослободен од вртоглавица. Моментална, Dombaumeisterin е Барбара Шок-Вернер. Половина од трошоците за поправки и одржување сè уште се на товар на Dombauverein.

На 25 август 2008, катедралата добила нов витраж на јужниот трансептички прозорец. Со 113 квадратни метри стакло, прозорецот бил создаден од германскиот уметник Герхард Рихтер. Тој е составен од 11.500 делови со идентична големина на обоено стакло слични на пикселите, случајно организирани од компјутер, кои создаваат шарен „тепих“. Од губењето на првичниот прозорец во Втората светска војна, просторот бил привремени исполнет со обично стакло.[10] Архиепископот на катедралата, кардиналот Јоаким Мајснер, кој повеќе обожувал фигуративен опис на католичките маченици на 20-от век за самиот прозорец, не присуствувал на отворањето.[11]

Светско културно наследство[уреди]

Во 1996, катедралата била додадена на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, како важно културна знаменитост. Во 2004, била на списокот на списокот на „светско културно наследство во опасност“, како единствено западно културно наследство во опасност, поради плановите за изградба на висококатница во близина, што визуелно би влијаело на катедралата. Катедралата била отстранета од списокот на загрозени наследства во 2006, откако следела одлуката на властите за ограничување на висината на зградите изградени во близина и во околината на Катедралата.

Како светско културно наследство и нејзината удобна позиција на туристичките рути, Келнската катедрала е главна туристичка атракција меѓу посетители, вклучувајќи ги и оние кои патуваат таму како христијански аџилак.

Посетителите може да ги искачуваат 509 камени скали на спиралните скали на платформата за набљудување околу 98 метри над површината. Платформата дава сценски поглед врз Рајна.

На 18 август 2005, папата Бенедикт Шеснаесетти ја посетил катедралата во текот на неговата апостолска посета на Германија, како дел од манифестацијата светскиот ден на младите 2005. Се очекува околу еден милион верници да ја посетат катедралата во текот на овој настан. Исто така, како дел од настаните по повод Светскиот ден на младите, Келнската катедрала била домаќин на телевизискиот гала-настан на Missa Solemnis на Бетовен, во изведба на Кралскиот филхармониски оркестар и Лондонскиот филхармониски хор под дирегентската палка на сер Џилберт Левин.

Келнската катедрала гледана ноќе од другата страна на Рајна кај Дојц

Архитектура[уреди]

Наосот гледан од лево

Дизајнот на Келнската катедрала била тесно базирана на катедралата од Амјен во однос на основниот план, стилот, како и ширината и висина на централниот наос. Планот е во обликот на христијанскиот крст, како што е вообичаено кај готските катедрали. Има две патеки на секоја страна, кои даваат поддршка на највисоките готски сводови во светот, високи речиси како несреќната катедрала во Бове, многу од нив пропаднати. Источниот крај има едноставно шеталиште, додека втората патека содржу седум капели.

Внатрешно, средновековниот хор е повеќе различен и помалку механичен во неговите детали, отколку во зградата на 19-от век. Тој претставува француски стил на уредување на многу високата аркада, деликатна тесна галерија и со спојување на прозорците нагоре има бројни детали. Прозорците се високи и содржат некои стари делови на старо фигуративно стакло во долните делови. Целата е обединета со високи отвори, кои се движат од падот, па сè до сводот.

Хорот има задржани голем број првични делови, вклучувајќи ги преплетените прегради. Големата камена скулптура на Свети Кристофер гледа надолу кон местото, каде бил поранешниот влез на катедралата, пред нејзиното завршување во доцниот 19-ти век.

Наосот е зајакнат со витражни прозорци од 19-от век, вклучувајќи и збир од пет на јужната страна, наречени „Bayernfenster“ (Баварски прозорци), кои се добиени на подарок од Лудвиг I Баварски, збир на важни претставници во сликарството во Германија во тоа време.

Однадвор, особено од далечина, на зградата доминираат нејзините огромни куполи кои се целосно германски во нивниот карактер, кои биле урнек на оние од Улм, Виена и Регенсбург.[12]

Богатства[уреди]

Едно од богатствата на катедралата е високиот олтар, кој бил направен во 1322. Направен е од црн мермер, со солидна плоча од 15 метри до врвот. Предната страна и страните се помешани со бел мермер, на кои се поставени фигурите, со крунисувањето на Богородица во центарот.[13]

Ковчегот на Светите три крала.

Најславното уметничко дело во катедралата е Ковчегот на Светите три крала, голем златен саркофаг, кој потекнува од 13-от век и најголемиот на Западот. Традиционално се верува дека содржи делови од Светите три крала, чии коски и 2000-годишни алишта биле откриени при отворањето на ковчегот во 1864.

Во близина на ризницата е Геро-крстот,[14] големо распетие врежано во дабови и со трага од боја и позлатено. Се верува дека е осветена околу 960 година од архиепископот Геро, најстарото големо распетие северно од Алпите и најраната скулптура северна скулптура од средновековниот период.[15]

Во капелата Светата тајна е Mailänder Madonna („Миланската Мадона“), која потекнува од околу 1290, дрвена скулптура со ликот на Пресвета Богородица и детото Исус. Олтарот на светците-заштитници на Келн со олтарски делови во стилот на интернационалната готика на сликарот Стефан Лохнер е во Marienkapelle („капела на Света Богородица“). Други уметнички работи може да се најдат во трезорот на катедралата.

Олтарот содржи и можи и од Свети Ирмгардис.

Еврејски спомен-плочи[уреди]

Вградени во внатрешноста на ѕидот се неколку спомен-плочи на кои се напишани одредбите изработени од архиепископот Енглеберт II (1262–67), со кои на Евреите им бил дозволен престој во Келн.[16]

Ѕвона[уреди]

Катедралата има единаесет ѕвона, четири од нив се средновековни. Првото било 3,8 тони тешко Dreikönigsglocke („Ѕвоно на Трита крала“), излеано во 1418, поставено во 1437 и повторно излеано во 1880. Две од другите ѕвона, Pretiosa (10,5 тони; во тоа време најголемото ѕвоно во западниот свет) и Speciosa (5,6 тони) биле поставено во 1448 и останале на тоа место и денес.

Во текот на 19-от век, како што се ближело завршувањето на градбата, имало желба да се зголеми бројот на ѕвона. Ова било олеснето од царот Вилхелм I, кој дал топови од француска бронза, заробени во 1870–71, за оваа цел. 22 делови од артилеријата биле изложени надвор од Катедралата на 11 мај 1872. Андреас Хам во Франкентал ги користел за да излее ѕвоно со тежина преку 27.000 килограми на 19 август 1873. Но, тонот не бил хармоничен и уште еден обид бил направен на 13 ноеври 1873. Здружените за катедралата, кои се согласило да ги преземе трошоците, не го сакале ово ѕвоно. Друг обид се направил на 3 октомври 1874. Колосалното ѕвоно бил испорачан на Келн и на 13 мај 1875 година, поставени во Катедралата. Овие Kaiserglocke (Царски ѕвона) биле демонтирани во 1918 година за поддршка на германските воени напори.

24-тонските Ѕвона на Свети Петар, биле поставени во 1922 и се најголемите слободно за нишање ѕвона во светот.[17]

Ѕвона на бедемот:

  • Ѕвоно на осветувањето – 0,425 тони (Wandlungsglocke)
  • Вечерни ѕвона – 0,28 тони (Mettglocke)
  • Ангелско ѕвоно – 0,763 тони (Angelusglocke)

Ѕвона во главниот дел за ѕвона во јужната купола:

  • Свето ѕвоно – 0,83 тони (Aveglocke)
  • Главно ѕвоно – 1,4 тони (Kapitelsglocke)
  • Ѕвоно Свети Јозеф – 2,2 тони (Josephglocke)
  • Ѕвоно Света Урсула – 2,55 тони (Ursulaglocke)
  • Ѕвоно на Трите крала – 3,8 тони (Dreikönigsglocke)
  • Pretiosa – 10,5 тони
  • Speciosa – 5,6 тони
  • Ѕвоно на Свети Петар – 24 тони (St. Petersglocke)

Црковна музика[уреди]

Келнската катедрала има две цевни оргули од Клајс Оргелбау, трансептните оргули изградени во 1948 и наосни оргули изградени во 1998. Оргулисти во катедралата биле Јозеф Цимерман, Клеменс Ганц (1985–2001) и Винфрид Бениг (2001).

Димензии[уреди]

Основа.
Детал на кулата, сликан околу 1877-1880
Надворешна должина 144,58 m (474.3 ft)
Надворешна ширина 86,25 m (283.0 ft)
Ширина на западната фасада 61,54 m (201.9 ft)
Ширина на трансептната фасада 39,95 m (131.1 ft)
Ширина на наосот (со патеки, внатрешноста) 45,19 m (148.3 ft)
Висина на јужната кула 157,31 m (516.1 ft)
Висина на северната кула 157,38 m (516.3 ft)
Висина на билото 109,00 m (357.6 ft)
Висина на трансептната фасада 69,95 m (229.5 ft)
Висина на покривот 61,10 m (200.5 ft)
Внатрешна висина на наосот 43,35 m (142.2 ft)
Изградена површина 7.914 m2 (85,185.59 sq ft)
Површина на прозорците 10.000 m2 (107,639.10 sq ft)
Површина на покривот 12.000 m2 (129,166.93 sq ft)
Бруто волумен без потпирачите 407.000 m3 (14,400,000 cu ft)

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „УНЕСКО Светско културно наследство, Келнска катедрала“. Whc.unesco.org. http://whc.unesco.org/pg.cfm?cid=31&id_site=292. конс. 15 август 2010. 
  2. Мал манастир на рајот, официјален филм, службена страница на Келнската катедрала. Retrieved 7 ноември 2010.
  3. „Службена страница на Келнската катедрала“. Koelner-dom.de. http://www.koelner-dom.de/interessantes.html?&L=1. конс. 15 август 2010. 
  4. Банистер Флечер, Историја на архитектурата на компаративен метод
  5. Крстилницата позади катедрала
  6. Wim Swaan
  7. Вим Сван го дал крајниот датум како 1560, но датумот во 1520 е сметан од другите експерти.
  8. Фалоус, Семјуел, уред (1895). „Прогрес“. Универзитетски сојуз.. стр. 468. http://books.google.com/books?id=NGtMAAAAMAAJ&pg=PA468. конс. 13 август 2011. 
  9. Месеци во темнина, д-р Хајнрих Шнајдер, 1955
  10. Герхард Рихтер ја дигитализира Келнската катедрала, Гугл превод од германски на англиски, Првичен германски напис
  11. Фортини, Аманда. „Пиксилизиран витраж“, „The New York Times“, 9 декември 2007 (конс. 12 јануари 2008).
  12. Вим Сван, Банистер Флечер
  13. Џоан Холидеј, Иконографија на високиот олтар во Келнската катедрала, (1989)
  14. Историја на уметноста, Универзитет Пенсилванија
  15. Хауард Хибард
  16. Општествената и верската историја на Евреите, Сало Витмајер Барон, 2-ро издание, Columbia University Press, 1965, стр. 174
  17. The World Peace Bell in Newport, Kentucky is larger, but turns around its center of gravity rather than swinging about its top.

Извори[уреди]

  • Wim Swaan, The Gothic Cathedral, Omega Books (1969), ISBN 0-907853-48-X
  • Banister Fletcher, A History of Architecture on the Comparative Method.
  • Howard Hubbard, Masterpieces of Western Sculpture, Thames and Hudson, ISBN 0-500-23278-4
  • Wolff, Arnold, Cologne Cathedral. Its History – Its Works of Arts, Verlag (editor) Kölner Dom, Cologne: 2nd edition 2003, ISBN 978-3-7743-0342-3

Надворешни врски[уреди]

Рекорди
Претходник
Руанска катедрала
Највисока градба во светот
1880–1884
157,38 м
Наследник
Вашингтонски монумент
Највисока зграда во светот
1880–1890
Наследник
Улмска катедрала