Дрезденска долина на Елба

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дрезденска долина на Елба (укината во 2009)*
Светско наследство на УНЕСКО

050628-elbtal-vom-luisenhof.jpg
Поглед на ливадите околу реката и Дрезден
Држава Германија
Тип културно
Критериуми ii, iii, iv, v
Навод 1156
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 2004–2009  (28. заседание)
Во опасност 2006–2009
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Дрезденската долина на Елба е поранешен објект на светското културно наследство во Дрезден, Германија. Долината, протегајќи се на околу 20 километри и поминувајќи низ Дрезденската долина и градот Дрезден, е едно од двете културни знаменитости долж реката Елба. Вредноста на оваа знаменитост лежи во фактот дека вклучува и урбана зона, како и природните речни брегови и падини.

Карта на областа во Дрезден
„Filmnächte“ (Филмски ноќи) во Дрезденската долина на Елба со панорамата на градот во позадина

Како точки на интерес во долината на Елба влегуваат Пилниц со неговиот замок и старото село, како и селото Лошвиц со замокот Албрехтсберг, делата на инженерството како мостот Сино чудо, жичената железница во Дрезден и висечката железница во Дрезден и историскиот центар со градбите Тераса на Брил, Опера Земпер и Хофкирхе (римокатоличка црква во поранешниот суд). Делови на областа како Блазевиц се историски предградија на градот, додека истовремено се и индустриски окрузи.

Плановите за изградба на мостот Валдшлесхен (Waldschlößchenbrücke) со четири ленти низ долината се покажаа контроверзни. Во 2006, одборот на светското наследство на УНЕСКО ја сместил Дрезденската долина на Елба на нејзиниот список на светско наследство во опасност и се заканил со нејзино повлекување од списокот на објекти на светско наследство. Според официјалната страница на одборот, одборот означил дека „плановите за изградба на мост преку Елба би можеле да имаат сериозно влијание врз целовитоста на пејзажот и дека со тоа долината повеќе нема да заслужува да биде дел од списокот на светско културно наследство“ и затоа одлучиле да ја сместат Дрезденската долина на Елба на списокот на загрозени објекти на светското наследство и назначиле дека доколку плановите за мостот се остварат во 2007, долината ќе биде повлечена од самиот список“.[1]

Иако мостот бил одобрен на референдум во 2005, советот на градот одлучил на 20 јули 2006 да го сопре повикот за изградба на мостот. Меѓутоа, по неколку судски одлуки, градот бил присилен да ја започне изградбата на мостот на крајот на 2007 до понатамошните судски рочишта, кои се одржале во 2008.

Во јули 2008, одборот на светското наследство на УНЕСКО одлучил да ја зачува Дрезденската долина на Елба на списокот на светско наследство со надеж дека изградбата ќе биде запрена и целовитоста на пејзажот ќе биде вратен. Доколку не биде така, објектот ќе биде симнат од списокот на светско наследство во 2009.[2]

Во јуни 2009 на состанокот на УНЕСКО во Севилја, одборот на светското наследство одлучил со 14 против 5 гласа и два воздржани да ѝ го одземе статусот на Дрезденската долина на Елба како објект на светското културно наследство.[3][4]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]