Везел (округ)
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Везел | |
|---|---|
| — Округ — | |
| Земја | |
| Покраина | Северна Рајна-Вестфалија |
| Адм. подр. | Диселдорф |
| Адм. цент. | Везел |
| Површина | |
| • Вкупна | 1.042,4 км2 |
| Население (31 декември 2011)[1] | |
| • Вкупно | 467.274 |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) |
| Рег. табл. | WES |
| Портал | http://www.kreis-wesel.de |
Везел (герм. Wesel) е округ во северозападниот дел на покраината Северна Рајна-Вестфалија во Германија. Се граничи со окрузите Боркен, Реклингхаузен, слободните градови Ботроп, Оберхаузен, Дуизбург и Крефелд, како и окрузите Фирзен и Клеве.
Содржина |
Историја[уреди]
Округот е создаден во 1975 г. со спојување на поранешните окрузи Динслакен, Мерс и Рес, формирани во 1816 г. со влегувањето на областа во составот на Прусија.
Географија[уреди]
Најважна река што тече низ округот е Рајна.
Грб[уреди]
| На грбот е прикажана врба со 13 гранки, што ги симболизираат општините и градовите во округот. Зеленатата боја и дрвото го означуваат фактот што градот е обиколен со зелен појас. Грбот е доделен во 1978 г. |
Градови и општини[уреди]
| Градови | Општини |
|---|---|
Наводи[уреди]
- ↑ „Населеност на местата“. „Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија“. 31 декември 2011. http://www.it.nrw.de/statistik/a/daten/amtlichebevoelkerungszahlen/index.html. (германски)
Надворешни врски[уреди]
- Страница на округот (германски)