Лајне

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лајне
Leine

Реката Лајне долж границата на стариот дел на Хановер.
Извор Тирингија
Утока Алер
52°43′22″ СГШ 9°35′38″ ИГД / 
Земји во сливот Германија
Должина 281 км

Лајне (герм. Leine) е река во сојузните покраини Тирингија и Долна Саксонија во Германија. Долга е and 281 км и е лева притока на реката Алер (а со тоа и на реката Везер).

Извира близу местото Лајнефелде во Тирингија. Четириесет километри низводно реката преминува во Долна Саксонија и потоа тече на север.

Поважни места по течението на реката се Гетинген, Ајнбек, Алфелд и Гронау, и потоа навлегува во Хановер, кој е најголемиот град на нејзините брегови. Околу четириесет километри северно од Хановер (кај Швармштет), реката се влева во поголемата река Алер, па во Северното Море преку Везер, со кој се сврзува и тече крај пристанишните градови Бремен и Бремерхавен.

Иако реката повремено се прелива, причинетата штета е занемарлива. Само северното (долно) течение е пловно за најмалите шпедитери, но во минатото, пред постоењето на железничкиот транспорт, играла значајна улога како пловна магистрала во превозот на стока со товарни баржи сè до Гетинген.

Денес мештаните практикуваат спортски риболов од брегот и од помали чамци, иако уловот обично е мал.

Извори[уреди]

  • Uwe Schmida: Die Leine - Eine fotografische Reise. ISBN 3000205675
  • Gerd Lüttig: Neue Ergebnisse quartärgeologischer Forschung im Raume Alfeld-Hameln-Elze. In: Geologisches Jahrbuch Band 77, Seite 337–390. Hannover, јуни 1960.

Надворешни врски[уреди]