Рајна-Рур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рајна-Рур метрополитенски регион
Metropolregion Rhein-Ruhr
Рајна-Рур метрополитенскиот регион според LEP Северна Рајна-Вестфалија, 1995
Држава  Германија
Покраина  Северна Рајна-Вестфалија
Најголеми градови Келн
Диселдорф
Дортмунд
Есен
Дујсбург
Бон
Површина
 • Пошир. 7.110 км2
Највисока точка 494 м
Најниска точка 20 м
Население [1][2]
 • Пошир. 11.316.429 жители жит.
Час. појас CET (UTC+1)
БРП 2004
номинален €330.9 милијарди (трет во ЕУ)
Рајна во Келн
Рајна во Диселдорф
Рур во Есен

Метрополитенскиот регион Рајна-Рур (германски: Metropolregion Rhein-Ruhr) е најголема метрополитенска област во Германија со околу 11.000.000 жители. Тој е полицентричен по природа и единствен мегаград во Германија. Таа зафаќа површина од 7.110 квадратни километри и целосно се наоѓа во рамките на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Метрополитенскиот регион Рајна-Рур се шири од Дортмунд-Бохум-Есен-Дујсбург (Рур) на север, до урбаните подрачја на градовите Менхенгладбах, Диселдорф (покраински главен град), Вупертал, Келн (најголемиот град во регионот и германскиот четврти најголем град) и Бон на југот. Локацијата на Рајна-Рур во срцето на европската „сина банана“ го прави добро поврзан со другите големи европски градови и метрополитенски региони, како што се Амстердам и Рандстад, Фламанскиот дијамант и Франкфурт/Рајна-Мајна регионот.

Метрополитенската област е наречена по реките Рајна и Рур, кои ги дефинираат географските карактеристики на региони и историски неговиот економски столб.

Поделби[уреди]

Постојат многу различни поддефиниции на она што му припаѓа на областа Рајна-Рур, но метрополитенската област официјално има граници со Хам на исток, Менхенгладбах на запад и Бон на југ и малиот град Везел како своја најсеверна точка. Северната граница е слична со границата на Рурската област.

Табелата подолу го покажува неофицијалниот збир на регионите. Во официјалната дефиниција метрополитенската област е многу помала.

Област поголеми градови површина население
Рурска метрополитенска област[3] 4.435 км² 5.172.745
Дортмунд 280 км² 581.308
Есен 210 км² 576.259
Дујсбург 233 км² 491.931
Диселдорф метрополитенска област 2.404 км² 2.944.700
Диселдорф 217 км² 586.217
Нојс 99 км² 151.280
Менхенгладбах 170 км² 258.251
Вупертал 168 км² 351.050
Келн/Бон метрополитенска област[4] 2.920 км² 2.818.178
Келн 405 км² 1.000.298
Бон 141 км² 319.841
Рајна-Рур метрополитенска област 9.759 км² 10.935.623

Евростат Urban Audit го дели Рајна-Рур областа во шест Поголеми урбани зони (ПУЗ). Овие шест урбани зони не ги покриваат градовите Ремшајд и Золинген, ниту округот Рајн-Крајс Нојс.

Поголема урбана зона поголеми градови површина население
Поголема урбана зона Рур[5][6] 4.434 км² 5.172.745
Дортмунд 280 км² 581.308
Есен 210 км² 576.259
Дујсбург 233 км² 491.931
Поголема урбана зона Диселдорф[7][8] 1.200 км² 1.525.774
Диселдорф 217 км² 586.217
Нојс 99 км² 151.280
Ратинген 67 км² 91.306
Поголема урбана зона Менхенгладбах[9][10] 170 км² 258.251
Менхенгладбах 170 км² 258.251
Поголема урбана зона Вупертал[11][12] 168 км² 351.050
Вупертал 168 км² 351.050
Поголема урбана зона Келн[13][14] 1.627 км² 1.899.930
Келн 405 км² 1.000.298
Поголема урбана зона Бон[15][16] 1.295 км² 918.248
Бон 141 км² 319.841
Област Рајна-Рур 8.894 км² 10.125.998

Градови со повеќе од 1.000.000 жители[уреди]

Градови со повеќе од 500.000 жители[уреди]

Градови со повеќе од 100.000 жители[уреди]

Рурска област (Вестфалски дел)[уреди]

Бохум, Ботроп, Гелзенкирхен, Хаген, Хам, Херне, Изерлон, Реклингхаузен, Витен

Рурска област (Рајнски дел)[уреди]

Дујсбург, Мерс, Милхајм во Рур, Оберхаузен

Бергишес Ланд[уреди]

Бергиш Гладбах, Ремшајд, Золинген, Вупертал

Рајнска долина[уреди]

Бон, Крефелд, Леверкузен, Менхенгладбах, Мерс, Нојс

Економија[уреди]

Историски гледано, поголемиот дел од Рур бил во најголем дел се карактеризира со тешката индустрија од времето на доцниот 19-ти и раниот 20-ти век. Од средниот век, Келн, Дортмунд и другите градови биле важни регионални трговски центри, но во текот на 19-от век градот Диселдорф постигнал голем пораст и станал администативен центар на регионот, а од 1945 година и политички главен град.

Денес, метрополитенската област Рајна-Рур изнесува околу 15% од БДП-то на германската економија и може да се постави како трет најголем БРП на метрополитенските области во Европската Унија и 16-ти најголем БДП во светот. И покрај оваа големина, областа Рајна-Рур често нема меѓународна конкурентност од недостатокот на единствена презентација, во која градовите и урбаните области во рамките на областа, често се занимаваат со посебна инвестициона политика едни против други.[17]

Во рамките на областа, Диселдорф и Келн се далеку најголеми економски центри,[18] со специјализација во финансиите/високата технологија и осигурувањето/мултимедија услугите соодветно. Други поголеми економски центри се Бон, Дортмунд и Есен. Регионот е дом на дванаесет[19] Форчн Глобал 500 компании, меѓу кои се Е.ОН АГ, Диселдорф; Deutsche Post AG, Бон; Метро АГ, Диселдорф; Deutsche Telekom AG, Бон; ThyssenKrupp AG, Есен/Дујсбург; RWE AG, Есен; Бајер АГ, Леверкузен; Франц Ханиел & ГмбХ, Дујсбург; Евоник Индустрија, Есен; Аркандор АГ, Есен; Хохтиф АГ, Есен и Henkel Group, Диселдорф.

Сообраќај[уреди]

Карта на ДБ 2650 поврзувајќи го Келн со Хам

Метрополитенската област може да се пофали со два меѓународни аеродрома Келн/Бон и Диселдорф и неколку регионални/домашни аеродроми како Дортмунд, Диселдорф/Менхенгладбах и Веце. Градот Келн, исто така, е поврзан со аеродромот Франкфурт со едночасовна железничка брза линија Келн-Франкфурт.

Комерцијални аеродроми[уреди]

Аеродром ИАТА код ИКАО код годишен патнички сообраќај
Аеродром Диселдорф DUS EDDL 18,98 милиони (2010)
Аеродром Келн/Бон CGN EDDK 10,35 милиони (2008)[20]
Аеродром Дортмунд DTM EDLW 2,30 милиони (2008)

Северна Рајна-Вестфалија ја има најгустата мрежа на аутобанови во Германија и Феркерсфербунд Рајна-Рур е регионалниот подземен железнички систем, кој ги поврзува сите градови и нивните локални У- и С-железнички системи (С-железница Рајна-Рур).

Пристаниште Дујсбург (Дуиспорт) и пристаниште Дортмунд се големите индустриски пристаништа во внатрешноста и служат како центри по Рајна и германскиот континентален воден транспортен систем.

Туризам[уреди]

Настани[уреди]

Областа е домаќин на бројни мега настани, составени од забавни саеми и културни настани како што се кенски и диселдорфски карневал, Келн Комеди Фестивал, Рурфестшпиле Реклингхаузен, РурТринале и Келн геј прајд, како и трговските саеми на Келнскиот саем - Келнски саем и Саем во Диселдорф. Со капацитет од над 20.000 луѓе, Келнарена и Вестфаленхален влегуваат во кругот на најголемите затворени арени во Германија.

Областа е домаќин на осум фудбалски клубови, најуспешните меѓу нив се ФК Борусија Дортмунд, ФК Борусија Менхенгладбах, ФК Келн, ФК Шалке 04 и ФК Бајер Леверкузен.

Знаменитости[уреди]

Неколкуте туристички дестинации во областа привлекуваат над 12 милиони туристи годишно; Келнската катедрала, самата над 6 милиони туристи. Други поважни атракции се палатите Августусбург и Фалкенлуст близу Бон и Замок Бенрат близу Диселдорф, како и рудникот за јаглен и индустриски комплекс Цолферајн и други знаменитости на европскиот пат на индустриското наследство.

Музеи[уреди]

НРВ Форум, Уметничка галерија Северна Рајна-Вестфалија, Кунстхале Диселдорф, Музеј Кених, Музеј Лудвиг, Римско-германски музеј, Музеј Валраф-Рихарц, Неандерталски музеј и Германски музеј Бон се некои од најпознатите примери.

Образование[уреди]

Метрополитенската област Рајна-Рур е дом на девет универзитети и преку 30 високи школи, со вкупно над 300.000 студенти. Најголемиот е најстариот универзитет е Келнскиот (Universität zu Köln), првично основан во 1388. Други универзитети се:

Општини[уреди]

Оваа карта на Областа Рајна-Рур покажува околу 130 километри од север кон југ.

Следниве регистри ги покажуваат сите општини кои официјално припаѓаат на областа Рајна-Рур. Демографски, овие општини вклучуваат 20 градови (слободни градови (German: „Kreisfreie Städte“)), секој со повеќе од 100.000 жители и 11 окрузи (German: „Kreis“), секој со население со повеќе од 250.000 жители. Некои окрузи припаѓаат само делумно на областа Рајна-Рур. Во таков случај единствено општините кои припаѓаат на метрополитенската област се прикажани.

Слободни градови
Општина Жители
31 декември 2009[2]
Површина
км²
Жители на/
км²
Бохум (BO) 376.319 145,44 2.587,45
Бон (BN) 319.841 141,22 2.264,84
Ботроп (BOT) 117.241 100,61 1.165,3
Дортмунд (DO) 581.308 280,39 2.073,21
Дујсбург (DU) 491.931 232,81 2.113,01
Диселдорф (D) 586.217 217,01 2.701,34
Есен (E) 576.259 210,38 2.739,13
Гелзенкирхен (GE) 259.744 104,86 2.477,06
Хаген (HA) 190.121 160,36 1.185,59
Хам (HAM) 181.741 226,26 803,24
Херне (HER) 165.632 51,41 3.221,79
Келн (K) 998.105 405,15 2.463,54
Крефелд (KR) 235.414 137,76 1.708,87
Леверкузен (LEV) 160.593 78,85 2.036,69
Менхенгладбах (MG) 258.251 170,45 1.515,11
Милхајм во Рур (MH) 167.471 91,29 1.834,49
Оберхаузен (OB) 214.024 77,04 2.778,09
Ремшајд (RS) 111.422 74,60 1.493,59
Золинген (SG) 160.992 89,46 1.799,6
Вупертал (W) 351.050 168,39 2.084,74
вкупно/просечно 6.503.676 3.163,74 2.055,69
Окрузи (Kreise)
Општина/округ (Kreis) Жители
31 декември 2009[2]
Површина
км²
Метман (округ) (ME)
Еркрат 46.084 26,89
Хан (општина) 29.156 24,22
Хајлигенхаус 26.818 27,47
Хилден 55.551 25,96
Лангенфелд (Рајнска област) 59.038 41,10
Метман 39.374 42,52
Монхајм на Рајна 43.065 23,10
Ратинген 91.306 88,72
Фелберт 84.633 74,90
Вилфрат 21.420 32,23
Уна (округ) (UN)
Бергкамен 51.149 44,80
Бенен 18.630 38,02
Френденберг/Рур 22.135 56,21
Холцвикеде 17.264 22,36
Камен (општина) 44.803 40,93
Линен 87.783 59,18
Шверте 48.523 56,20
Зелм 27.123 60,34
Уна 66.652 88,52
Верне 29.994 76,08
Енепе-Рур-Крајс (EN)
Енепетал 30.778 57,42
Гефелсберг 31.651 26,29
Хатинген 55.817 71,39
Хердеке 24.794 22,40
Швелм 29.012 20,50
Шпрокхефел 25.512 47,79
Ветер 28.221 31,47
Витен 98.601 72,37
Окрузи (Kreise)
Општина/округ (Kreis) Жители
31 декември 2009[2]
Површина
км²
Меркишер Крајс (MK)
Хемер 37.459 67,56
Изерлон 95.232 125,50
Менден 56.078 86,06
Реклингхаузен (округ) (RE)
Кастроп-Рауксел 75.752 51,66
Дателн 35.757 66,08
Дорстен 77.308 171,19
Гладбек 75.520 35,91
Хертен 62.639 37,32
Марл 88.202 87,63
Оер-Еркеншвик 30.499 38,69
Реклингхаузен 119.050 66,43
Валтроп 29.837 46,99
Рајн-Ерфт-Крајс (BM)
Брил 44.259 36,12
Фрехен 49.752 45,11
Хирт 57.501 51,17
Веселинг 35.144 23,37
Рајн-Крајс Нојс (NE)
Дормаген 62.924 85,41
Грефенбројх 64.0390 102,46
Карст 41.841 37,40
Коршенбројх 33.116 55,26
Мербуш 54.190 64,38
Нојс 151.280 99,48
Окрузи (Kreise)
Општина/округ (Kreis) Жители
31 декември 2009[2]
Површина
км²
Рајн-Зиг-Крајс (SU)
Алфтер 22.895 34,77
Борнхајм 48.544 82,71
Нидеркасел 37.402 35,79
Занкт Аугустин 55.524 34,23
Зигбург 39.654 23,46
Тројсдорф 75.150 62,17
Рајниш-Бергишер Крајс (GL)
Бергиш Гладбах 105.699 83,12
Буршајд 18.771 27,38
Лајхлинген 27.476 37,33
Фирзен (округ) (VIE)
Кемпен 36.040 68,81
Тенисфорст 30.084 44,33
Фирзен 75.475 91,07
Вилих 51.962 67,77
Везел (округ) (WES)
Динслакен 69.687 47,67
Камп-Линтфорт 38.724 63,16
Мерс 105.929 67,69
Нојкирхен-Флуин 27.627 43,48
Рајнберг 31.648 75,15
Ферде 37.668 53,48
Везел 60.958 122,53
вкупно 3.609.212 3.946,69

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. http://www.duesseldorf.de/en/economic/standort/agglomerationen.shtml
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име IT_NRW.
  3. http://www.metropoleruhr.de/
  4. http://www.region-koeln-bonn.de/
  5. http://www.urbanaudit.org/CityProfiles.aspx?CityCode=DE006C&CountryCode=DE
  6. http://www.staedtestatistik.de/504.html
  7. http://www.urbanaudit.org/CityProfiles.aspx?CityCode=DE011C&CountryCode=DE
  8. http://www.staedtestatistik.de/518.html
  9. http://www.urbanaudit.org/CityProfiles.aspx?CityCode=DE036C&CountryCode=DE
  10. http://www.staedtestatistik.de/529.html
  11. http://www.urbanaudit.org/CityProfiles.aspx?CityCode=DE016C&CountryCode=DE
  12. http://www.staedtestatistik.de/513.html
  13. http://www.urbanaudit.org/CityProfiles.aspx?CityCode=DE004C&CountryCode=DE
  14. http://www.staedtestatistik.de/506.html
  15. http://www.urbanaudit.org/CityProfiles.aspx?CityCode=DE034C&CountryCode=DE
  16. http://www.staedtestatistik.de/531.html
  17. http://www2.bezreg-duesseldorf.nrw.de/static/download/chef/raumplanung/versionenglish.pdf Компаративна анализи за метрополитенската област Рајна-Рур, Регионална влада Диселдорф, август 2002
  18. http://www.raumplanung.uni-dortmund.de/rlp/Personal/Blotevogel/original/2006_Blotevogel_MetropolregionRheinRuhr.pdf Метрополитенски функции на градовите во метрополитенскиот регион Рајна-Рур
  19. Please create a screen name to access this feature“, „CNN“.
  20. http://www.airport-cgn.de/main.php?id=18&d_id=417&kat=&lang=2

Додатна литература[уреди]

  • Кнап, Волфганг (1998). „The Rhine-Ruhr area in transformation: Towards a European metropolitan region?“. европска планска студија. 
  • Дилеман, Франс М. (1998). „Randstad, Rhine-Ruhr and Flemish diamond as one polynucleated macro-region?“. Блеквел. 
  • Блитефогел, Ханс Х. (1998). „The Rhine-Ruhr metropolitan region: Reality and discourse“. европска планска студија. 

Надворешни врски[уреди]