Балтазар Нојман
| Балтазар Нојман Balthasar Neumann |
|
Банкнота од 50 германски марки (1996) со ликот на Балтазар Нојман |
|
| Лични податоци | |
|---|---|
| Име | Балтазар Нојман Balthasar Neumann |
| Роден | јануари 27, 1687 |
| Роден во | Егер, Карлсбад, Чешко кралство |
| Починал | август 19 1753 (возраст: 66 г.) |
| Починал во | Вирцбург, Долна Франконија, Света Римска империја |
| Дела | |
| Значајни градби | Вирцбуршки дворец, Базилика на Четиринаесетте Светци |
Јохан Балтазар Нојман (герм. Johann Balthasar Neumann ) (27 јануари 1687 - 19 август 1753) бил германски воен инженер и архитект со свој карактеристичен стил на барокна архитектура, сплотувајќи австриски, чешки, италијански и француски елементи во своите проекти, создавајќи едни од најимпресивните зданија на своето време, меѓу кои се Вирцбуршкиот дворец и Базиликата на Четиринаесетте Светци („Фирценхајлинген“).
Содржина |
[уреди] Биографија
Нојман е роден во Егер (Хеб), Чешка (Бохемија). Во 1711 година се преселил во Вирцбург, додека во 1717 нашол покровителство кај семејството Шенборн. Тој бил одговорен за сите градежни потфати на шенборнскиот кнез и епископ на Вирцбург. Нојман починал во Вирцбург, Германија.
[уреди] Дела
Најпознатото дело на Нојман е Вирцбуршкиот дворец, кој се смета за еден од најубавите и најускладени палати во Европа, а базиликата Фирценхајлинген некои ја сметаат за бисер на тој период.
Неговото последно дело е црквата на Посетата на Богородица, барокно ремек-дело кое се наоѓа близу Елтман на Мајна.
[уреди] Паметници
Неговиот лик може да се види на банкнота од поранешни 50 германски марки заедно со прочуеното скалиште во Вирцбуршкиот дворец. Нојман е овековечен на еден од фреските на Џовани Батиста Тјеполо во истиот дворец, прикажан во псевдовоена униформа, како се потпира врз топ. Тој се фалел дека таванот е така добро конструиран, што дури ни топ не може да го сруши.
[уреди] Надворешни врски
- Енциклопедија на светската биографија (англиски)
- Јохан Балтазар Нојман - Католичка енциклопедија (англиски)
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Балтазар Нојман“ |

