Џеси Сарџент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џеси Сарџент

Сарџент на Три дена Западна Фландрија 2011
Лични податоци
Цело име Џеси Сарџент
Прекар Џ-сап
Роден 8 јули 1988 (1988-07-08) (26 г.)
Филдинг, Нов Зеланд
Висина 1,88 м
Маса 79 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Трек Фактори Рејсинг
Дисциплина Друмски & Велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометри
Аматерски клубови
2009–2010 Трек-Лајвстронг
Професионални клубови
2011
2012–
Тим РадиоШек
РадиоШек-Нисан
Значајни победи
Три дена Западна Фландрија (2011)
Последна промена
30 октомври 2014

Џеси Сарџент (англиски: Jesse Sergent; р. 8 јули 1988 во Филдинг) — новозеландски професионален велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Трек Фактори Рејсинг.[1]

На Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Сарџент го освоил бронзениот медал како дел од репрезентација на Нов Зеланд во екипниот пласман, заедно со Сем Були, Хејден Ролстон и Марк Рајан.[2]

На 10 ноември 2008 било објавено дека Сарџент потпишал со развојната екипа под 23 години на американскиот велосипедист Ленс Армстронг, Трек-Лајвстронг за 2009 и 2010. Сарџент станал практикант со Тим РадиоШек во последниот дел на сезоната 2010.[3] Потоа потпишал професионален договор за 2011 со Тим РадиоШек. Го претставувал Нов Зеланд на Комонвелтските игри 2010, одржани во Њу Делхи, Индија. Сарџент го освоил сребрениот медал во индивидуален пласман и сребро во екипен пласман на велодромот.[4] Сарџент, со неколку други возачи, ѝ се придружиле на поранешната екипа Леопард Трек, за да ја создадат РадиоШек-Нисан, на почетокот на сезоната 2012.[5]

Џеси се насочил на велодромскиот велосипедизам на Летните олимписки игри 2012, каде тој и неговите сонародници Сем Боли, Марк Рајан и Весли Гу станала двојни олимписки бронзени медалисти. Арон Гејт бил единствениот возач кој се приклучил на екипата.

Сарџент во 2013 повторно возел за РадиоШек, овојпат именуван Трек Фактори Рејсинг Трек. Џеси ја започнал сезоната со националното друмско првенство, каде завршил на третото место. Џеси ја започнал професионалната сезона со Тур Даун Андер.

Достигнувања[уреди]

2008
1Bronze medal icon.svg  ЛОИ Пекинг - екипна потера
2009
1. Етапа 1 (ТТТ)Трка Саутленд
3. Светско велодромско првенство - екипна потера
2010
1. Етапа 3 Трка околу Гила (ITT)
1. Пролог Велосипедски класик Каскада
Светско велодромско првенство
2. Индивидуална потера
3. Екипна потера
3. Краен пласман Трка околу Олимпија
Комонвелтски игри 2010
2. Индивидуална потера
2. Екипна потера
2011
1. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
1. Пролог (ITT)
1. Краен пласман Тур ду Поату Шарент
1. Етапа 4 (ITT)
1. Етапа 4 Енеко Тур (ITT)
2. Светско велодромско првенство - индивидуална потера
2012
2. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
1Bronze medal icon.svg  Олимписка екипна потера
2013
7. Краен пласман Волта ао Алгарве
2014
1. Етапа 5 Трка околу Австрија
8. Краен пласман Три дена Западна Фландрија

Наводи[уреди]

  1. „Трек Фактори Рејсинг (TFR) – САД“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(juhnxycdwbv5tbcixhvnfyby))/Teams/detail/en/ROA/3001. конс. 5 јануари 2014. 
  2. Бингем, Јуџин. „Велосипедизам: Јас не сум готов, вели Ролстон“, „The New Zealand Herald“, 18 август 2008 (конс. 18 август 2008).
  3. Ричардсон, Даниел. „Сарџент е возбуден за учеството во екипата на Армстронг“, „Stuff.co.nz“, 6 септември 2010 (конс. 6 октомври 2011).
  4. Були, Сарџент тим одат со Ленс“, „TVNZ“, 10 ноември 2008 (конс. 10 ноември 2008).
  5. РадиоШек-Нисан-Трек го објави составот за 2012“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 5 декември 2011 (конс. 17 јануари 2012).

Надворешни врски[уреди]