Министер-претседател

Од Википедија — слободната енциклопедија

Министер-претседател (германски: Ministerpräsident) — претседал на влада на голем број држави во Европа или на покраински влади, во кои преовладува парламентарен или полупретседателски ситем на владеење, кој претседава со советот на министри. Тоа е алтернативен термин за премиер, главен министер или прв министер и е многу слично со титулата „претседател на Советот“.

Германскиот значење на зборот е „претседател на министрите“. Ознаката „министер-претседател“ може да се поистовети со премиер (било на национално или субнационално ниво).

Австрија[уреди | уреди извор]

Од 1867 до 1918 година, првиот министер на владата бил познат како „министер-претседател“ (Ministerpräsident), пред покраинскиот канцелар (Staatskanzler). Денес на чело на австриската сојузна влада стои сојузен канцелар (Bundeskanzler), додека претседателот на покраинската влада е наречен Landeshauptmann (буквално „покраински капетан“), не „министер-претседател“.

Белгија[уреди | уреди извор]

Терминот министер-претседател (холандски: minister-president, француски: ministre-président, германски: Ministerpräsident) исто така се користи во Белгија за да го опише претседателот на владата на белгиските региони или јазични заедници, но не е претседателот на белгиската сојузна влада, кој се именува како премиер (холандски: eerste minister, француски: premier ministre, германски: Premierminister).

Според белгискиот устав, сојузниот премиер е назначуван од кралот, а одобрен од сојузниот парламент со гласање на доверба (во пракса, кралот обично го назначува предводникот на победничката партија како мандатар да создаде влада). Сојузните министри подоцна положуваат заклетва на вернот кон кралот. Министрите-претседатели на регионите и јазичните заедници не се назначувани од кралот, туку се директно избирани од нивните соодветни парламенти. Министрите на регионите и јазичните заедници не се обврзани да се заколнат на вернот на кралот, туку едноставно положуваат заклетва во нивните соодветни парламенти.

Германија[уреди | уреди извор]

Јоханес Рау, министер-претседател на Северна Рајна-Вестфалија (1978–1998).

Министерот-претседател е претседател на владата на германските сојузни покраини; функцијата отприлика одговара на онаа на гувернерот во сојузните држави во САД или повеќе на премиерите на австралиските држави или канадските покраини; може да се користи и женска форма на Ministerpräsidentin за женски функционерки.

Титулата обично е поистоветена како „премиер“[1] или „(покраински) премиер“; додека „министер-претседател“[2][3] се користи со цел да не се направи забуна со функционерот, претседател на владата на националната држава.

Уставната улога на министерот-претседател може да се споредува со онаа на канцеларот на сојузно ниво.

Министрите-претседатели на германските сојузни покраини се избирани од нивните соодветни покраински парламенти и назначуваат министри во нивните соодветни покраини (во шест покраини назначувањето на министрите е исто така предмет на парламентарно одобрување) и ја одредуваат политиката на покраината.[4] Заедно со неколку од нивните министри, заедно ја претставуваат нивната покраина во Бундесратот или во странство. Врз основа на нивната положба во Бундесратот, тие можат да извршат значително влијание на националните политики во рамките на сојузната структура. Канцеларијата на министерот-претседател е наречена „покраинско канцеларство“ (Staatskanzlei) во сите неградови-држави освен Баден-Виртемберг, каде е наречена „покраинско министерство“ (Staatsministerium).

Кај трите германски градови-државиБерлин, Бремен и Хамбург — претседателот на покраинската влада не е наречен министер-претседател, туку има различна титула; на пример, „владејачки градоначалник“ (Regierender Bürgermeister), „градоначалник и претседател на сенатот“ (Bürgermeister und Präsident des Senats) и „прв градоначалник“ (Erster Bürgermeister) на Хамбург. Нивната канцеларија е наречена „сенатско канцеларство“ (Senatskanzlei). Меѓутоа, и покрај оваа разлика во терминологијата, претседателите на владата на овие градови-држави имаат иста моќ и положба како министрите-претседатели на другите германски покраини.

Унгарија[уреди | уреди извор]

Титулата на унгарскиот претседател на владата на унгарски е miniszterelnök, што буквално означува „министер-претседател“. Меѓутоа, бидејќи премиер е повообичаена титула во парламентарниот систем за претседател на владата, претседателот на унгарската влада обично е нарекуван како „премиер на Унгарија“.

Холандија[уреди | уреди извор]

Во Холандија, премиерот е официјално нарекуван „министер-претседател“, иако терминот премиер е повеќе користен. Неговите надлежности се одредени во уставот од 1848 година (претседател на Советот на министри). Титулата министер-претседател е во официјална употреба од 1945 година.

Норвешка[уреди | уреди извор]

Во Норвешка, Видкун Квислинг, претседател на Квинслишката влада од 1942 до 1945 година во текот на германската окупација во Втората светска војна, ја поседувал титулата министер-претседател (норвешки: ministerpresident).

Шпанија[уреди | уреди извор]

Во Шпанија, претседателот на владата е познат како „presidente del gobierno“ или претседател на владата, но најчесто е нарекуван како премиер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Arthur B. Gunlicks: The Länder and German federalism. Issues in German politics. Manchester University Press, 2003, ISBN 978-0-7190-6533-0, p. xi
  2. Oxford Duden German Dictionary, 2nd Edition, 1999, p. 529, s.v. Ministerpräsident
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-06-29. Посетено на 2014-07-31.
  4. Arthur B. Gunlicks: The Länder and German federalism: Issues in German politics. Manchester University Press, 2003, ISBN 978-0-7190-6533-0, p. 223.