Микел Ниеве

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Микел Ниеве

Ниеве на Четири дена Денкерк 2010
Лични податоци
Цело име Микел Ниеве Итуралде
Роден 26 мај 1984 (1984-05-26) (29 г.)
 Шпанија
Висина 1,77 м
Маса 67 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачувања
Професионални клубови
2008
2009–2013
2014–
Орбеа-Орека СДА
Еускалтел-Еускади
Тим Скај
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2011)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2010)
Последна промена
19 март 2014

Микел Ниеве Итуралде (шпански: Mikel Nieve Iturralde; р. 26 мај 1984) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[1]

Кариера[уреди]

Ниеве ја освоил шеснаесеттата етапа на Вуелта а Еспања 2010, победувајќи ги четирите возачи за победа на планинската завршница на Алто де Котобело.[2] Освоил уште една престижна победа на петнаесеттата етапа на Џиро д’Италија 2011, кралската етапа на трката, која Алберто Контадор подоцна ја опишал како најтешката етапа во неговиот живот.[3] Ниеве се одвоил рано од групата и се искачувал на претпоследното искачување на етапата, каде само Стефано Гарцели бил пред него. На пониските падини на последното искачување, Ниеве го поминал Гарцели и се задржал пред него и стигнал до етапна победа откако поминал околу седум и пол часа во бегство.[4]

Двапати завршил 10. на Џиро д’Италија во 2011 и 2012. Исто така, двапати завршил 10. на Вуелта а Еспања во 2010 и 2011.

Ниеве настапил по прв пат на Тур де Франс во 2013, каде завршил на третото место на Мон Венту и деветти на Алп д’Ез. Завршил на 12. место во генералниот пласман. Откако распаѓањето на екипата Еускалтел-Еускади било потврдено на крајот на сезоната 2013 година,[5] Ниеве се согласил да се приклучи на Скај на двегодишен договор.[1]

Достигнувања[уреди]

2008
3. Краен пласман Синтури де л’Емпорда
2009
7. Трофео Инка
7. Вуелта а Мајорка
2010
4. Трофео Инка
7. Џиро ди Ломбардија
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 16
2011
10. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 15
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
10. Краен пласман Вуелта а Бургос
2012
5. Краен пласман Тур де Свис
10. Краен пласман Џиро д’Италија
2013
4. Класика де Сан Себастијан
2014
10. Краен пласман Тирено-Адријатико

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 10 10
Jersey yellow.svg Тур 12
Jersey red.svg Вуелта 10 10 23

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Браун, Грегор (1 октомври 2013). „Скај го спаси Ниеве, додека останатите возачи на Еускалтел бараат договори“. http://velonews.competitor.com/2013/10/news/sky-rescues-nieve-while-other-euskaltel-riders-search-for-jobs_304772. конс. 6 октомври 2013. 
  2. Вуелта а Еспања 2010: Микел Ниеве победи на етапата 16, додека Хоаким Родригез го презеде водството“, „The Telegraph“, Telegraph Media Group Limited 2012, 13 септември 2010 (конс. 10 декември 2012).
  3. Ha sido la etapa más dura de mi vida“, 22 мај 2011 (конс. 23 мај 2011).
  4. Чаркс Пелки. „As Mikel Nieve wins stage at Giro d’Italia, Alberto Contador just keeps adding to his lead“, „Velo News“, 2012 Competitor Group, Inc., 22 мај 2011 (конс. 10 декември 2012).
  5. Баскиската екипа Еускалтел го објави составот за сезоната“, „EITB“, EiTB Group, 23 октомври 2012 (конс. 5 јануари 2013).

Надворешни врски[уреди]