Ливе Вестра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ливе Вестра

Вестра на Критериум ду Дофине 2011
Лични податоци
Цело име Ливе Вестра
Роден 11 септември 1982 (1982-09-11) (31 г.)
Мунен, Холандија
Висина 1,85 м
Маса 74 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Астана
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометри
Професионални клубови
2006–2008
2009–2013
2014–
Кролстоне Континентала Тим
Вакансолел
Астана
Значајни победи
Етапни трки
Тур де Пикарди (2009)
Трка околу Данска (2012)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2012, 2013)
Последна промена
18 април 2014

Ливе Вестра (холандски: Lieuwe Westra; р. 11 септември 1982 во Мунен)[1]холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана.[2]

Професионална кариера[уреди]

Во 2012 завршил втор на трката од Светската турнеја Париз-Ница, освојувајќи ја кралската етапа до Манд. Оваа етапа завршувала на нагорнина со просечен наклон од 10,1%.[3] Тој нападнал во последниот километар и водечката група предводена од водачот Бредли Вигинс не можела да го следи неговиот напад. Поминал сам низ целта и имал предност за освојување на водечката маичка, доближувајќи се на само шест секунди до Вигинс.[4] Го завршил Париз-Ница со осум секунди зад Британецот во генералниот пласман.[5] Во август, Вестра го освоил генералниот пласман на Трката околу Данска 2012, етапа со шест етапи која се одржува во Данска. Победил на индивидуалниот хронометар, што му помогнало да ја запечати победата и освојувањето на водечката маичка. Рамунас Навардаускас од екипата Гармин-Баракуда завршил втор со 10 секунди задоцнување.[6] Вестра ја заработил неговата прва победа за сезоната 2013 на Трката околу Калифорнија, каде ги расипал плановите на спринтерите откако побегнал на 5 километри пред целта и успеал да се одржи пред водечката група. Франсиско Мансебо му се приклучил во обидот за победа и двоецот соработувал заедно, но Вестра победил во спринтот.[7]

По пет години со екипата Вакансолел-ДКМ[8], Вестра се приклучил на Астана на двегодишен договор, за сезоните 2014 и 2015.[2]

Достигнувања[уреди]

2007
1. Етапа 2 ОЗ Вилервикенд
2008
1. Етапа 2 Тур Алзас
2. Краен пласман Трка Олимпија
3. Дуо Норманд (со Јос Пронк)
3. Шал Селс-Мерксем
2009
1. Краен пласман Меморијал Арно Валард
1. Краен пласман Тур де Пикард
1. Етапа 1
2010
3. Национален хронометарски првак
3. Хроно де Национс
2011
1. Класик Лоара Атлантик
1. Пролог Трка околу Белгија
2. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Планински пласман
3. Краен пласман Волта ао Алгарве
8. Светско друмско првенство
2012
1. MaillotHolanda.PNG Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Трка околу Данска
1. Етапа 5 (ITT)
2. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 5
2. Краен пласман Три дена Де Пане
2. Краен пласман Трка околу Белгија
2013
1. MaillotHolanda.PNG Национално хронометарско првенство
1. Етапа 1 Трка околу Калифорнија
3. Краен пласман Волта ао Алгарве
5. Краен пласман Три дена Де Пане
8. Краен пласман Етоал де Бесеже
8. Краен пласман Париз-Ница
2014
1. Етапа 7 Волта а Каталуња

Наводи[уреди]

  1. Ливе Вестра на Cycling Archives
  2. 2,0 2,1 Нови возачи во Астана Про Тим“, „Астана“, Abacanto SA, 1 август 2013 (конс. 1 август 2013).
  3. Драма до последниот на Париз-Ница“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 февруари 2012 (конс. 9 март 2012).
  4. Даниел Бенсон. „Westra prevails on Mende mountain finish“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 март 2012 (конс. 17 декември 2012).
  5. Резултата од Париз-Ница 2012“, „Velo News“, 2012 Competitor Group, Inc., 10 март 2012 (конс. 17 декември 2012).
  6. Кевендиш ја освои последната етапа на Трката околу Данска“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 август 2012 (конс. 17 декември 2012).
  7. Кајл Мур. „Tour of California: Westra foils the bunch sprint with stage one attack“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 12 мај 2013 (конс. 12 мај 2013).
  8. „Вакансолел-ДКМ Про Сајклинг Тим (VCD) – NED“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MjgxOA&RefDate=16.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 16 јануари 2013. 

Надворешни врски[уреди]

Спортски позиции
Претходник
Стеф Клемент
Холандски национален хронометарски првак
2012-2013
Наследник
актуелен