Западни Словени
Западните Словени или во историјата именувани како Венети се подгрупа на Словените кои зборуваат на еден од западнословенските јазици. Денес во оваа група на народи се вбројуваат Полјаците (вклучувајќи ги и Кашупците и Шлезијците), Чесите, Словаците и Лужичките Срби. Историската група на Лехитски племиња, во која се и Полјаците, ги вбројувала и исчезнатите Полапци и Поморци. Јазиците на Горна и Долна Лусетија биле слични со лехитските и чехословачките јазици.[1].
Културно, Западните Словени се развиле задно со останатите народи на Западна Европа, најмногу поради влијанието на Римската Империја и Западното Христијанство.[2] Така, тие доживеале културна поделба од останатите Словени, односно: Источните и и дел од Јужните Словени станале следбеници на Православието, Западните Словени станале следбеници на Римокатоличката црква или Протествантството.
[уреди] Наводи
- ↑ Bohemia and Poland. Chapter 20.pp 512-513. [in:] Timothy Reuter. The New Cambridge Medieval History: c. 900-c.1024. 2000
- ↑ Slav - Britannica Concise Encyclopedia
Alexander F. Tsvirkun The history of western and southern Slavs. Kharkov., 2008
[уреди] Поврзано
|
||||||||||||||||