Источни Словени
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Источни Словени се група на словенски народи кои ги населуваат подручјата на Источна Европа. Државите во кои Источните Словени сочинуваат мнозинство на население се Русија, Белорусија и Украина. Источните Словени истотака се мнозинство на население во непризнатата држава Придњестровие, која е официјално дел на Молдавија, но таа е фактички независна држава.
[уреди] Источнословенски народи и етнички групи
Во периодот на коминистичката диктатура после болшевичката Револуција во Русија во 1917. година, официјално се признати за посебни нации и :
- Белорусите
- Украинците (во Царска Русија познати и како Малоруси, во Австро-Унгарија познати како Русини (Украина));
[уреди] Пишани извори
Многу малку е познато за Источните Словени отприлика до 859та година,датата од која започнува, според Примарната Хроника. Причините за одсуството на пишан јазик (Кирилското писмо,направено околу 863 година беше посебно за Словените) и изолираноста на Источно Словенските територии.Тоа што е малку познато доаѓа од археолошките наоди, странски патеписци кои патувале во Киевска Русија, и лингвистичните компаративни анализи на Словенските јазици.
Откриени се неколку Руски документи кои датираат пред 11тиот век . Најраниот откриен манускрипт со информации за историјата на Киевска Русија е Примарната Хроника, напишана при крајот на 11тиот и почетокот на 12тиот век. Во неа се спомнати 12 Словенски племенски унии кои, живееле на просторот помеѓу Балтичкото и Црното Море. Овие племенски унии беа Полјаците,Древлјаните, Дреговичите, Радимичите, Вјатичите, Кривичите,Словенците, Дулебите, Белите Хрвати, Северјаните, Уличите и Тиверците.
|
||||||||||||||||