Тејлор Фини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тејлор Фини

Фини на Париз-Рубе 2012
Лични податоци
Цело име Тејлор Фини
Роден 27 јуни 1990 (1990-06-27) (23 г.)
Булдер, Колорадо, САД
Висина 1,97 м[1]
Маса 82 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб БМЦ Рејсинг Тим
Дисциплина Велодромски и друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Хронометар/Специјалист за класици/Спринтер[1]
Професионални клубови
2008–2010
2011–
Трек-Лајвстронг
БМЦ Рејсинг Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа

Еднодневни трки и класици

Jersey rainbow.svg Светски првак во индивидуална потера (2009, 2010)
MaillotUSA.PNG Национален хронометарски првак (2010)
Последна промена
6 јануари 2014

Тејлор Фини (англиски: Taylor Phinney; р. 27 јуни 1990) — американски велосипедист, кој вози професионално за UCI World Tour екипата БМЦ Рејсинг Тим[2] специјализиран за хронометри и еднодневните класици во друмскиот и индивидуалната потера во велодромскиот велосипедизам.

Ран живот и аматерска кариера[уреди]

Фини е роден на 27 јуни 1990 и е син на поранешниот професионален друмски велосипедист Дејвис Фини и поранешен носител на олимписко злато и лизгачката Кони Карпентер-Фини.

Фини започнал со велосипедизам на 15-годишна возраст во јуниорската екипа Тим Слипстрим. Во август 2007 го освоил Светското јуниорско хронометарско првенство. Оттогаш настапувал во велодромски велосипедизам на националните и светските првенства. Фини завршил седми во дисциплината индивидуална потера на Летните олимписки игри 2008. Подоцна истата година, на националните велодромски првенства ги освоил златните медали на хронометарот, индивидулната потера и екипната потера.[3]

Професионална кариера[уреди]

Трек-Лајвстронг[уреди]

На 24 септември 2008, Ленс Армстронг објавил дека Фини ќе биде во тимот под 23 години, организиран од Армстронг.[4] На 26 март 2009 ја освоил индивидуалната потера на Светското велодромско првенство UCI и повторно на 25 март 2010 на Светско велодромско првенство UCI. Потоа се насочил кон друмскиот велосипедиза, победувајќи на Париз-Рубе под 23 години, Трката Олимпија (и првите четири етапи) и хронометрите на Тур де л’Авенир и Трката околу Јута.

Фини на Светското велодромско првенство UCI, каде го освоил златниот медал за индивидуалниот пласман.

На 29 јули 2010 било објавено дека Фини и неговите колеги Џеси Сарџент и Клинтон Авери би можеле да возат на Трката околу Данска за Тим РадиоШек.[5]

БМЦ Рејсинг (2011-денес)[уреди]

Фини ја носи водечката маичка на Џиро д’Италија 2012; водел во генералниот пласман првите три дена по победата на индивидуалниот хронометар.

На 22 септември 2010, екипата БМЦ објавила дека Фини ќе стане дел од БМЦ во 2011, заедно со Кедел Еванс, Џорџ Хинкапи и Алесандро Балан.[6] Првото достигнување на Фини во првата сезона со БМЦ била четвртата позиција на Енеко Тур.

Фини ја започнал сезоната 2012 со победа на неговата екипа на екипниот хронометар на Џиро дел Трентино, каде ја носел водечката маичка еден ден.[7] Првичната цел во сезоната 2012 на Фини била воведната етапа на Џиро д’Италија, кој навистина ја освоил со што ја облекол водечката маичка (maglia rosa), станувајќи само третиот Американец кој успеал во тоа, по Енди Хемпстен во 1988 и Кристијан Ванде Велде во 2008. Потоа, Фини се насочил кон Олимписките игри, настапувајќи на друмската трка и хронометарот и завршил четврти во двете дисциплини. Тргнал на победа на седмата етапа на индивидуален хронометар на САД Про Сајклинг Челинџ. Фини учествувал на Светските друмски првенства 2012. Бил дел од екипата на БМЦ, која го освоила среброто на екипниот хронометар, додека Фини исто така завршил втор зад Тони Мартин во индивидуалниот хронометар.

Фини натпреварувајќи се на олимпискиот хронометар 2012 во Лондон

Во превирањата во аферата Ленс Армстронг-УСАДА, Фини испратил твит-порака, каде му честитал на неговиот колега Стив Камингс за неговата етапна победа на Трката околу Пекинг, велејќи „Тој (Камингс), ме сака, ја следи мојата сопствена политика на не пиење кофеински апчиња и лекови за болки. Најчистиот од чистите!“[8] Подоцна, Фини го објаснил неговиот коментар со што кажал дека иако легалните кофеински апчиња и одредени апчиња за болки биле често користени во групата во текот на трките и дека некои возачи дури ги дробеле и ги мешале во бидоните со вода. Подоцна изјавил дека е целосно против таа практика и допингот општо.[8]

На претпоследната етапа на Тирено-Адријатико 2013, Фини се нашол во групето на тешката етапа, која вклучувала искачување на Сант’Елпидио а Маре со наклони до 27% во услови на пороен дожд. Околу триесет други возачи од групата се откажале на околу 100 километри пред целта, но Фини возел сам со надеж дека ќе ја достигне временската граница, за да може да вози на хронометарот следниот ден. На крајот, Фини ја пропуштил рампата за над десет минути.

Достигнувања[уреди]

2007
1. Jersey rainbow.svg Светски јуниорски хронометарски првак
1. MaillotUSA.PNG Индивидуална потера Национален велодромски првак
Тур де л’Абитиби
1. Пролог
1. Етапа 2
2008
1. Jersey rainbow.svg Светски јуниорски првак - индивидуална потера
1. MaillotUSA.PNG Национален јуниорски првак - индивидуална потера
1. MaillotUSA.PNG Национален јуниорски првак - хронометар 1 км
1. MaillotUSA.PNG Национален јуниорски првак - екипа потера
2009
1. Jersey rainbow.svg Индивидуална потера Светско велодромско првенство UCI
1. MaillotUSA.PNG Национален првак - индивидуална потера
1. MaillotUSA.PNG Национален првак - бодовна трка
1. MaillotUSA.PNG Национален првак - екипна потера
1. Пролог Флеш ду Суд
1. Париз-Рубе под 23 години
2010
1. Jersey rainbow.svg Светски хронометарски првак под 23 години
1. MaillotUSA.PNG Национален хронометарски првак
1. Jersey rainbow.svg Индивидуална потера Светско велодромско првенство UCI
1. Етапа 2b Ле Триптик де Мон ет Шато
1. Етапа 4 Трка околу Гила
1. Краен пласман Трка Олимпија
1. Пролог
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Париз-Рубе под 23 години
1. Пролог, Трка околу Јута
1. Етапа 3 (ТТТ) Трка околу Јута
1. Пролог Тур де л’Авенир
2011
4. Краен пласман Енеко Тур
1. Пролог
2012
1. Етапа 1 (ITT) Џиро д’Италија
1. Етапа 7 (ITT) САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
2. (ТТТ) Светски друмски првенства UCI 2012 - екипен хронометар
2. (ITT) Светски друмски првенства UCI 2012 - индивидуален хронометар
3. Хроно де Насионс
4. Олимписка друмска трка
4. Олимписки хронометар
2013
1. Етапа 4 Трка околу Полска
3. Краен пласман Трка околу Катар
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 2 (ТТТ)
3. Џиро ди Тоскана
4. Светско екипно хронометарско првенство
5. Светско хронометарско првенство
7. Милано-Сан Ремо

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 155 СО
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта СО

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Биографија — БМЦ Рејсинг Тим“. http://www.bmcracingteam.com/team/rider-bios/taylor-phinney/. 
  2. „БМЦ Рејсинг Тим (BMC) – USA“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTA3&RefDate=03.01.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. конс. 3 јануари 2013. 
  3. „Phinney records new track record on way to third national title“. cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/track.php?id=track/2008/oct08/USAnationals08/USAnationals083. 
  4. „Фини избран во тимот на Армстронг“. dailycamera.com. http://www.dailycamera.com/news/2008/sep/24/phinney-tabbed-armstrongs-team/. 
  5. Фини, Сарџент и Авери на прва трка за екипата РадиоШек“, velonation.com.
  6. „БМЦ потпиша со Тејлор Фини“. BMC-racing.com. http://www.bmc-racing.com/int-en/team/news/team/bmc-racing-team-signs-taylor-phinney.html. 
  7. BMC wins team time trial at Giro del Trentino“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 април 2012 (конс. 17 октомври 2012).
  8. 8,0 8,1 Shane Stokes. „Taylor Phinney Interview: Getting the pill culture out of the sport“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 16 октомври 2012 (конс. 17 октомври 2012).

Надворешни врски[уреди]

Спортски позиции
Претходник
Дејвид Забриски
Национален друмски првак 2010
2010
Наследник
Дејвид Забриски