Аеродром Ерфурт/Вајмар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Ерфурт/Вајмар[1]
Flughafen Erfurt-Weimar
Luftbild Flughafen Erfurt.jpg
IATA: ERFICAO: EDDE
ERF се наоѓа во Тирингија
ERF
Местоположба на аеродромот во Тирингија
Преглед
Тип јавен
Стопанисувач Flughafen Erfurt GmbH
Место Ерфурт
Надм. вис. 1,036 ft / 316 m
Координати 50°58′47″ СГШ 10°57′29″ ИГД / 
Мреж. место www.flughafen-erfurt.de/en
Писти
Насоченост Должина Површина
m ft
10/28 2,600 8,500 асфалт
Извор: German AIP at EUROCONTROL[2]

Аеродромот Ерфурт/Вајмар (IATA: ERFICAO: EDDE) е главен аеродром на Ерфурт, Германија, кој го променил името од Аеродром Ерфурт во 2011.[3] Промената настанала поради маркентиншки причини, надевајќи се дека додавањето на 'Вајмар' на името ќе придонесе за поголема популарност на областа.

Поврзаност[уреди]

Со продолжувањето на трамвајот бр. 4[4] ("AirCombino") до предградието Биндерслебен и новата станица за трамвај отворена пред самиот аеродром (од 21 јуни 2005), пристугнувајќи на секои 10-20 минути, може да се стигне до самиот центар на градот и железничката станица за околу 20 минути. Оддалеченоста помеѓу аеродромот, кој е западно од градот и центарот е 5 километри.[2]

Авиопревозници и дестинации[уреди]

Авиопревозник Одредиште
Air Arabia Egypt Сезонски чартер: Хургада
Air Berlin Сезонски: Анталија, Мајорка
Air VIA Сезонски чартер: Бургас, Варна
Bulgarian Air Charter Сезонски чартер: Бургас, Варна
Croatia Airlines Сезонски чартер: Сплит
Germania Сезонски чартер: Дебрецин, Џерси, Маракеш, Палма де Мајорка, Рованиеми, Самарканд, Сармелек, Ургенч, Вилниус
Nouvelair Чартер: Енфида
Sky Airlines Анталија
Tunisair Чартер: Џерба, Ендифа

Аеродромот нудел и превоз од Аеродромот Лондон Станстед преку ирскиот нискобуџетен превозник Ryanair, кој се завршил на 19 јануари 2005, кога авиопревозникот се префрлил на Аеродромот Лајпциг/Алтенбург оставајќи го аеродромот без нискобуџетни летови.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]