Светска метеоролошка организација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Small Flag of the United Nations ZP.svg   Светска метеоролошка организација
 
Flag of the World Meteorological Organization.svg
Знамето на СМО
Тип Агенција на ООН
Акроними WMO
OMM
Челник Русија Александар Бедрицки
Статус активна
Основана 1950
Штаб Швајцарија Женева, Швајцарија
Мрежно место www.wmo.int
Портал Портал:Обединети Нации ООН Портал

Светска метеоролошка организација или СМО (анг. World Meteorological Organization, WMO) — меѓувладина организација во која членуваат 188 држави членки и територии. Организацијата произлегува од поранешната Меѓународна организација за метеорологија, основана во 1873. Светската организација за метеорологија, основана во 1950 година, е специјализирана агенција на ООН за метеорологија (време и клима), оперативна хидрологија и поврзани геофизички науки. Седиштето на организацијата се наоѓа во Женева, Швајцарија. Сегашен претседател е Александар Бедрицки, а Генерален секретар Мишел Жаро. Во јуни, 1976г. СМО предупреди дека постои можност од значајно глобално затоплување, како резултат на шпекулациите од страна на репортерите за појавување на Мало ледено доба.

Улога[уреди]

Светската организација за метеорологија е специјализирана агенција на Обединетите нации. СМО игра главна улога во известување за состојбата и однесувањето на Земјината атмосфера, нејзината интеракција со океаните, климатските промени и дистрибуција на ресурси на вода. Од 24 јануари 2007г. во СМО членуваат 188 држави членки и територии. Основана во 1950г. СМО стана специјализирана агенција на Обединетите нации, а во 1951г. за метеорологија ( време и клима ), оперативна хидрологија и поврзани геофизички науки. Произлегува од поранешната Меѓународна организација за метеорологија ( на англиски:(International Meteorological Organization (IMO)), којашто била основана во 1873г.

Бидејќи времето, климата и водениот циклус не познаваат национални граници, меѓународната соработка во светски рамки е суштествена за развојот и успешната примена на метеорологијата и оперативната хидрологија. СМО ја обезбедува рамката за таква меѓународна соработка. Од нејзиното основање, СМО играше единствена и моќна улога во придонесувањето за безбедноста и благосостојбата на човештвото. Под водство на СМО и во рамките на нејзините програми, Националните Метеоролошки и Хидролошки служби, значително придонесуваат за заштита на животот и материјалните добра од природни катастрофи, за заштита на животната средина и унапредување на економскиот и социјален развој на сите делови од општеството во области како обезбедување на храна, водни ресурси и транспорт. СМО ја промовира соработката за воспоставување на мрежи за метеоролошки, климатски, хидролошки и геофизички опсервации, непречена размена, обработка и стандардизација на податоци како и за технолошки трансфер, обука и истражување. СМО ја поттикнува соработката меѓу Националните Метеоролошки и Хидрометеоролошки служби на своите членки како и примената на метеорологијата во јавните временски служби, земјоделието, авијацијата, транспортот, заштита на животната средина прашања поврзани со водата и ублажување на последиците од природните катастрофи. СМО ја олеснува слободната и непречена размена на податоци и информации, производи и услуги во реално или приближно реално време во однос на прашањата поврзани со бебедноста на општеството, економски развој и заштита на животната средина. Придонесува и за креирањето на политикта во овие области на национално и меѓународно ниво. Во одредени случаи на временски или климатски непогоди, коишто сочинуваат приближно 90% од сите природни катастрофи, програмите на СМО обезбедуваат значајни информации за предвремено предупредување со што се намалуваат човечки жртви, материјални штети и се заштитува животната средина. СМО исто така придонесува и за ублажување на последиците од катастрофи предизвикани од страна на човекот, како што се хемиските и нуклеарни несреќи, палење на шуми и вулкански пепел. СМО игра главна улога во надгледување и заштита на животната средина преку своите програми, во светски рамки. Во соработка со агенциите на Обединетите нации и Националните Метеоролошки и Хидролошки служби, СМО ја поддржува имплементацијата на бројни конвенции за заштита на животната средина и е надлежна за давање совети и мислења на владите за одредени прашања. Овие активности придонесуваат за обезбедување на одржлив развој и благосостојба за нациите. СМО и Програмата за заштита на животната средина на ООН ( на англиски: United Nations Environment Programme -UNEP) го создадоа Меѓувладиниот панел за климатски промени ( на англиски: Intergovernmental Panel on Climate Change -IPCC). Исто така СМО е директно одговорен за создавање на Глобален надзор на атмосферата ( на англиски: Global Atmosphere Watch -GAW).

Метеоролошки кодови[уреди]

Со цел извршување на задачите за промовирање на стандардизацијата на метеоролошките опсервации, СМО располага со многубројни видови на кодови за репрезентација и размена на метеоролошки, океанографски и хидролошки податоци.

Светскиот ден на метеорологијата[уреди]

• Светскиот ден на метеорологијата се одбележува секоја година на 23 март.

Светска конференција за климата[уреди]

Седиштето на СМО во Женева

Светската конференција за климата- ( на англиски: World Climate Conference- WCC ) ќе се одржи во периодот од 31 август до 4 септември 2009г. во Женева, Швајцарија под покровителство на СМО. Нејзината цел е да го следи напредокот во сезонските и годишните климатски прогнозирања и да ја поттикне нивната примена при донесување на одлуки во социо-економските сектори, како ште се: храната, водата, енергијата, здравството, туризмот и др. сектори за развој. Конференцијата се стреми да даде свој придонес во достигнувањата на Милениумските развојни целина ООН, а и во пошироките климатски цели преку давање поддршка за климатска адаптација.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Литература[уреди]