Залфелд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Залфелд
Градската црква во Залфелд
Градската црква во Залфелд
Грб на Залфелд
Залфелд се наоѓа во Германија
Залфелд
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Залфелд-Рудолштат
Градски единици 14
Градоначалник Матијас Граул
Основни податоци
Површина 48,75 км2
Надм. височина 235 м
Население 25.278 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 519 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SLF
Пошт. бр. 07301–07318
Повик. бр. 03671
Портал www.saalfeld.de
Местоположбата на градот Залфелд во рамките на округот Залфелд-Рудолштат
Карта
Координати 50°39′00″ СГШ 11°22′00″ ИГД / 

Залфелд (германски: Saalfeld/Saale) е град во Германија, главен град на округот Залфелд-Рудолштат во покраината Тирингија. Порано бил седиште на династијата Саксо-Кобург и Гота, дел на саксонската династија Ветин, која била преименувана во Династија Виндзор во текот на нивното британско владеење во 1917.

Географија[уреди]

Градот се наоѓа во долината на реката Зале, северно од Тирингиските Шкрилни Планини, 48 километри јужно од германскиот културен центар Вајмар.

Залфелд има 28.000 жители. Заедно соседните Рудолштат и Бад Бланкенбург, Залфелд ја создава областа на три-града со население од околу 70.000 жители.

Историја[уреди]

Залфелд, Матхојс Меријан, околу 1650

Залфелд е еден од историските градови на Тирингија, веројатно основан во седмиот век околу турингиската тврдина, денес наречена Хоер Шварм или лужички замок (Sorbenburg). Областа била првпат спомената во декрет од 899. Замокот Кицерштајн се издига на возвишение над реката Зале, се вели дека првично бил изграден од германскиот крал Хајнрих Птичарот, иако денешната градба не била изградена пред 16 век. Во 1012 последниот отонски цар Хајнрих II го отстапил поранешниот каролигиски Kaiserpfalz на грофот Ецо од Лотарингија, чија ќерка била ветена на Келнскиот архиепископ.

Според локалниот хроничар Ламберт од Херсфелд, Келнскиот архиепископ Ано II во 1071 ја основал бенедиктанската опатија тука, која брза прераснала во црковен центар во источна Тирингија, но била уништена во текот на германската војна на селаните во 1526. Францисканскиот манастир бил основан околу 1250, кој исто така бил распуштен во текот на Реформарцијата. Царот Фридрих Барбароса од династијата Хоенштауфен го прогласил градот за царски град, делови на неговите средновековни ѕидини и кули се зачувани и денес. Сепак, граѓаните во 1208 ги добиле градските права од рацете на грофството Шварцбург како нивни феудални владетели.

Династија Ветин[уреди]

Во 1389 градот конечно бил освоен од грофот Балтазар од Тирингија, член на династијата Ветин. Економијата на Залфелд се зголемувала преку околните рудници, сообраќајот на реката Зале, како и од рибарството (претстварно и грбот на градот). Владетелите на династијата Ветин ја изградиле градската црква Свети Јован во готски стил на местото на претходната романескна градба до 1514. Готското градско собрание било завршено во 1537. Владејачката династија ја достигнала нејзината важност, кога во 1423 сите ветински земји биле споени во Изборното кнежевство Саксонија (Горна Саксонија).

Меѓутоа, веќе во 1485, изборниот кнез на Саксонија Ернст се согласил со поделбата од Лајпциг со неговиот помлад брат војводата Алберт Трети. Ернст ги задржил јужните тирингиски имоти со Залфелд; неговиот внук Јохан Фридрих I ја изгубил кнежевската титула во 1547 со капитулацијата на Витенберг, со што завршила Шмалкалдиската војна, заедно со сите негови имоти надвор од Тирингија. Потврдено од царот Максимилијан II на Собранието во Шпајер во 1570, наследниците на Јохан Фридрих ги задржале само војводствата Саксо-Вајмар и (од 1572) Саксо-Кобург-Ајзенах. По смртта на војводата Фридрих Вилхелм во 1602, Залфелд припаднал на новосоздаденото војводство Саксо-Алтенбург, од 1673 Саксо-Гота-Алтенбург.

Саксо-Кобург-Залфелд[уреди]

Замок Залфелд

По неколку пожари во раниот 16 век, Залфелд бил обновен во раскошниот ренесансен стил. Во 1675, војводата Алберт Петти по неговото назначување го одбрал градот за негова резиденција и од 1677 па натаму замокот Залфелд бил изграден на уништената бенедиктанска опатија, која во 1680 припаднала на помладиот брат Јохан Ернст Четврти. По смртта на Алберт во 1699, Јохан Ернст исто така го зазел Саксо-Кобург и се нарекол војвода на Саксо-Кобург-Залфелд.

Замокот, кој бил обновен и денес е административна градба на градот, бил дом на четири генерации на линијата Саксо-Кобург-Залфелд. До 1825, Залфелд останал еден од двата главни града на војводството, заедно со Кобург, неговиот франкониски збратимен град на југот. Четвртиот војвода Ернст Фридрих (1724–1800) бил последен роден во Залфелд; во 1764, го преместил главниот град од Залфелд во Кобург, каде во 1805 неговиот син и наследникот Франсис (1750–1806) го купил замокот Розенау за негова резиденција.

Во текот на времето на војводаа Ернст Трети во 1826, соседната војводска линија на Саксо-Гота и Алтенбург исчезнала. Ернст го добил поранешното Саксо-Гота, но со размената морал да се откаже од Залфелд во корист на војводата Бернхард Втор.

Понови времиња[уреди]

На 10 октомври 1806, обедината пруска и саксонска војска се сретнала со силите на француската армија под водство на генералот Жан Лане во битката кај Залфелд, каде принцот на Прусија бил убиен. Отворањето на железницата Лајпциг-Пробстцела го зголемила развојот на градот. По Првата светска војна и германската револуција 1918-1919, Залфелд станал дел од новосоздадената држава Тирингија. Како железничка раскрсница и град на војската од 1936, бил важна цел во стратешкото бомбардирање во Втората светска војна.

По повоената поделба на Германија, Залфелд бил граничен премин на внатрешната германска граница на железницата Зал, една од рутите, која може да биде употребена од возовите помеѓу Лајпциг/Хале и Нирнберг. Како граничен премин, Залфелд станал важен јужен терминал на возовите на ГДР. Поради постојаната употреба на парните локомотиви во Источна Германија, откако биле укинати во Западна Германија, областа станала мека за железничките ентузијасти следните години. Меѓутоа, и покрај тоа што бил многу близу со границата со Западна Германија на југ, сепак не бил многу достапен.

Економија[уреди]

Традиционално, Залфелд бил познат по рудниците за сребро. Денес, Залфелд има голем број на индустрии, вклучувајќи го производството на машини, тули, бои, слад, цигари и оцет. Други присутни индустрии и пиварниците, издачката, како и неколкуте рудници во областа.

Туризмот и сличните активности создаваат значаен дел од локалната економија.[2] Поради неговата сликовита поставеност помеѓу планините и езерата на долината Зале, во областа постојат бројни можности како планинарење, скијање, рибарење, ловење, искачување на карпи, едрење и бројни други активности.[3]

Познати луѓе[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]