Алтенбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алтенбург
Altenburg Rote Spitzen.jpg
Грб на Алтенбург
Алтенбург се наоѓа во Германија
Алтенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Алтенбург
Градски единици 4
Градоначалник Михаел Волф (SPD)
Основни податоци
Површина 46 км2
Надм. височина 227 м
Население 32.992 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 717 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ABG
Пошт. бр. 04600
Повик. бр. 03447
Портал www.altenburg.eu
Местоположбата на градот Алтенбург во рамките на округот Алтенбург
Карта
Координати 50°59′06″ СГШ 12°26′00″ ИГД / 

Алтенбург (германски: Altenburg) е град во германската сојузна покраина Тирингија, 45 километри јужно од Лајпциг. Главен град е на округот Алтенбург.

Географија[уреди]

Алтенбург е опкружен со Виндишлојба, Нобиц, Зара, Алткирхен, Герен, Ледла, Розиц, Мојзелвиц и Герстенберг.

Историја[уреди]

Алтенбург околу 1650
Замок Алтенбург
Квартот Николај е еден од најстарите делови на градот

Градот (civitas Altenburg) бил првпат споменат во декрет до Цајчкиот архиепископ во 976. Остатоци на словенскиот замок на Шлосберг покажуваат дека градот најверојатно бил словенска населба, главен градот на племето Плисни, освоен во текот на походот на Мајсен од Хајнрих I. Според имињата на местата, соседната област (Остерланд) била главно населена од Словени.

Положбата на градот на царскиот пат помеѓу Хале и Чеб во Бохемија му ја донела економската важност во трговијата на сол.

Првиот замок, сместен под денешната црква Св. Вартоломеј, бил уништен по битката кај Хоенмелзен помеѓу Хајнрих IV и Рудолф од Швабија. Бил повторно изграден на Шлосберг надвор од градот. Кулата од 11. век Mantelturm сè уште е зачувана. Подоцна, замокот станал царски пфалц и одиграл важна улога во германското преземање и населување на областа помеѓу планините Харц и реката Елба.

Во средината на 12. век, царевите од династијата Хоенштауфен му дозволиле на Алтенбург да добие пазар и ковачница. Заедно со кралските шуми Лајна, Пана, Камерфорст и Лукауер Форст, земји на семејството Гројцш купени од Фридрих Барбароса, Алтенбург, Колдиц, Цвикау и Кемниц биле влезен во Terra Plisnensis. Алтенбург и Кемниц како царски градови биле поставени за намалување на важноста на Лајпциг, држен од Грофството Мајсен. Под Фридрих Барбароса се изградиле многу градби, особено околу плоштадот и градот постојано растел. Бил основан манастир, а парохиската црква била завршена во 1172. Двете кули (Rote Spitzen) се зачувани. Градскиот ѕид бил изграден кон крајот на 12. век.

Во текот на Interregnum, „Terra Plisnensis“ била привремено купена од Рудолф I, кој ја посакувал круната на Тирингија. Заедно со Цвикау и Кемниц, Алтенбург бил дел од сојузот на градови Плајсе, кој бил против Мајсен. По битката кај Лука во 1307 против Фридрих Храбриот од Мајсен и неговиот брат Дицман, кралот Алберт I ги изгубил Алтенбург и земјите околу Плајсе од Грофството Мајсен.

Во 1455, Алтенбург ја дочекал поделбата на земјите на Мајсен помеѓу изборниот кнез Фридрих II и војводата Вилхелм, која настанала по неуспешниот обид за помирување помеѓу двајцата браќа. Во втората поделба на земјите од династијата Ветин помеѓу Ернест и Алберт кај Лајпциг во 1485, Алтенбург припаднал на Ернест, заедно со електоратот (Kurland), Грима, Мученер Пфлеге, Лајсниг, Тирингија и Фогтланд. Оттогаш, Алтенбург бил историски поврзан со Тирингија. Во текот на Германската селанска војна во 1525, августинскиот манастир во Алтенбург бил нападнат. Во летото, четири селани биле заклани на плоштадот.

Од 1603 до 1672, Алтенбург бил седиште на линијата Ернестин, откако припаднал на Саксо-Гота-Алтенбург. Во текот на Наполеонските војни бил место на краткиот сојузнички напад од саксонскиот генерал Јохан фон Тилман. Кога земјите на Ернестин биле поделени во 1826, Алтенбург станал главен град на Саксо-Алтенбург. Последниот војвода се повлекол на 13 ноември 1918 откако дал залог од 12 милиони марки и сопственост на бројни замоци. Слободната држава Саксо-Алтенбург била припоена кон Тирингија во 1920.

Во текот на Втората светска војна, во градот постоеле неколку подкампови на концентрацискиот камп Бухенвалд, кои биле користени за обезбедување работна сила за HASAG, третиот најголем барател на принудна работна сила во Германија.[2]

во 1952, Алтенбург припаднал на округот Лајпциг, но станал дел од Тирингија повторно во 1990.

Населението низ годините[уреди]

1831 - 1939 1946 - 1996 1997 - 2004
  • 1831 - 12.629
  • 1880 - 26.241
  • 1885 - 29.110
  • 1890 - 31.439
  • 1900 - 37.110
  • 1925 - 42.570
  • 1933 - 43.736
  • 1939 - 45.851
  • 1946 - 51.805 [* 1]
  • 1950 - 49.413 [* 2]
  • 1960 - 46.791
  • 1981 - 55.827
  • 1984 - 54.755
  • 1994 - 46.291
  • 1995 - 45.472
  • 1996 - 44.854
  • 1997 - 44.060
  • 1998 - 43.032
  • 1999 - 42.005
  • 2000 - 41.290
  • 2001 - 40.559
  • 2002 - 39.810
  • 2003 - 39.189
  • 2004 - 38.417
Извор (од 1994): Thüringer Landesamt für Statistik
  1. 29 октомври
  2. 31 август

Главни знаменитости[уреди]

Градското собрание на Алтенбург е една од најважните ренесансни градби во Германија. Била изградена помеѓу 1562 и 1564 од архитектот Николаус Громан. Schenkendorffsches Palais (1724) и Alte Amtshaus (1725) се прекрани барокни градби. Исто така постои и замок, чие западно крило (1706–1732) содржи изложба за историјата на картите и игрите со карти и историски музеј.

Градско собрание

Музејот Линдеау во палатата Бернхард Август фон Линденау, бил изграден во 1875 и поседува италијански слики од периодот на 13-15 век, збирка на класични антиквитети и парчиња современа уметност.

Замок Алтенбург
Театар Алтенбург

Други интересни локации се ботаничката градина во Алтенбург.

Култура[уреди]

Алтенбург е наречен град на картите за играње. Играта скат се мисли дека потекнува оттука, заснована на баварскиот тарок. Поради влијанието на царот Фридрих Барбароса во градот низ историјата, неговиот прекар е „град на Барбароса“.

Економија[уреди]

Gumpert Apollo

Алтенбург е седиште на повеќе фабрики за производство на карти за играње. Altenburger Spielkartenfabrik била основана во 1831. Денес е подружбиа на Cartamundi и пазарен лидер во Германија.

Во Алтенбург е седиштето на Gumpert Sportwagenmanufaktur. Супер-автомобилот Gumpert Apollo е произведуван од компанијата во градот од 2005.

Алтенбург е исто така познат по неговиот сенф, произведуван од Altenburger Senf и Feinkost.

Сообраќај[уреди]

Јавен превоз[уреди]

Јавниот превоз во Алтенбург се одвива со автобуси преку шест линии, кои ги поврзуваат подалечните делови на градот со центарот.

Железница[уреди]

Железничката станица Алтенбург е на линијата Лајпциг-Хоф.

Аеродром[уреди]

Аеродром Лајпциг-Алтенбург

Во близина на градот се наоѓаат два аеродрома. Аеродромот Лајпциг-Алтенбург, поранешен руски воен аеродром, се користи од нискобуџетните авиопревозници за комерцијални летови до Лондон Станстед, Барселона-Ѓирона и Единбург. Аеродромот Лајпциг/Хале е меѓународен аеродром и се наоѓа 50 километри северозападно од Алтенбург.

Меѓународни односи[уреди]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Алтенбург е збратимен со:

Луѓе[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]